Брисел, Белгија

Објавена репродукција на надворешниот изглед на објектите на Храмот Брисел, Белгија

Првото Претседателство на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни објави репродукција на надворешниот изглед на објектите на Храмот Брисел, Белгија.

Првото Претседателство на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни објави репродукција на надворешниот изглед на објектите на Храмот Брисел, Белгија.

exterior of a building
Уметнички приказ на надворешноста на Храмот Брисел, Белгија

Храмот ќе биде изграден во рамките на постоечката градба на следната адреса: Брисел, Белгија, Авенија на уметностите 52. Плановите предвидуваат повеќекатен храм на простор од приближно 25 500 квадратни стапки или 2370 квадратни метри, простории за средби и за паркинг. Ова ќе биде првиот храм на градот.

a map

Претседателот на Црквата Расел М. Нелсон го најави овој храм за време на Генералната конференција во април 2021.

„Градиме сега за иднината!“ кажа тој тогаш. „Сакаме да го приближиме Господовиот дом до нашите членови, за да ја имаат светата привилегија за присуствуваат во храмот онолку често колку што тоа го дозволуваат нивните околности“.

Денес, речиси 6.700 светци од подоцнежните дни во 12 конгрегации живеат во Белгија, од кои многу се членови на Црквата кои припаѓаат на втората, третата, четвртата генерација на членови.

Светците од подоцнежните дни секој храм го сметаат за Господов дом и за најсветото место за служење на земјата. Храмовите се разликуваат од просториите за средби на Црквата (капелите). Секој е добредојден да присуствува на неделните богослужби и другите активности во текот на неделата во локалните простории за средби. Главната цел на храмовите е да им овозможат учество на верниците од Црквата на Исус Христос во светите церемонии како браковите, кои ги обединуваат семејствата засекогаш, како и во крштевањето во име на други починати претци кои немале можност да бидат крстени додека живееле.