Солт Лејк Сити, Јута

Црковните водачи ги Охрабруваат Членовите да Склучуваат Завети и да го Продлабочат Односот со Исус Христос

Најавени 15 нови храмови, еден од нив во Единбург, Шкотска

Поминете повеќе време во храмот и бидете поверни на Божјите завети, беше поканата упатена до членовите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ширум светот на Генералната Конференција на Црквата во април 2024, одржана во Конференцискиот Центар во Солт Лејк Сити. Расел М. Нелсон, Претседателот на Црквата, изјави дека „ништо нема да ви помогне да се држите цврсто до железната прачка повеќе од редовно служењето во храмот, онолку колку што ви дозволуваат околностите“.

Генералната Конференција на Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните Дни се случува на секои шест месеци. Глобалните водачи на Црквата им се обраќаат на членовите и пријателите ширум светот. Петте сесии на конференцијата одржана на 6-7 април 2024 год. беа емитувани во живо на 70 јазици. Дополнителни 30 јазици се вклучени во снимките кои ќе бидат достапни неколку дена подоцна.

Божјиот план е осмислен да ги врати сите дома, вели Старешина Патрик Кирон, од Англија. Старешина Кирон е најновиот член на Кворумот на Дванаесетте Апостоли. Божјиот план е осмилен за да го донесе секое од Неговите чеда дома, а не да ги држи надвор, изјави тој.

Сестра Ј. Анет Денис, водач на женската организација, зборуваше за склучувањето на завети со Бог. Ги потсети членовите дека ја имаме привилегијата и благословот да бидеме поканети да склучиме заветна врска со Бога, во кој нашите сопствени животи можат да станат симбол на тој завет. Таа продолжи велејќи дека заветите создаваат таков вид на врска што му дозволува на Бога да нѐ обликува и менува со текот на времето за да имаме поголема самодоверба и да наликуваме сѐ повеќе на Исус Христос.

Старешина Масимо Де Фео, Генерален Овластен Седумдесетти и Претседател на Централно Европската Област, ја користеше приказната за слепиот човек од Новиот Завет, за да поучува за трите принципи за одржување на јасна духовна визија. Првоиот е да се фокусираме на Исус Христос и да останеме верни на она што знаеме дека е вистина. Вториот е да „го оставиме природниот човек настрана, да се покаеме, и да започнеме нов живот во Христос“. Третиот принцип е да го слушаме гласот на Господ и да му дозволуваме да нѐ води.

Старешина Дитер Ф. Ухтдорф од Кворум на Дванаесетте Апостоли поучува за чекорите до наоѓање поголема радост преку Исус Христос — со радост како што е и самата цел на Божјиот план за Неговите чеда. Апостолот родум од Германија вели, „ако мислите дека може да има повеќе ваквата радост во вашиот живот, тргнете на патувањето следејќи го Исус Христос и Неговиот Пат“.

Старешина Џек Н. Џерард, втор советник во Претседателството на Централно Европската Област ја избра темата интегритет. „Да се практикува интегритет во нашите одлуки е надворешен израз за нашата внатрешна посветеност да се следи Спасителот Исус Христос“, вели тој.

Старешина Џефри Р. Холанд од Кворумот на дванаесетте Апстоли нѐ потсети сите дека, „Бог ја слуша секоја наша молитва и одговара на сите нив според патот кој ни го определил за наше совршенство“. Старешина Холанд потоа потврди дека, „од причини познати само на Бога, на молитвите понекогаш се одговара различно отколку што се надеваме- но јас ви ветувам дека тие се слушнати, и на нив се одговара според Неговата незапирлива љубов и космички распоред“.

Сестра Сузан Х. Портер, водач на детската програма на црквата ги покани сите да се молат за да го запознаат Бог, да созреваат, и да ја покажуваат Божјата љубов кон другите.

За време на конференцијата, членовите на Црквата ги поддржаа промените во раководството. Беше повикано ново Генерално Претседателство на Неделна Школа. Осум Генерални Овластени Седумдесеттмина беа ослободени и им беше доделен статус емеритус. Единаесет нови Обласни Седумдесетмина беа повикани од целиот свет, тројца од нив ќе започнат да служат во Централно Европската Област на Црквата, почнувајќи од 1 август 2024 год..

Седумдесетмината во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните дни служат како „посебни сведоци” и им помагаат на Дванаесетте Апостоли во „изградба на црквата и уредување на сите работи“.

За време на завршната сесија на генералната Конференција во април 2024 год., Претседателот Расел М. Нелсон најави планови за изградба на 15 нови храмови:

  • Утуроа, Француска Полинезија
  • Чивава, Мексико
  • Флорианаполис, Бразил
  • Росарио, Аргентина
  • Единбург, Шкотска
  • Брисбен, Австралија Јужна Област
  • Викторија, Британска Колумбија
  • Јума, Аризона
  • Хјустон, Тексас Јужна Област
  • Де Мојнс, Ајова
  • Синсинати, Охајо
  • Хонолулу, Хаваи
  • Западен Јордан, Јута
  • Лехи, Јута
  • Маракајбо, Венецуела