Старешина Скот и Сестра Кели Козак се возрасна мисионерска двојка кои служат во Словачка и Полска како Директори за Хуманитарна Помош за Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Тие беа работеле за да помагаат на многу сиромашна Ромска заедница во близина на Карлов Двор, Словачка, едно мало гратче околу 500 километри источно од Братислава, да набават дрва за да можат да си готват оброци и да обезбедат греење за нивното скромно живеалиште.

Шпорет на горење дрва користен во домовите на Ромското село близу Карлов Двор, Слоавачка.


Џозеф Молнар (лево) и сопственикот на дрва Џозеф Карахута кој помогна да се пронајдат и достават дрва за огрев во Ромската зедница.


Типично живеење во Ромско село близу Карлов Двор, Словачка.


Камион полн со дрва за огрев заминува од дворот за дрва за Карлов Двор.


Еден куп на дрва за огрев за Ромската заедница близу Карлов Двор.

Во Февруари 2023, Козак пријавија дека пребаруваа и не успеваа да пронајдат голема количина на дрва за добра цена за Ромското село. Беше Февруари, и сеуште тешко студено. Тие беа многу благодарни да добијат нешто што тие го етикетираа „нежна милост“, како двајца добри луѓе, кои не беа поврзани со нив ниту со ромската заедница, им помагаат да се решат значајни проблеми.
Ромскиот народ се сметаат за отфрлени во многу области на светот, и многу живеат во екстремна сиромаштија, како тие во селото. Единствениот начин да се грејат и да најдат храна е со нивните шпорети на дрва. Но цената за дрва во Словачка се беше зголемила за повеќе од двојно. Со енергетската криза во Европа, повеќе народи во централна Европа предвидуваа горење во нивните домови со дрво, а Словачка е примерен извор на тоа дрво.
Ромите едноставно не можеа да си ги дозволат дрвата кои им беа потребни. Додадени на предизвикот од висока цена и голем квантитет потребни беа и далечината и цената за достава – Ромското село е на тричасовно возење од најблискиот извор на дрва.
Но тогаш, „двајца ангели помеѓу нас дојдоа да не спасат“, се сеќава Старешина Козак. За време на случаен разговор со еден нов пријател наречен Џозеф Молнар, тој спомена за предизвикот со дрва. Џозеф ја презема одговорноста врз себеси да посегне со неговиот пријател Џозеф Карахута, кој беше во бизнисот со дрво. Беше договорено Козак да се сретнат со Џозеф на неговото двориште за дрва да дискутираат за нивните потреби. Иако тој тргуваше со дрва а се со дрва за огрев, Џозеф благодатно се согласи да подготви еден цел куп со дрва за огрев – доволно да се снабди Ромското село за остатокот од зимата – за добра цена. И не само тоа, тие исто така организираа да биде доставени за само три дена. „Овие двајца луѓе беа буквално ангели, кои оркестрираа чудо за олеснување на народот во нивна очајна потреба„ , кажаа Козак.
Старешина Џефри Р. Холанд од Кворумот на Дванаесетте Апостоли од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни беше поучувал, „Јас сведочам за ангели, и на небесата и на смртниот вид. Кога зборуваме за оние кои се инструменти во рацете на Бог, ние сме потсетени дека не сите ангели се од другата страна на превезот. Со некои од нив ние чекориме и зборувамеI—овде, сега, секој ден. Некои од нив живеат во нивните сопствени соседства.“
Според зборовите на Козак, „Нашиот Небесен Отец продолжува да не благословува со ресурси кои ни се потребни да ја исполниме нашата задача од мисија за благословување на Божјите деца.“ Козак се двајца од 50-те целовремени мисионери за Благосостојба и Самостојност во Европа, и повеќе од 200 кои служат низ светот во тој капацитет. Секој од нив може да каже дека од искуство дека, кога го следиме Исус Христос и предупредувањата да се љубиме и служиме на нашите сограѓани, Бог дарува чуда а понекогаш, испраќа ангели.
Сабота 8 Април, е Интернационален Ден на Ромите. Ја слави ромската култура, историја и уметност и нивниот допринос до многу нации. Исто така бара да се прошири со свеста за многуте предизвици со кои се соочуваат. Како некои други етнички малцинства, Ромите биле непочитувани и обесправдени со векови. Речиси 80% од Ромската популација во Европа живеат во тешка сиромаштија, и оние кои живеат во близина на Карлов Двор не се исклучок.
Броејќи милиони, Ромите се искачија на 12% (ист број непознат) од тоталната популација во Унгарија, Русија, Словачка, Србија, Шпанија, и Франција. Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни служи на многу народи, без разлика на раса, култура, или земја. Црквата и 138 хуманитарни организации во Европа во 2022, помогнаа на повеќе од 351000 луѓе.
Еден пријателски поздрав го расветли пријателството на Старешина и Сестра Козак со Џозеф и Лудмила Молнар. Старешина Козак додаде: „Господ делува на мистериозни начини. Џозеф и Лудмила Молнар се родени Словаци но живееле во С.Д. 10 години. Лудмила го препозна американскиот акцент на сестра Козак кога се поздравија во продавница на нашиот стан.“ Откако зборуваа неколку минути, тие сватија дека двете семејства беа живееле едни до други во Ирвин, Калифорнија повеќе од 25 години. Секој од нив имаше син кој играше хокеј во тоа време. Кога ново лизгалиште се отвори во Ирвин, и Старешина Козак и нивниот син и Џозеф и неговиот син биле на големото отворање на тоа лизгалиште и можеби стоеле едни до други.
Двесет и пет години подоцна тие конечно се запознале – во Словачка, 10600 километри од Ирвин – да доведат „ангели од смртен вид“ и подобра зима за Ромската населба на краевите на Карлов Двор.