Франкфурт на Мајна

Ана Марија Бони Хернандез е повикана да ја претставува Црквата во Обединетите Нации.

Сестра Ана Марија Бони Хернандез неодамна беше повикана за нов претставник на Црквата во Комитетот на НВО за статусот на Жените во Женева, Швајцарија. Ана Бони, која потекнува од Шпанија, е првиот еропски член на Црквата кој е носител на овој повик и ќе ја заменува сестра Керол МекКонки, која тој повик го извршуваше долги години. Сестра Ана Бони ќе почне да ја презема оваа нова одговорност веднаш.

Ana Maria Bonny Hernandez
Ана Марија Бони Хернандез е новиот претставник на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни во Комитетот за НВО за Статусот на жените на Обединетите Нации во Женева.

Сестра МекКонки, која сега е ослободена од повикот, вели дека „додека служев како претставник на Светците од Подоцнежните Дни како Потпретседател на Комитетот за НВО за Статусот на жените во Женева, се радував во слаткото друштво на извонредни жени кои се претставници на различен број невладини организации, и кои се залагаат за физичката, социјалната, емоционалната и духовна благосостојба и унапредување на жените и девојките.“

Групата Комитет за статусот на жените ја промовира родовата еднаквост и зајакнувањето и одбраната на правата на жените и девојките ширум светот. НВО, КСЖ Женева вклучува претставници на околу 40  невладини организации  акредитирании од ОН кои имаат консултативен статус во Економско социјалниот совет на Обединетите Нации. Црквата е една од овие организации, преку Добротворните Организации на Светците од Подоцнежните Дни.

Ана Бони е родена во Мадрид, Шпанија. Нејзините родители беа пионери во Црквата таму, а се приклучија во 1976 година. Нејзината мајка ги воспитуваше Ана и нејзината сестра Силвија, секогаш да му служат на Господ и покрај сите тешкотии во животот. „Бевме многу благословени што го имавме евангелието на Исус Христос од рана возраст,“  се пристетува таа. Семејството се пресели во Женева, Швајцарија летото 1982 година.

The Bonny Hernandez family
Семејството на Бони Хернандез, на фотографија направена во 2021 година. Од лево кон десно Беатриз Бони, Мартин Бони, Адам Бони, Морган Бони-Пауел, Дејвид Бони.

Ана Бони се омажи за својот сопруг, Мартин Бони од Буенос Аирес, Аргентина, во 1977 година. Тие имаат 4 деца—три машки и девојче. Нивниот син Луис веќе почина. Размислувајќи за она што случката значи за неа и за нејзиното семејство, таа вели, „Тоа беше многу посебно искуство што ни овозможи да почувствуваме длабока љубов од нашиот Небесен Отец, да научиме и почувствуваме како превезот што го дели ова смртно царство од небото се истенчи, оставајќи ни неизбришани емоции за цела вечност.“ Нејзиниот најстар син Адам кој е оженет и другите две деца Беатриз и Давид, продолжуваат да живеат со нив дома.

Специјалната задача дојде како изненадување за семејството. „Се чувствувам многу благодарно што ја чувствувам љубовта за нашиот Спасител Исус Христос и што сум во можност да Му служам, со сета моја љубов и желба,“ размислува таа. И таа чувствува дека нејзиниот живот ја подготвува подобро да ја разбере новата одговорност. „Мојата улога како сопруга и мајка е и секогаш ќе биде таа што најмногу ќе ме научи за совршеноста и длабоката љубов што нашиот Небесен Отец ја има кон секое свое чедо“, заклучува таа.

Ana Maria Bonny Hernandez with her husband Martin Bonny.
Ана Мрија Бони Хернандез со својот сопруг Мартин Бони.

Рајан Кох, кој ги води активностите на Обединетите Нации во име на Црквата, ја објаснува важноста на работата во која ќе биде вклучена Сестра Ана Бони. „Како глобални организации, Обединетите Нации и Црквата имаат корист од тоа што имаат мноштво гласови од целиот свет. Сестра Ана Бони има совршена комбинација на вера, познавање на евангелието и ангажман во заедницата за поврзување и вмрежување во име на Црквата, за да се зголеми улогата на жените и девојките во целиот свет.

Навраќајќи се на одговорноста што таа сега ја има, сестра Ана Бони потврдува дека потрагата по божествени вредности за секое човечко суштество на оваа земја и особено за Неговите посебни ќерки, е необична и длабока духовна авантура. „Мојата желба е да бидам во можност да ги поддржувам сите жени на овој свет и да придонесувам со сета моја љубов за добросостојбата на секоја од нив.“