Порака на Обласното Раководство

Првата вистина

Нашето најосновно учење е дека ние сме децата на нашиот Небесен Отец. Овој божествен однос е најважен.

Jésus avec des enfants
Старешина Алан Т. Филипс, Англија
Старешина Алан Т. Филипс, Англија Обласни Седумдесетмина

Општеството се обидува да нѐ убеди дека нашиот идентитет и чувството за достојност е на некој начин врзано со имотот, позициите на влијание, и признавање од страна на другите. Нѐ поттикнува да се насочиме повеќе кон ‘да се има’ наместо кон ‘да се биде’.1 Но, овој пат често води до цел живот натпреварување, споредување, оставајќи многу од нас вознемирени, неисполнети и сѐ поизолирани. Малкумина бегаат од честите и немилосрдни пораки дека не сме доволни или дека едноставно не сме дораснати.

Ова е добро конструирана погрешна насока.

Противникот ја разбира важноста на идентитетот и тој не сака ние да откриеме или разбереме кои сме навистина. Но, ние сме повеќе отколку што светот би сакал да веруваме. Можеби дури и повеќе отколку што самите си замислуваме или сваќаме.

Спасителот поминал четириесет дена и ноќи во Јудејската пустина, постејќи, општејќи со својот Отец, и подготвувајќи се за својата формална земна мисија2. Токму тогаш непријателот го искушувал, намамувајќи го да го задоволи Неговиот физички апетит, тежнеејќи кон јавно признание, и прифаќање на богатствата на светот или на моќта меѓу луѓето.3 Но, Џејмс Е. Таламџ го забележал поподмолното од овие три сеопфатни искушенија4, што се подзабира од прашањето „Ако си Божјиот Син“. Непријателот сакал Христос да се посомнева во сопствениот идентитет.

За среќа, Тој останал вистинит и непоколеблив. Христос знаел кој е. И тоа му давало моќ, сила, цел и насока на Неговата божествена мисија. Сведоци сме на оваа величественост додека тој стои во синагогата во Назарет, го рецитира пророкот Исаија, и со јасни и одредени зборови го објавува своето божествено синство. 5

Зборовите ‘знај се себе си’ (или ‘gnothi seauton’ на старогрчки) се испишани над предворјето на Храмот Аполон во Делфи. Оваа кратка максима, од само два збора, била дискутирана од Сократ, Платон, Емерсон, Русо и безброј други филозофи низ историјата. Сите тие признаваат дека има моќ во сознанието кои сме.

Како и Спасителот, сознанието кои сме навистина, може да ни помогне да владееме со сопственото однесување и да ни даде сила и насока во текот на нашите животи. Тоа е причината поради која непријателот толку многу сака да се посомневаме во себе. Сомнежот е моќна алатка за него и зло ширум целиот свет денес. Тој не сака ние да имаме сила, моќ, мир и насока. Тој сака вие и јас да ги доведеме во прашање сопствените способности, нашите одлуки, нашата достојност, и особено најмногу, нашиот идентитет. И згора на тоа, модерниот живот може понекогаш да нѐ остави со чувство на преоптовареност, осаменост, заборавеност, раселеност, а понекогаш и несоодветност.

E Vërteta e Parë

Но, кога вистински ќе разбереме дека сме Божјо чедо, започнуваме да се гледаме онака како што Тој нѐ гледа нас. Го гледаме доброто во нас и нашиот вистински потенцијал. И правејќи така, ние размислуваме и делуваме поинаку. Помалку осудуваме, полесно простуваме, стануваме понаклонети да сакаме, служиме, подигаме и да се тешиме едни со други. Нашиот примарен фокус се префрла од ‘да се има’ во ‘да се биде’ и да се поврзуваме со другите. Старешина Џефри Р. Холанд поучуваше дека првата голема вистина на универзумот е дека Бог нѐ сака. Тој нѐ сака со целото свое срце, безрезевно и бескомпромисно. 6

Првата вистина е моќна. Бог вѐ сака и вие сте Негово чедо. Ова е дел од вашиот вечен идентитет. Ништо не може да го промени тоа. Старешина Ухдорф поучуваше ‘вие сте синови и ќерки на најголемото, најславното суштество во универзумот. Тој ве сака со неизмерна љубов.’ 7

Во свет кој се дави во сомнеж, не доведувајте ја во прашање вашата достојност или чувствата што Небесниот Отец ги има кон вас. Обидете се да гледате над несовршеностите и двоумењата во себе и препознајте кои сте навистина. 8

Една од целите во животот е да го запознаете Бог и Исус Христос 9. Но исто така е важно да се ‘запознаете себе си’ и да го разберете вашиот божествен идентитет.

Нашето најосновно учење е дека ние сме децата на нашиот Небесен Отец. Овој божествен однос е најважен. Новиот Завет е полн со учења фокусирани на поправање на она што е изгубено и најскапоцено за Него. Приоритетот на Отецот и Синот е јасен. Ова е во врска со вас. Вие сте Неговто дело и Неговата слава. Вие сте изворот на Неговата среќа. И Помирувањето на Исус Христос е најголемиот израз на љубовта на Небесниот Отец кон вас. 10

Првата голема вистина е дека Бог ве сака. Вие сте Неговото чедо и важни сте за Него. За ова јас сведочам во името на Исус Христос, амин.


Референци

1 Ерих Фром (1976) „Да се има или да се биде“ (Erich Fromm (1976) To Have or to Be.  United States. Harper & Row)

2 Матеј 4:1-11

3 David O. McKay, Conference Report, окт. 1911, стр. 59.

4Џејмс Е. Таламџ, (James E. Talmage „ Jesus the Christ“), Поглавје 10: Во Јудејската пустина, 1915 („In the Wilderness of Judea,“ 1915)

5 Лука 4:18-21

Старешина Џерфи Р. Холанд, „Најголемото Поседување“, Генерална Конференција, октомври 2021

7 Elder Dieter F. Uchtdorf, The Reflection in the Water, CES fireside at Brigham Young University, 1 November 2009.

8 Elder Dieter F. Uchtdorf, The Reflection in the Water, CES fireside at Brigham Young University, 1 November 2009.

9 Јован 17:3

10 Јован 3:1