Солт Лејк Сити, Јута  

Објавувањето на Новата Книга со црковни Химни Почнува со Првиот Бран од 13 песни

Нова музика сега е достапна преку Света Музика и апл Евангелска Библиотека 

Уникатниот аспект на новата колекција химни во книга со црковни химни е вклученоста на химни поставени од Светците од Подоцнежните Дни ширум светот.
Уникатниот аспект на новата колекција химни во книга со црковни химни е вклученоста на химни поставени од Светците од Подоцнежните Дни ширум светот.

Постепеното објавување на  нова книга со црковни химни ширум светот  на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни започна со објавување на 13 нови песни на англиски, шпански, португалски и француски. До оваа нова музика може да се пристапи дигитално преку Света Музика и апл Евангелска Библиотека и преку црковната апл Музичка Библиотека на интернет на  music.churchofjesuschrist.org

Мали серии на нова музика ќе продолжат да се објавуваат дигитално како подготовка за целосното објавување на книгата со црковни химни, што моментално се очекува во печатени и дигитални формати до крајот на 2026 год. на англиски, шпански, португалски и француски. Книгата со црковни химни се предвидува да биде достапна на 50 јазици до крајот на 2030 год. Секоја песна е составена од вокална верзија и две инструментални придружби. 

Химните што сега се достапни се: 

„Благодарни сме што овие химни и песни ќе бидат достапни — почнувајќи отсега, со уште повеќе во иднина, со што ќе се зголеми нашата вера и ќе продолжат да нė инспирираат да правиме добрина,” додаде Старешина  Мајкл Т. Рингвуд  од Седумдесетте, кој служи како извршен директор на Одделот за Свештенство и Семејство. 

Ревизија на Книгата со црковни Химни 

Во  јуни 2018 год., Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ја најави оваа ревизија на книгата со црковни химни и „Детската песнарка“ за подобро да се обединат членовите од црквата ширум светот во нивното служење. Новата колекција песни ќе биде насловена „Химни—За Дома и за во Црква“. 

Новата колекција ќе ги содржи истите песни и исто нумерирање на сите јазици, и ќе вклучи вкупно 450 до 500 химни. Локалните химни специфични за еден јазик, како што се патриотските химни, ќе бидат достани во дигиталните колекции специфични за јазикот. 

Музиката беше избрана врз основа на пет критериуми одобрени од Првото Претседателство

  1. Зголемете ја верата и восхитувањето кон нашиот Небесен Отец и Неговиот Син, Исус Христос. 

  1. Подучувајте ја основната доктрина на евангелието со моќ и јасност. 

  1. Приближете му се преку радосно пеење дома и во црква. 

  1. Утешете ги уморните и инспирирајте ги членовите да истраат во верата. 

  1. Обединете ги членовите на Црквата ширум светот. 

Во предговорот на тековната книга со црковни химни, Првото Претседателство изјавува: „Браќа и сестри, ајде да ги искористиме химните за да го повикаме Духот на Господ во нашите конгрегации, домовите, и во нашите лични животи. Да ги научиме напамет, да размислуваме слушајќи ги, да рецитираме, да пееме, и да се причестуваме со нивната духовна храна“.  

За повеќе информации во врска со ажурираната колекција на света музика, ве молиме посетете ја:  HymnbookNews.churchofjesuschrist.org