Создаден е нов велигденски концерт што го прославува животот и службата на нашиот Спасител Исус Христос од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни во Европа и ќе започне со емитување на 26 март 2023 година. Насловена „Искупителот“, програмата содржи музика од истоимениот албум на Џени Оукс Бејкер што неодамна беше снимен со неа и со младинскиот оркестар и хор во Гошен, Јута. Ова е колекција на серијата библиски видео записи снимена пред неколку години.

Младинскиот оркестар, предводен од Џени Оукс Бејкер, снимен во Гошен Јута, за колекција видео записи од Библијата.


Велигденскиот Концерт „Искупителот“ содржи илустрации и уметнички дела кои го прикажуваат животот на Исус Христос.


Луис Хери, од Шведска, ја раскажува приказната од замокот Фредериксборг од Данска.


Џени Оукс Бејкер изведува една од песните на Велигденскиот Концерт „Искупителот“. Концертот ќе биде емитуван во недела 26 март во 18:00 часот по централно европско време.

Старешина Ханс Т. Бум верски водач од Северно Европската Област рече, „Ова е прв пат Црквата во Европа да прави концерт специјално за сезоната на Велигден. Спојот на убавата музика, моќни слики и уметноста на светски познатите европски сликари, дава дополнително значење на оваа многу посебна сезона. Се надеваме дека членовите и пријателите на Црквата ќе се чувствуваат инспирирани гледајќи го и дека ќе расте нивната желба да го следат Исус Христос и да имаат добро влијание во светот“.
Пред секоја музичка нумера, ќе бидат претставени добро познатите уметнички дела на европските уметници со Христос во центарот. Ќе бидат претставени ремек-делата на Леонардо Да Винчи, Карл Блох, Анџелика Кауфман, Хенрих Хофман, Франциско Зурбаран, Бертел Торвалдсен, Симони Дјуи и други Нарацијата ќе биде од шведскиот забавувач; Луис Хери, во замокот Фредериксборг во Данска, каде што се наоѓа познатата галерија Карл Блох. Заедно со своите браќа, тој победи на Евровизија во 1984 година.
Размислувајќи за концертот, Луис Хери спомнува дека верува дека секоја добра и доблесна работа укажува на Христос. „Понекогаш едноставно треба нѐ потсетат. Овој велигденски концерт е еден од овие потсетници. Навистина се чувствувам почестен што бев дел од оваа продукција, претставувајќи ја уметноста која покажува почит и која нѐ потсетува на она што нашиот Господ и Спасителот значат за нас, и која ни помага да се насочиме кон Неговата исцелувачка моќ.“
Џени Оукс Бејкер вели дека и таа се чувствува неверојатно благословена да биде дел од оваа продукција за Спасителот Исус Христос. „Толку сум благодарна шо можам да ја изведувам оваа инпиративна музика, компонирана и аранжирана од Курт Бестор, како музика за филм за сцени што го илустрираат животот на Спасителот. Се надевам дека оваа продукција ќе му овозможи на секој да го почувствува Духот и да ги приближи до Исус Христос.“
Формат на концертот и како да се гледа
Овој концерт е снимен на англиски а ќе биде презентиран и на 31 јазик. Ќе биде достапен на веб страната на Црковната станица за земјата, YouTube и Фејсбук од недела, 26 март 2023 во 18 часот по централно европско време, а ќе биде достапен до средината на април 2023.