Босна и Херцеговина

Одбележување 10 години соработка со „Muslim Aid “ за помош на граѓаните на Босна и Херцеговина

Петокот 28 јуни 2024 год., повеќе од 100 луѓе од различни вери и потекло се собраа во Сараево за да оддадат признание и одбележат 10 годишната соработка на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни и Muslim Aid за да им обезбедат хуманитарна помош на 80 општини и градови во Босна и Херцеговина. Помеѓу нив беа и претставниците на двете организации како и корисниците на оваа помош и претставници на националната и локална власт.

„Во свет кој нé радвојува, овие заеднички напори повторно нé зближуваат“, кажа за оваа прилика Шерон Јубанк, Директор на Хуманитарните Служби на Црквата. Таа им се заблагодари на Muslim Aid и на локалните општини за долгогодишната заедничка служба за подобрување на животот на луѓето во Босна и Херцеговина. Уште повеќе, таа им изрази благодарност на присутните корисници. „Вие сте ѕвездите на настанот, ова е за вас“, објани таа. „Една работа е да се прими бремена крава или неколку кошници со пчели, а друга е да водите грижа за нив и да ја претворите оваа иницијатива во успех“.

Почнувајќи во 2014 год., Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни и Muslim Aid иницираа неколку проекти, вклучувајќи оранжерии, пчеларство, и бремени јунци, наменети за поддршка на граѓаните на Босна и Херцеговина кои порано живееја под прагот на сиромаштија. Во текот на изминатата деценија, од овие проекти имаа корист над 13, 000 луѓе кои живеат во 80 општини.

Мустафа Фарук, Претседател на Muslim Aid на доверители, го нарече овој проект „извонреден пример за тоа како верските заедници можат да развијат трансформативна моќ“. Тој додаде: Има уште толку многу да сработиме и јас со нетрпение очекувам нашето партнерство да зајакне“.

„Силни поединци градат силни семејства а силни семејства прават успеши заедници“ додаде Едина Шехиќ-Салији, Извршен Директор на Асоцијацијата „Muslim Aid“ во Босна и Херцеговина.

Кенан Шахиќ, претставник на општина Јабланица, им се заблагодари на сите вклучени за добиената помош и изрази надеж дека ваквите напори ќе продолжат.

Во текот на нивната 10-годишна соработка во земјата, Muslim Aid и Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни се фокусираа на одржливи решенија наместо на привремено олеснение. „Имаме одлична сорабтока. Фантастично е да се биде во можност да се потпреме на нивната експертиза во агрономијата и нивното разбирање на локалната култура. Не можевме да се надеваме на подобар партнер за проектите на кои работиме тука“, заклучи Ерик Ротерман Менаџер на Хуманитарната Служба на Централно Европската Област на Црквата.

Иницијативата за стаклена градина им обезбеди на корисниците целосно опремени и инсталирани оранжерии, како и програми за обука за да научат како успешно да управуваатсо стаклена градина. Од 2014 год., овој проект помогна да се изградат над 3,000 оранжерии, со што значително се зајакна локалното земјоделство.

Вториот проект, пчеларство, е сеопфатен напор кој вклучува дистрибуција на пчеларски матерјали, упатства и едукативни кампањи за важноста на пчелите. Овој проект ги подобри социо-економските услови на руралните домаќинства и ги зајакна локалните бизниси во Босна и Херцеговина.

Во мај 2023 год., започна последниот проект; дистрибуција на бремени крави до семејствата кои имаат потреби. Оваа иницијатива им помогна на семејствата да ги задоволат сопствените нутритивни потреби со свежо млеко и обезбеди финансиско зајакнување со продажба на вишокот на млеко.

Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни останува посветена на хуманитарните напори, учествувајќи во 4,119 проекти само во 2023 год. За членовите на Црквата, да им се помогне на оние кои имаат потреба од помош и да се промовира самостојност не е само благороден потфат, туку и света одговорност. Соработката со другите вери и организации, како што е Muslim Aid, не е само корисна за зајанување на единството и влијанието туку, исто така, е привилегија да се соработува со другите за да се промени ситацијата кон подобро Во текот на оваа измината декада, Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни и Muslim Aid се обединија за поголемо добро, зајакнувајќи ги граѓаните на Босна и Херцеговина да станат самостојни и економски стабилни, една оранжерија, неколку комплети кошници со пчели, или по некоја крава одвереме навреме.