
Неодамна објавените серии на интернет ја претставуваат измислената интерпретација на настани од средината на 19-ти век во Јута. Иако историските измислици може да бидат корисни за да се разјаснат одредени настани, оваа драма опасно заведува.
Брингам Јанг, почитуван пророк и храбар пионер, е, според сите историски стандарди, грубо погрешно претставен како злобен, насилен фанатик. Други индивидуалци и групи се исто така прикажани на начини што ги зајакнуваат стереотипите кои се неточни и штетни.
Што се однесува на серијалот Mountain Meadows Massacre(Масакрот во Планинските Ливади) во кој погрешно се прикажува цела религиозна група, Црквата долго време ја признава и осудува оваа ужасна трагедија. Дополнително, преземени се важни чекори за да се разоткрие и објави целосната вистина за она што се случило и да се промовира исцелувањето.
Проблемот со таквата измамничка, графичка и сензационалистичко раскажана приказна е тоа што не само што ја замаглува реалноста и го спречува вистинското разбирање, туку може и да поттикне непријателство, омраза па дури и насилство. Ова особено загрижува денес кога миротворци се потребни повеќе од било кога. Во време кога толку многу одговорни водачи ги осудуваат поделбите и непријателството што доминираат во поголемиот дел од нашиот јавен дискурс, ние ги повторуваме молбите на Претседателот Расел М. Нелсон: „Пораката на Спасителот е јасна: Неговите вистински ученици зајакнуваат, возвишуваат, охрабруваат, разубедувааат и инспирираат—без разлика колку е тешка ситуацијата. Вистинските ученици на Исус Христос се миротворци. … Миритворството е избор. … Ве убедувам да бидете миротворци, сега и засекогаш“.
Ова чувство, споделено во многу традиции станува начин на размислување ширум светот денес. Ова е пророчката порака на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни—порака на мир што многу современи пророци ја споделиле, Вклучувајќи го и Брингам Јанг.