Разурнувачката штета влијаеше на животите на илјадници луѓе кога бурата Борис се движеше низ централна Европа во септември 2024 година По поројните дождови и поплави, мисионерите и членовите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни почаа да служат во своите заедници: копаа кал, расчистуваа дворови, расчистуваа домови и други работи.
Мисионерите за добросостојба и самостојност соработуваат со студенти од Академијата Кумора за да ги исчистат јавните површини во селото Брантице, Република Чешка, по поплавите во септември 2024 година.
Локалните млади возрасни лица и студенти на Академијата Кумора подигаат столб од фудбалски гол на јавен простор во Брантице, Република Чешка, по поплавите предизвикани од бурата Борис во септември 2024 година.
Волонтерите на Академијата Кумора мијат калливи столчиња во Брантице, Република Чешка, како дел од проектот за служење со Службите за добросостојба и Самостојност по поплавите во септември 2024 година.
Мисионерите од мисијата Букурешт во Романија отстрануваат кал од дворот во селото Куза Вода. Домовите овде беа потопени во четири метри матна вода од ефектите на бурата Борис.
Постар Сениор мисионер од букурешката мисија, во Романија ги чисти ѕидовите од домот на една постара жена која живее во селото Куза Вода, чија куќа беше поплавена од невремето Борис.
Мисионерите од мисијата Букурешт во Романија раскопуваат кал од дворот во селото Куза Вода. Домовите овде беа потопени во четири метри матна вода од ефектите на бурата Борис
Постари мисионери сениори во Чешката Република доставуваат средства за хигиена и чистење во дом за згрижување на стари лица во Острава по поплавите во септември 2024 година.
Во Романија, 5000 домаќинства беа директно погодени од поплавите а многу семејства беа принудени да ги евакуираат своите домови. Група од 22 мисионери и членови отпатува до малото село Круза Вода за да обезбедат служба. Градоначалникот ги упати до улица каде домовите биле потопени во каллива вода која достигнувала до четири метри. Таму волонтерите го расчистиле домот на постара жена, отстранувајќи ја калта и уништениот мебел и го чистеле подот сé додека не ја повратил својата оригинална боја.
Во Република Чешка, студентите и советниците од Академијата Куморах волонтираа заедно со локалните млади возрасни лица и мисионерите за да ги расчистат јавните површини во Братнице откако земјата ја преживеа една од најлошитѕе поплави во последните три децении. Дополнително, регионалните мисионери на Црквата за добросостојба и самостојност координираа со хуманитарните донации од средства за хигиена и чистење за домот за грижа на постари лица во Острава. Оваа установа, управувана од Каритас, доживеа поплавување на подрумските простории што отштети голем дел од постојните залихи на овие матерјали.
Во Словачка Црквата донираше средства за Црвен Крст за да купи 20 одвлажнувачи што беа дистрибуирани во регионот на Братислава. Одвлажнувачите, што беа поделени на локалните бизниси и домови, ќе бидат преземени и складирани за понатамошна употреба.
Во Австрија, локалните членови работеа со Црвен Крст, Тимот на Австрија, Каритас и други за да обезбедат служба. Сите мисионери на Црквата во овие области се безбедни, а било кои членови на Црквата чии домови беа оштетени добија итна помош од свештенските водачи.