Животиот век на Претседателот Нелсон посветен на миротворството ги инспирира Членовите во Европа

Членовите на Црквата на Исус Христос од целиот свет ќе се соберат во сабота, 30 септември и недела, 1 октомври за да  ги слушнат пораките подготвени од пророкот на денешницата и други црковни водачи.

Членовите на Црквата на Исус Христос од целиот свет ќе се соберат во сабота, 30 септември и недела, 1 октомври за да  ги слушнат пораките подготвени од пророкот на денешницата и други црковни водачи. Овие инспиративни пораки се фокусирани на Исус Христос и Неговите учења. Црковните водачи даваат насока и обезбедуваат совет, лични искуства и духовно разбирање.

Животиот век на Претседателот Нелсон посветен на миротворството ги инспирира Членовите во Европа

Во неговото конференциско обраќање на 1 април 2023 година, Расел М. Нелсон, Претседателот на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, упати специјална покана до сите да станат миротворци. Тој рече, „Пораката на Спасителот е јасна: Неговите вистински ученици градат, подигаат, охрабруваат, убедуваат и инспирираат–без разлика колку е тешка ситуацијата. Вистинските ученици на Исус Христос се миротворци.“

На 9-ти септември 203, Претседателот Нелсон го прослави неговиот 99ти роденден. Тој беше меѓународно познат хирург и медицински истражувач, е долгогодишен водач во Црквата и над сѐ е посветен и исполнет со љубов сопруг и татко. Во текот на својот животен век, пропатувал во повеќе од 130 земји, имал различни позиции и стекнал вредни искуства преку неговите глобални комуникации со други од различна вери и потекло. Тој е миротворец.

Неговиот пример и учења ги поттикнуваат другите да бидат добротворни и да се стремат да бидат миротворци во нивните секојдневни комуникации со другите.

По неговата покана, членовите на Европската област одговорија, со спроведување на пораката на Претседателот Нелсон во многу аспекти од нивниот живот.

Еден член, Оливер Баслер од Вајнфелден, Швајцарија, го сподели своето искуство за тоа кога одлучил да биде миротворец- додека му помагал на некој свој пријател. Тој изјави, „Имав колега кој започнуваше сопствен бизнис. Меѓутоа, неговиот бизнис до тој момент не одеше толку добро, што беше очигледно. Неместо да го прозивам и критикувам како некој сезнајко, јас го поттикнував да се моли за неговиот професионален успех и да го вклучи Исус Христос во неговата работа. Го прифати тој совет и оттогаш работите тргнаа кон подобро.“

Пораката на Претседателот Нелсон, фокусирана на Исус Христос, не само што нѐ насочува како треба да станеме миротворци во нашите животи, туку и, како можеме да црпиме сила од примерот на Христос во тешки времиња.

„Мојата желба е да го следам повикот на Пророкот Нелсон и да станам миротворец се интензивира од Генералната Конференција. Понекогаш ми успева понекогаш не. Во вакви времиња, благодарен сум за дарот на покајание и можноста да се обидувам одново и одново. Потоа се радувам на малите успеси кога ќе успеам да ја смирам ситуацијата на работа или дома. Мојот извор на сила е Исус Христос, кој е мој пријател“, вели Марчела Палкова од Ухершке Храдиште, Чешката Република.

Двапати годишно, пораките како оваа, споделени од црковните водачи, инспирираат мир, надеж и насока во нашиот збунет и променлив свет. Имаме покана да дојдеме во потрага по насока, одговори на лични прашања или утеха во искушенијата кога ги слушаме зборовите на живиот пророк и другите црковни водачи.

Како да Учествувате

Генералната Конференција ќе се состои од емитување на пет сесии до целиот свет. Детали за време на гледање се достапни на интернет.

Сите сесии ќе бидат емитувани во живо на повеќе од 70 јазици на: broadcasts.ChurchofJesusChrist.org.

Сесиите се исто така достапни и на Евангелска Библиотека, Каналот на Светците на Подоцнежните-Дни, радио, телевизија, сателит и другите дигитални канали.

Можете да ја гледате конференцијата на интернет или да ги прочитате говорите во било кое време на churchofjesuschrist.org.

За повеќе информации за тоа како да учествувате на генералната конференција, посетете ја https://newsroom.churchofjesuschrist.org/article/5-ways-to-watch-general-conference-live.