Велигденска Порака на Првото Претседателство за 2025

‘Тој ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости ... А преку неговите рани ние се излекувавме’

Jesus with outstretched arms

Првото Претседателство на Црквата на Светците од Подоцнежните Дни — Претседател Расел М. Нелсон, Претседател Далин Х. Оукс и Претседател Хенри Б. Ајринг — ја објави следната Велигденска порака:

За време на оваа радосна Велигденска сезона, се придружуваме на верните следбеници на Спасителот во прославување на Воскресението на нашиот Господ Исус Христос. Воскресението е дар за сите деца на Небесниот Отец кои некогаш живееле на оваа земја.

Сведочиме дека Исус Христос им дава одмор на оние кои се „обременети“ (Матеј 11:28). Тој знае „како да му помогне на својот народ според нивните слабости“ (Алма 7:12) зашто Тој ги превзеде врз себе нашите болки и гревови. „Тој ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости ... а преку Неговите рани ние се излекувавме (Исаија 53:4-5).

Оние кои практикуваат вера во Него, ги почитуваат Неговите заповеди, и ги добиваат спасителните и егзалтирачки обреди „ќе имаат надеж преку Христовото помирување и моќта на Неговото Воскресение, за да бидат подигнати во вечен живот“ (Морони 7:41).

Ве каниме да дојдете при Христа „ за да имате живот и да го имате изобилно“ (Јован 10:10). Врзувањето со Него преку склучување и почитување на заветите ги збогатува нашите животи сега и вечно. За да може да најдете надеж, исцеление и среќа како што се приближувате до Спасителот на светот оваа Велигденска сезона.

Расел М. Нелсон
Далин Х. Оукс
Хенри Б. Ајринг

Првото претседателство