Босна и Херцеговина

Добротворните Организации на Црквата на Светците од Подоцнежните Дни и „Muslim Aid“ изградија 2720 Оранжерии во Босна и Херцеговина

Заштитувајќи ги посевите од босанската климе, оранжериите тројно ја продолжуваат босанската вегетативна сезона и го удвојуваат приносот на растенијата што растат внатре

КРЕДИТ: Муслиманска Помош
КРЕДИТ: Муслиманска Помош

Она што започна како скромен придонес од 20 оранжерии во 2014 година, прерасна во нешто многу поголемо помеѓу Добротворните Организации на Светците од Подоцнежните Дни и „Muslim Aid“ која конфинансираше околу 2.720 оранжерии во Босна и Херцеговина. Добротворните Организации „Светците на Подоцнежните-дни“ се хуманитарната рака на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните-дни.

Од почетокот на 21 век во Босна и Херцеговина, нешто помалку од 31 процент од невработеното население кое сака да ја најде својата независност преку чесна работа, не успеа во тоа.

Тоа е причината што, во 2014, кога процентот на невработени сѐ уште беше непријатно висок 27 проценти, Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните Дни одреди дека би било најефективно да се соработува со оние кои имаат долгогодишна реномирана добротворна организација „Muslim Aid“, и оттогаш започна проектот стаклена градина.

Зошто оранжерии, може да се запараша некој? Заштитувајќи ги посевите од босанската климе, оранжериите тројно ја продолжуваат босанската вегетативна сезона и го удвојуваат приносот на растенијата што растат внатре, ефективно дејствувајќи како шестократен мултипликатор на можностите што постојат во земјоделието, овозможувајќи им на семејствата да се прехранат и да го продадат својот вишок, а оранжериите не се подаруваат без да им се даде најголема шанса на нивните корисници да успеат со нив. Секој поединец или семејство што ја имаа таа среќа да добијат оранжерија, добива и лична обука од квалификуван агроном, семиња и садници за нивната прва година на производство и редовно следење на производството.

Давањето оранжерии и придружните обуки неопходни за примателите да имаат целосна корист од тоа, наместо само давање на готова храна, е вистински подарок што продолжува да се дава, и секако е, со 90 проценти од примени оранжерии од пред 5 или повеќе години сѐ уште во функција.

Ова е случај и со Елказ Хусеин (50), кој заедно со својата сопруга живее од продажбата на вишокот пиперки и домати. Додека Елказ претходно се мачел да најде работа поради неговиот статус на бегалец и проблеми со менталното здравје, тој сега е позадоволен од себе. Оваа година, тој и неговата сопруга садат јагоди и се полни со надеж дека ќе бидат попрофитабилни.

Сопругата на Хусеин, држи грст јагоди, што избрале да ги произведуваат оваа година. КРЕДИТ: Муслиманска Помош
Сопругата на Хусеин, држи грст јагоди, што избрале да ги произведуваат оваа година. КРЕДИТ: Муслиманска Помош

За 34-годишната Харис Алајбеговиќ, проектот стаклена градина понуди душевен мир дека ќе има здрава храна без пестициди, за да ги нахранат двата сина и родителите. „Тоа,“ вели тој, „нема цена.“

Харис Алајбеговиќ и неговите два сина пред нивната оранжерија. КРЕДИТ: Муслиманска Помош
Харис Алајбеговиќ и неговите два сина пред нивната оранжерија. КРЕДИТ: Муслиманска Помош

Како верска невладина организација,„Muslim Aid “ се труди да им помага на сиромасите да ги надминат страдањата во државите ширум Африка, Азија и Европа.