
Кога носиме одлуки, да се биде духовно внимателен и да се стави Исус Христос на прво место го отвора патот за радосен живот, вели Претседателот Расел М. Нелсон во однапред снимената видео порака прикажана на последната сесија на дводневната конференција одржана на 30 септември и 1 октомври 2023 година во Јута, Соединетите Држави и емитувана на публиката низ целиот свет.
„Кога размислувате селестијално, ќе гледате на искушенијата и спротивставувањата со ново светло“, додава Претседателот на Црквата на светците од Подоцнежните Дни, кој неодамна го прослави својот 99-ти роденден. Селестијалното рамислување ќе го промени срцето на човекот и ќе го наведе да се моли поискрено, вели тој. Поради повреда на мускулот, тој ги следеше сесиите преку технологија наместо лично да присуствува.

Посетителите на конференцијата се собираат пред неделната утринска сесија на генералната конференција во Конференцискиот центар на Храмскиот Плоштад во Солт Лејк Сити на 1 октомври 2023 година.


Соцето изгрева во Конференцискиот Центар во седиштето на Црквата во Солт Лејк Сити за време на утринската сесија неделата на 1 октомври 2023 година.


Посетителите на конференцијата слушаат говорник за време на неделната утринска сесија на генералната конференција во Конференцискиот Центар во Солт Лејк Сити на 1 октомври 2023 година.


Семејство од Уругвај, пред утринската сесија на генералната конференција во саботата, 30 септември 2023 година.

Генералната конференција е светски собир на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Двапати годишно, за време на првиот викенд во април и првиот викенд во октомври, Црковните водачи од целиот свет споделуваат пораки, или проповеди, фокусирани на Исус Христос и Неговото евангелие. Верниците од сите вери, верувања и потекло и од целиот светот се поканети да ја гледаат, слушаат и да учествуваат.
Старешина Дитер Ф. Ухтдорф, роден во Германија, Старешина Ален Т. Филипс од Обединетото Кралство, и Старешина Кристоф. Г. Жиро-Кариер роден во Франција беа помеѓу оние кои говореа на конференцијата. Другите говорници беа од Аргентина, Бразил, Гватемала, Кореа, Нов Зеланд и Соединетите Држави.
За време на својот говор, Старешина Ухтдорф од кворумот на Дванаесетте Апостоли се осврна на параболата за блудниот син./во библијата е загубениот Во оваа приказна од Библијата прераскажана од Исус Христос, еден блуден син го напушта домот и го расфрла своето наследство. По неговото враќање, татко му, му простува и го пречекува.
Старешина Ухдорф се обраќа кон оние кои отстапиле од верата, ветувајќи им дека во моментот кога ќе решат да се вратат и да зачекорат по патот на Исус Христос, Неговата сила ќе влезе во нивните животи и ќе ги преобрази.
„Навистина е важно како се однесуваме едни кон други“, вели Старешина Филипс. Ги охрабрува слушателите да им помагаат на оние кои се борат во нивното семејство, конгрегацијата или во локалната заедница. Грижата за оние кои имаат потреба од тоа може да вклучи и барање да се намали страдањето на оние кои живеат во екстремна сиромаштија и на оние кои се намерно раселени поради прогон, конфликт и насилство.
За време на неговиот прв говор даден на генералната конференција, Старешина Жиро-Кариер објасни дека луѓето можеби се одгледани во различни култури; тие може да потекнуваат од различни социо-економски околности; нивното смртно наследство вклучувајќи ја националноста, бојата на кожата, исхраната и полтичката орјентација, може многу да се разликуваат. Но сите се Божји чеда, без исклучок, вели тој.
Старешина Алаксандар Душку беше поддржан како Генерален Овластен во Седумдесетте за време на оваа конференција. На сесијата за раководството на генералната конференција, беа поддржани двајца нови Обласни Седумдесетмина и двајца беа ослободени.
На крајот од конференцијата, Претседателот Нелсон објави дека Црквата ќе изгради вкупно 20 нови храмови во Африка, Азија, Латинска Америка, Соединетите Држави и Океанија. Светците од Подоцнежните Дни ги сметаат храмовите за Божји дом, места на светост и мир, одделени од светските збиднувања. Тие се разликуваат од илјадниците капели или простории за средби низ целиот свет што редовно се користат за неделни богослужби.
Музиката на конференцијата беше обезбедена од разни хорови, вклучувајќи го „Tabernacle Choir at Temple Square“, со Мек Вилдберг и Рајан Марфи како диригенти и со орулистите Ендру Ансворт и Ричард Елиот.