Негувајте вера и грижа за другите, повикуваат говорниците на светската црковна конференција

Расел М. Нелсон, Претседател на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, ја молеше публиката да се одмори од интензитетот, несигурноста, маката на овој свет со тоа што цврсто ќе се заложиме да го следиме примерот на Исус Христос.

Следењето на Исус Христос ќе донесе мир во тешките времиња. А со тоа доаѓа и одговорноста да се грижиме за сиромашните и за земјата. Овие пораки беа слушнати од илјадници верници собрани во Солт Лејк Сити за генералната конференција на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни и уште неколку милиони ширум светот кои гледаат на интернет.

Генералната конференција на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни се одржуваат на секои шест месеци. Глобалните црковни водачи им зборуваа на  членовите и пријателите ширум светот. Петте сесии на конференцијата одржана на 1 и 2 Октомври беа емитувани во живо на 70 јазици.

Расел М. Нелсон, Претседател на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, ја молеше публиката да се одмори од интензитетот, несигурноста, маката на овој свет со тоа што цврсто ќе се заложиме да го следиме примерот на Исус Христос.

Претседателот Расел М. Нелсон зборува на генералната конференција на 2 октомври 2022.
Претседателот Расел М. Нелсон зборува на генералната конференција на 2 октомври 2022.

Живеењето на Неговиот начин носи радост и мир, а Тој ги покани и другите на овој начин на живеење исполнет со нежност, љубезност и љубов повтори,  Џ. Анет Денис . Сестра Денис служи како Прв Советник во Генералното Претседателство на Здржение за Помош, женска организација на Црквата.

Сестра Џ. Анет Денис од Генералното Претседателство на Здружение за помош понуди зборови на охрабрување за време на неделната утринска сесија на генералната конференција.
Сестра Џ. Анет Денис од Генералното Претседателство на Здружение за помош понуди зборови на охрабрување за време на неделната утринска сесија на генералната конференција.

Светлината и Духот на Исус Христос ги водат сите во помагање на сиромашните и настраданите ширум светот, вели Претседателот Далин Х. Оукс, Прв Советник во Првото Претседателство. Тој повторно ја нагласи мисијата на Црквата да соработува со останатите добротворни организации за да обезбедат хуманитарна помош на глобално ниво за оние кои страдаат.

Меѓу оние кои придонесоа за одржување на конференцијата беа и неколку Европејци.                                                                              

Старешина Дитер Ф. Ухдорф од Кворумот на Дванаесетте Апостоли го претстави  редизајнираниот водич за младите Свети од Подоцнежните Дни на вораст од 11 до 18. Новиот водич, „For the Strength of Youth: A Guide for Making Choices,” е базиран на принципите на евангелието, слободата на избор и инспирацијата. „Најдобриот водич за правење избори што некогаш може да го имате  е Исус Христос. Исус Христос е силата за младите,“ поучуваше  Старешина Ухдорф роден во Германија.

Грижата за земјата и нашето природно опкружување е света одговорност доверена на човештвото од Бога, нагласиЏералд Каус, Претседавач Епископ на Црквата. Тој препорачува усвојување личен начин на живот и однесувања кои ги почитуваат Божјите креации. Епископ Каус е роден во Бордо.

За време на саботната попладневна сесија, Старешина Ханс Т. Бум од Седумдесетте понуди молитва. Тој го молеше Бога да им помогне на верниците да го разберат нивниот повик и улогата во светот. Старешина Бум е роден во Амстердам. Тој во моментот служи како претседател на Црковната Северно Европска Област со седиште во Лондон.

За време на конференцијата, црковните членови поддржаа промени во раководството. Осум членови на Генералните Овластени Седумдесетмина беа ослободени и доделен им е статус емеритус. Шест нови Обласни Седумдесетмина беа повикани, помеѓу нив Бернхард Чизла од Јакобвулшејм во Германија и Ив С. Вајдман од Бургдорф во Швајцарија.

Седумдесетте од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни служат како  „посебни сведоци” и им помагаат на Дванаесетте Апостоли да „ја изградат црквата и да ги решат сите работи” во географската област.

За време на завршната сесија на конференцијата, Претседателот Расел М. Нелсон ги објави плановите за изградба на 18 дополнителни храмови.