Количани, Северна Македонија

Мисионерите од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни мобилизираа едно село

Работејќи со семејствата кои живеат во селото, мисионерите одлучиле да помогнат да се подобри ситуацијата

Сликани со еден од учениците изведувачи, на Старешина и Сестра Стрингам, мисионери од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, им беше дадена почест за време на церемонијата на свеченото отворање на реновираното училиште во селото Количани.
Сликани со еден од учениците изведувачи, на Старешина и Сестра Стрингам, мисионери од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, им беше дадена почест за време на церемонијата на свеченото отворање на реновираното училиште во селото Количани.

Високо во Балканските висорамнини над Скопје се наоѓа мало село наречено Количани. Од 1940-тите наваму децата од селото одат во мало основно училиште. Шестте училници беа загревани со посебни печки на дрва, што секој ден го потпалувал локалниот училишен домар. Со тек на времето, ѕидовите и таваните биле затемнети од темни саѓи и секој ден воздухот во училницата бил исполнет со чад.

Самата структура на училиштето била нарушена, со опасни пукнатини во основата. Гипсот на ѕидовите, и однадвор и одвнатре бил оштетен и испаднат. Имало потреба од многу работа за училиштето да стане безбедно за децата кои тука секојдневно доаѓаат да учат.

Старешина и Сестра Стрингам, мисионери од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ја забележале нездравата ситуација и му пришле на училишниот директор, прашувајќи го што би сакал да види направено. Понизно, тој прашал, „Дали би можеле да ни помогнете да ги варосаме ѕидовите за да се ослободиме од чадливите саѓи?“ Мисионерите одговориле, „Мислиме дека би можеле да го сториме тоа, но, зарем не би било подобро да ги отстраниме и старите печки на дрва?“

Со надеж на лицето, тој прашал „Дали би го сториле тоа?“

Потоа, гледајќи низ прозорецот од училницата мисионерите забележале мало заштитено засолниште надолу по ридот и прашале дали тоа е тоалетот за училиштето. Тргнале по калливата патека за да ја проверат состојбата на тоалетите-две дупки во земјата без вода за миење раце.

Работејќи со семејствата кои живеат во селото, мисионерите одлучиле да помогнат да се подобри ситуацијата на децата на училиште. Она што започнало како мал проект со неколку молерофарбари и неколку нови системи за греење, вентилација и климатизација се претворило во селско чудо.

Семејствата на децата почнале да доаѓаат и да помагаат. Кога градоначалникот на општината дознал што се случува во училиштето, одвоил дополнителни општински финансиски средства за да помогне во потребните проекти. Тој и целото село инвестирале во безбедноста на нивното училиште и направиле среќно место каде децата ќе учат.

Со донации од црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, мисионерите ги замениле печките на дрва со ѕидно поставени единици на системи за греење, вентилација и климатизација и ги бојадисале училниците.

Потоа тргнале да ги реновираат тоалетите. Локалните градежни работници дошле да помогнат, донирајќи време, работна рака и матерјали. Старото складиште за огревно дрво во училиштето го пренамениле во купатило со вистинска проточна вода и тоалети. Од бетонските поправки биле изработени скали, тротоари и пиластри. Целото училиште било префасадирано а надворешноста обоена. Се санирале искршените огради и се изградил нов потпорен ѕид за да може да се пополни наклонот на игралиштето, правејќи го безбеден простор за игра.

Еден шестоодделенец рече дека ги донирал сите пари што ги добил за роденден за да помогне да се поправи училиштето. Несебичните донации од време, работна рака, матерјали, храна и сė што селаните имале да понудат, ги надминало сите очекувања.

Раководството на селото и пријателите го слават завршувањето на реновирањето на училиштето во селото Количани.
Раководството на селото и пријателите го слават завршувањето на реновирањето на училиштето во селото Количани.

Сите од селото дошле за да го прослават големото свечено отворање. Имамот од соседната џамија го дал својот благослов. Децата пееле и танцувле додека еден музичар свирел на традиционалниот двожичен инструмент чифтели, а се одржале и говори за благодарност.

Во обраќањето кон своите сограѓани, градоначалникот кажал, „Денес сакаме да покажеме дека ваква добрина се постигнува само кога работиме заедно без личен интерес за мирна цел. Овој ден ќе биде запаметен во историјата на ова училиште.“ Тој им заблагодарил на мисионерите и на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни за нивниот придонес.

Кога подоцна мисионерите се сретнале со локалните организации кои го потпомогнале овој училишен проект, дознале дека вредноста на дополнителните донации на пари и работна рака ги надминале оние на Црквата повеќе од двојно.

Среќните ученици се собираат пред зградата на нивното реновирано училиште.
Среќните ученици се собираат пред зградата на нивното реновирано училиште.