Европа

Светски ден на бегалците: Краток поглед кон Црковната Помош за Бегалците во Европа

Храбрите бегалци и напорите за помош на европските светци признаени на Светскиот Ден на Бегалците 2023

1

Според Агенцијата за Бегалци на Обединетите Нации, во моментот има 32.5 милиони бегалци  ширум светот. Секоја година, на 20-ти јуни, од Обединетите Нации е прогласен Светскиот Ден на Бегалците за да им се оддаде признание на оние кои имаат храброст да ја напуштат својата татковина поради конфликт или прогонство. Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни работи на обезбедување  поддршка на раселените поединци и семејства, соработувајќи со други глобални организации вклучени во оваа помош.

Црквата на Исус Христос ги охрабрува своите членови да им помогнат на бегалците принудени да ги евакуираат своите домови. Во 2021 година, Црквата потврди во ажурираниот генерален прирачник дека „Како дел од нивната одговорност да се грижат за оние кои имаат потреба, членовите на Црквата го нудат своето време, таленти и пријателство за да ги пречекаат бегалците како членови на нивните заедници.”

09

Во текот на изминатата година, конфликтот доведе многу луѓе во различни делови на Европа во потрага по засолниште од опасностите што постојат во нивните матични земји и заедници. Во 2022 година Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните Дни и нејзините членови ширум светот обезбедија ресурси за овие поединци и семејствата кои се надеваат на посветла иднина преку 174 проекти за помош на бегалците. Црквата во Европа беше во првите редови на овој напор, помагајќи им на бегалците без разлика на култура, раса или религија.

02

Помагање ширум Европа

Како резултат на воените дејствија во Украина, државите во Европа го добија најголемиот прилив на бегалци од II Светска Војна. Како одговор на оваа криза, Црквата потроши повеќе од 15.6 милиони евра(16.8 милиони долари) за да им помогне на украинските бегалци и донираше повеќе од 900 тони храна и матерјали за Украинците кои имаат потреба. Освен што се грижи за нивната физичка благосостојба, Црквата еднаш неделно одржува семинари на интернет и дискусии за да им помогне на потресените Украинци да се помират со своите искуства. Црковната работа во Украина е опишана подетално во овој натпис кој може да се најде на  глобалната црковна страница за вести.

Други неодамнешни хуманитарни проекти на Црквата на Исус Христос во Полска, Шпанија, Грција, Романија, Србија Хрватска и Грузија им помагаат на бегалците од Украина и другите земји. Црквата соработуваше со 294 организации ширум Европа во 2022 за поддршка на хуманитарните проекти. Како резултат на тоа, илјадници поединци и семејства добија помош и утеха во тешки ситуции.

05

Достапност во Италија

Црквата во Италија има спроведено неколку проекти за бегалци, во партнерство со банки за храна, центри за бегалци, музичари, водачи на заедници и комплекси за сместување за да обезбеди помош и удобност за бегалците.

Ehigiamusoe family
Peace and Monday Ehigiamusoe with their daughter Jessica.

Пис и Мандеј Ехигиамусое, поранешни бегалци, ја напуштија својата татковина во Африка за да побараат засолниште во Рим, Италија. За време на нивното патување со брод, групата бегалци наиде на силно невреме што удави многу други бегалци. Пис и Мандеј ги загубија своите скудни работи кои ги поседуваа но ги преживеаја тешките услови и безбедно пристигнаа во Италија. Тие се сретнаа со волонтери од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни преку мрежата на бегалци во регионот и добија ресурси за да се населат во нивната нова земја.

Црквата и помогна на Мандеј да добие образование и да најде стабилна работа. Сега, Пис и Мандеј доследно служат во нивната локална заедница, помагајќи им на другите бегалци и на оние кои имаат потреба. Верата одигра важна улога во мотивирање на семејството Ехигиамусое да побара подобар живот, а Црквата обезбеди поддршка за нивната физичка и духовна благосостојба.