Претседателство на Централно Европска Област на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните-дни ја издаде следната изјава:
„Со тешко срце , дознавме за инцидентот со пукање во Хамбург, минатата ноќ. Во името на членовите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни во Европа, изразуваме искрено сочувство до семејствата и пријателите на жртвите. Тагуваме со оние кои ги изгубиле саканите. Нашите молитви се со сите кои се погодени од оваа потресна трагедија надевајќи се дека утехата и мирот ќе ги надминат тагата и стравот во догледно реме.“
Претседателство на Централно Европска Област
Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните дни
Старешина Масимо де Фео
Старешина Ерих В. Копишке
Старешина Рубен В. Алијауд