За да ја одбележат светата Велигденска недела, на 1 -2 април милиони луѓе од цел свет се собраа на полугодишната Генерална Конференција на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Во текот на петте сесии, што се емитуваа во живо на 70 јазици, глобалните верски водачи им се обратија на членовите и пријателите со пораки во чиј центар е Исус Христос.

Првото Претседателство пред саботната вечена сесија на генералната конференција во Конференцискиот Центар на Храмскиот плоштад во Сол Лејк Сити, Јута, на 1 април 2023 година.


Сонцето изгрева над Конференцискиот Центар во седиштето на Црквата во Солт Лејк Сити, Јута, за време на утринската сесија на генералната конференција во неделата на сабота, 1 април 2023 година.


Посетителите на конференцијата слушаат сесија на генералната конференција во Конференцискиот Центар на Храмскиот Плоштад во Солт Лејк Сити, Јута на 1 април 2023 година Присуството беше ограничено на 15,000 учесници поради изградба на Храмскиот плоштад и ограничен паркинг простор.


Претседателот Расел М. Нелсон од Првото Претседателство најави израдба на нови храмови, на неделната попладневна сесија; Конференциски центар; Солт Лејк Сити, Јута; 2 април 2023 година.


The Tabernacle Choir at Temple Square пее за време на генералната конференција во Конференцискиот Центар во Солт Лејк Сити, Јута на 2 април 2023 година.


Членовите и пријателите ја гледаат саботната вечерна сесија во капелата на Ухерске Храдиште, Чешка.


Девојка од Најроби, Кенија, руча додека ја гледа попладневната сесија на генералната конференција во сабота, 1 април 2023 година.


Посетителите на конференцијата се собираат пред статуата на Христос, пред саботната утринска сесија на генералната конференција во Конференцискиот центар на Храмскиот Плоштад во Солт Лејк Сити, Јута на 1 април 2023 година.


Старешина Кристоф Г. Жиро-Кариер, роден во Лион, Франција


Старешина Ален Т. Филипс од Седумдесетте, роден во Кент, Англија.

Старешина Гери Е. Стивенсон од Кворумот на Дванаесетте Апостоли ја започна конференцијата со цитирање на англискиот новозаветен научник Н. Т. Рајт, повикува да „продолжат со прославување на Велигден на креативни нови начини: во уметноста, литературата, детските игри, поезијата, музиката, танцувањето, фестивалите, ѕвоната и специјалните концерти зашто ова е нашиот најголем фестивал“. Тој понатаму повторува: „Одземете го Велигден и ќе немате Нов Завет; тогаш вие немате Христијанство“.
Бони Х. Кордон, Генерален Претседател на Млади Жени рече дека вистинската радост доаѓа од нечија подготвеност да се приближи до Христос и сведочењето за себе дека Тој е нивниот личен Спасител.
На саботната попладневна сесија, Старешина Дитер Ф. Ухдорф од Кворумот на Дванаесетте апостоли ги охрабри родителите да им помогнат на своите деца да изградат вера во Исус Христос, да го сакаат евангелието и да се подготват да прават доживотни праведни избори. Тој уверуваше дека Бог ги сака и секогаш стои на страната на семејствата.
За време на неделната утринска сесија, Генералната Претседателка на Здружение за Помош Камила Н. Џонсон ги охрабри слушателите да најдат олеснување во Исус Христос, кој може да ги олесни товарите и да го подигне бремето. Здружение за Помош е Црковната женска организација.
Расел М. Нелсон, Претседатлот на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, ја затвори неделната утринска сесија со молба да станеме миротворци и да ги почитуваме другите. Во свет каде вулгарноста, непрекинатото критикување и клеветењето се премногу чести, човек треба да бара да го следи Спасителот, со тоа што ќе бидеме љубезни кон другите. Претседателот Нелсон поучува дека милосрдието е карактерна особина на еден миротворец и дека тоа е противотров за расправијата.
За време на конференцијата, и членовите на Црквата ги поддржаа сменетите членови во раководството. Пет нови Генерални Овластени Седумдесетмина беа повикани, помеѓу кои Старепина Ален Т. Филипс, родум од Кент, Англија и Старешина Кристоф Г. Жиро-Кариер, роден во Лион, Франција.
Седумдесетте од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни служат како „сведоци“ и им помагаат на Апостолите „во градење на црквата и регулирање на сите работи“.
На крајот на Неделната Попладневна сесија, претседателот Нелсон најави планови за изградба на 15 нови Храмови ширум светот, еден од нив во Хамбург, Германија. Ова е третиот храм во Германија, покрај храмот Франкфурт и храмот Фрајберг.
Постојат 14 храмови во Европа, со шест дополнително најавени на неодамнешните конференции.