Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни е црква во чие средиште е Христос. Во последните години, напорите беа насочени кон обезбедување црковни програми и ресурси кои го одразуваат Исус Христос како средишна точка. Последователно, Програмата за закрепнување од зависност спонзорирана од Црквата неодамна е преименувана во „Исцелување преку Спасителот: Програма за Закрепнување од Зависност“.

Обновената Црква на Исус Христос го објави својот прв водич за закрепнување од зависности во 1980-тите. Со дозвола, овој водич е заснован на 12 чекори на Светски Служби за Анонимни Алкохоличари Inc. но прилагоден за да ги вклучи доктрините, принципите и верувањата на Црквата. Овој водич и придружните групи за поддршка се познати како Програма за Закрепнување од Зависност.
Во едно обраќање од 2018 година, Претседателот Расел М. Нелсон ја нагласи важноста од користење на правилното име на обновената Црква, велејќи „ако сакаме како народ и како поединци да имаме пристап до моќта на Помирувањето на Исус Христос—да нé очисти и исцели, да нé зајакне и да не возвиши, и на крај да нé воздигне—ние мора јасно да го препознаеме како изворот на оваа моќ”. По ова обраќање, многу апл-ции, веб-локации и програми во сопственост на Црквата преминаа на менување на името за да се усогласат со ова предупредување и да го препознаат Спасителот. Сега, Програмата за закрепнување од зависност го следи примерот со своето ново име, Исцелување преку Спасителот: Програма за Закрепнување од Зависност. Нејзиниот нов наслов го нагласува важниот евангелски принцип: сето вистинско исцелување доаѓа од рацете на нашиот Спасител, Исус Христос, кој „ги исцелува скршените по срце, и ги преврзува раните нивни”. (Псалми 147:3)
Црковно спонзорираната програма за закрепнување од зависност создаде влијание што се прошири ширум светот. Црквата одржа триесет и шест средби на интернет во Централно европската област на седум јазици—бугарски, англиски, шпански, италјански, германски, француски, холандски и украински—со две меѓународни групи посветени конкретно за помош на младите возрасни лица. Овие групи и средби се поделени во три главни области: општа зависност, употреба на порнографија, и поддршка на брачниот партнер и семејството. Предводени од членовите на Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните дни, поединци од сите вери и оние без религиозна традиција се добредојдени да присуствуваат.
Црквата постојано се труди да ја подигне свеста за овие групи за опоравување кои се нудат во Европа. Во 2023 година, посетеноста на програмите се зголеми за 56 проценти во споредба со претходната година.
Кога беше запрашана за своето искуство со програмата за закрепнување, Кјара од Италија рече „Се обидував многу години да ја надминам зависноста пред да се приклучам на групата. И покрај тоа што го проучував прирачникот, добивав помош од епископот, па дури и од стручно лице, но не бев во можност да ги применам чекорите во мојот живот и на тој начин да ја имам оваа исцелителна моќ што ни ја дава Господ“. Таа продолжи, „Преку разменувањето сведоштва со другите луѓе во групата, малку по малку, сфатив што можам да направам за да надминам одредени пречки и сега сум многу подобра. [Програмата за закрепнување од зависност] ни помага, накратко, да наликуваме што повеќе на Христос“.
Исцелување преку Спасителот: Програмата за Закрепнување од Зависност е отворена за сите членови од заедницата. Ако вие или некој што го познавате сте заинтересирани да се придружите на групата, можете да ја посетите https://addictionrecovery.churchofjesuschrist.org/. До ажурираниот прирачник може да се пристапи на Исцелување преку Спасителот: Водич за закрепнување од 12 чекори од програмата за закрепнување од зависност (churchofjesuschrist.org).