Солт Лејк Сити, Јута

Одговорноста и Сопственоста на Светите локалитети и Историски Документи се пренесуваат на Црквата на Исус Христос

Во стекнатото добро се вклучени Храмот Киртланд, историските градби во Наву и ракописите на преводот на Библијата на Џозеф Смит

Заедничка изјава од заедницата на Христос и Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни беше објавена во вторник, 5-ти март 2024 год. Frequently Asked Questions and Appendix беа објавени на англиски јазик.

Заедничка изјава на Заедницата на Христос и Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни
Заедничка изјава на Заедницата на Христос и Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни

Денес, вторник 5-ти март 2024 год., одговорноста и сопственоста на Храмот Киртланд, неколкуте историски градби во Наву, и разни ракописи и артефакти официјално се префрлени од Заедницата на Христос на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни за претходно договорена цена. Сите заедно, споделуваме инетерес и почит за овие историски локалитети и предмети и сме посветени на нивно сочувување за идните генерации.

Разговорите кои доведоа до овој историски договор за оваа знаменитост започнаа во јуни 2021. „Оваа размена на имот е значајна за нашата црква“, вели Стивен М. Веази, претседател на Заедницата на Христос. „Преку средства од зголемените дарувања, Заедницата на Христос ќе има поголем капацитет да ги оствари приоритетите на нашата мисија низ целиот свет, вклучително и продолжување на остварувањето на божествено замислените цели за нашиот храм во Индепенденсе, Мисури“.

„За нас е голема чест да го преземеме управувањето со овие свети локалитети, документи и артефакти“, рече Расел М. Нелсон, Претседател на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. „Им благодариме на нашите пријатели од Заедницата на Христос за нивната одлична грижа и соработка за досегашното зачувување на овие историски богатства. Посветени сме да го правиме истото“.

Храмот Киртланд ќе остане историска градба. Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни планира повторно да го отвори на 25-ти март 2024 год. за тури за јавноста без да се наплаќа. Слично на ова, во Наву, семејниот дом на Смит, the Mansion House и the Red Brick Store исто така ќе бидат повторно отворени на 25-ти март 2024 год. за тури за јавноста без да се наплаќа во текот на целата година. Повеќе детали за преносот, имотот, и другите елементи вклучени во договорот ќе бидат достапни наскоро.

Овој историски трансфер ги истакнува нашите долгогодишни напори за зачувување на верското и културно наследство и поттикнување на соодветни можности развој и служба на светот.

Заедницата на Христос е меѓународна верска заедница посветена на негување автентични односи меѓу заедниците и со Бога. Таа се труди да го врати Христовиот спокој на земјата и да ги предизвика неправедните системи кои го намалуваат човековото достоинство. Заедницата на Христос ја потврдува суштинската вредност на секој човек и обезбедува место каде што тој треба да припаѓа, да биде сакан и ценет, да расте духовно, и да открие цел што може да ги промени животите и заедниците.

Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, вероисповед која се шири низ целиот свет, поучува дека нашиот Отец на Небесата и Неговиот Син Исус Христос во наше време имаат повикан жив пророк и обвновена свештенска власт и завети за да ги благословат семејствата со радост. Членовите настојуваат да го живеат и да го споделуваат евангелието на Исус Христос, да се грижат за оние кои имаат потреба и да ги обединат семејствата за вечноста. Ја почитуваат книгата на Мормон и Библијата како свети писма.