Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ве поканува сите да им се придружите на милионите луѓе ширум светот во слушање на инспиративните пораки за надеж и обновување од живите пророци и апостоли за време на претстојната генерална конференција на Црквата во сабота и недела, 1-ви и 2-ри април 2023.

Учеството во ова верско емитување им помага на поединци за научат за Исус Христос, да го зајакнат својот личен однос со Спасителот и да го искусат мирот, надежта и радоста што доаѓаат додека го следиме. Сите Светци од Подоцнежните Дни, пријателите на Црквата и другите се поттикнуваат и се поканети да учествуваат во викендот за Цветници.
„Генералната Конференција дава можност да се добие лично откровение додека генералните црковни водачи даваат совет и насока” напиша Првото Претседателство на Црквата. „Ги охрабруваме членовите да ја слушаат, да ги проучуваат, да размислуваат и да ги применуваат дадените совети.“
Преносот ширум светот е од Конференцискиот Центар во Сол Лејк Сити, Јута, САД и се сотои од пет единствени, двочасовни генерални сесии за целата публика во текот на два дена. Времињата се наведени во Средно европско време.
Сабота, 1ви април 2023
Сабота, 1ви април 18:00 (6 p.m.) по средно европско време - саботна утринска сесија
Сабота, 1ви април 22:00 (10 p.m.) по средно европско време - саботна попладневна сесија
Недела, 2ри април 2023
Недела, 2ри април 14:00 (2 p.m.) по средно европско време - неделна вечерна сесија
Недела, 2ри април 18:00 (6 p. m.) по средно европско време - Неделна утринска сесија
Недела, 2ри април 22:00 (10 p.m.) по средно европско време - Неделна попладневна сесија
За информации за присуство на генералната конференција во Конференцискиот Центар, ве молиме погледнете ја страницата Temple Square Live Events .
Како да ја Гледате или Слушате во живо?
Сите конференциски сесии ќе бидат емитувани во живо на live broadcasts од ChurchofJesusChrist.org на повеќе од 70 јазици. Гледачите може исто така да ја гледаат и да ја слушаат на ЈуТјуб каналот на Генерална Конференција; апл Евангелска Библиотека; и другите радио, телевизиски, сателитски и дигитални канали.
Како да ја Гледате или да ја Слушате Подоцна?
По емитувањето, пораките ќе бидат достапни во форма на текст, аудио или видео запис на повеќе канали за гледање на барање ипроучување. Овие канали се Евангелска Библиотека, Евангелски Медиуми, ЈУТјуб Каналот на Генералната Конференција, подкаст Генерална Конгеренција и Црковните Списанија.
Како да се Подготвите за Генерална Конференција
Помогнете им на децата и младите да ја гледаат генералната конференција со „Активности на Генералната Конференција за Деца и Млади.“
Дополнителни Ресурси
Некои од овие ресурси може да се достапни само на одредени јазици.