Еден од многуте несреќни ефекти на конфликтот во Украина е дополнителното оптоварување на ланецот за снабдување за низа намирници, особено основните прехранбени производи. Ова нарушување секојдневно ги погаѓа грѓаните ширум државата и им го ограничува пристапот до многу основни намирници вклучувајќи готови конзервирани јадења, храна за бебиња, брашно, тестенини и ориз.

Конзервирани оброци натоварени и подготвени за достава до центрите за намирници


Логистиката за испорака беше критичен дел од напорите за помош во храна


Камион натоварен со намирници за патувањето што следи


Пратките се состоеле од конзерви, храна за бебиња и предмети за појадок


членовите на Црквата во Украина асистираат со локални испораки


членовите на Црквата и мисионерите во Украина асистираат со локалните испораки

По лежерниот вовед на Советникот на Првиот Заменик Министер на Украина, Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни понуди асистенција за итно да достави храна до народот во Украина.
„Кога овој советник прв пат ме контактираше, го поврзав со нашиот тим за Хуманитарна Служба и тој беше мошне импресиониран,“ вели Олексеј Хакаленко кој работи како овластен директор на Црквата за Областа и ги надгледува црковните хуманитарни напори во Украина. „Како што дознаваше повеќе, неговиот ентузијазам за партнерство со Црквата за овој повеќезначен проект за донирање на храна се зголемуваше.“
Во соработка со владата на Украина, Црквата иницираше проект за итна помош за испорака на неопходната храна до центрите за снабдување и магацините во соседните држави Полска и Романија. Владините субјекти во Украина потоа пристапија до нивната воспоставената мрежа за преместување на залихите со храна на одредени локации во Украина за да бидат дистрибуирани. Фокусот на владините пратки беше да се набават залихи со храна за оние области и заедници на кои им е најголема потребата во Украина.
Овој елабориран хуманитарен напор беше не само обемен туку и логистички тежок. Даниел Гарсија, купувач во Одделот за набавка на Црквата за Областа Европа, коментираше „Секојдневно се соочувавме со предизвикот да најдеме добавувачи кои имаат инвернтар што би можеле да го купиме и што би можел да испорача во тесна временска рамка. Високата цена на горивата исто така претставуваше пречка која резултираше со задоцнети испораки и зголемени транспортни трошоци.“
Добавувачите беа идентификувани и контактирани во многу држави вклучувајќи ја Германија, Шпанија, Полска и Романија, помеѓу другите. Клучниот услов беше нивната способност да достават огромни количества на храна во забележително краток временски период.
„Процесот на набавка на намирници беше исто така попречен од јазичната бариера,“ заклучи Гарсија, „во неколку случаи целата комуникација мораше да се постигне преку преведувачот на Гугл.
Итните пратки без извршен во период од осум недели во текот на април и мај 2022. Црквата испорача над 1.000 палети намирници за тоа време. Комбинирано со претходната помош обезбедена за народот во Украина, хуманитарните донации на Црквата достигнаа 900 тони на храна и други намирници.