Франкфурт на Мајна, Германија

Сите црковни ресурси за подобро живеење сега на една Европска веб-локација

Опсежна колекција на ресурси за Благосостојба и Самостојност на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни достапна за 40 европски земји сега може да се најде на една веб-локација:

www.LifeHelpEurope.org

Наоѓање на сите ресурси за Благосостојба и Самостојност на една веб локација, за само неколку секунди.
Наоѓање на сите ресурси за Благосостојба и Самостојност на една веб локација, за само неколку секунди.

Од оваа целна страница, членовите на Црквата и пријателите ќе може да пристапуваат со само еден клик до црковните ресурси – на нивниот мајчин јазик– и да најдат информации и обука за образование, развој на кариерата, ментално и емоционално здравје, хуманитарна служба, започнување на бизнис, планирање на животот, подготовка за вонредни ситуации и уште многу повеќе. 

Зошто е потребна една веб локација за сите овие ресурси?  „Тоа го поедноставува некогаш тешкиот процес за нивно пронаоѓање“, вели Етер Симончини, Оперативен Менаџер на Службата за Благосостојба и Самостојност на Црквата за Италија, Северен Јадран и Евроазија.

Црквата, вели тој, ги развивала и ги усовршувала овие ресурси со децении.  Многу од нив биле развивани независно еден од друг, од различни црковни одделенија. Сместени се на повеќе веб локации.  Додадете на тоа колку е тешко и фрустрирачки да се најде точниот ресурс што ви треба на вашиот мајчин јазик, имајќи ги во предвид големиот број на земји и јазици во Европа.  „Ние ги обучивме луѓето како да ги најдат, но тие брзо заборававија“, се насмевнува Симончини.

Неколку од ресурсите се достапни на врската за секоја земја на www.LifeHelpEurope.org.
Неколку од ресурсите се достапни на врската за секоја земја на www.LifeHelpEurope.org.

Одделението за Благосостојба и Самостојност на Црквата на Исус Христос за Светците од Подоцнежните Дни сега го шири зборот на www.LifeHelpEurope.org.  „Ние ги обучуваме нашите водачи, таа е потпис на нашите е-пораки, таа е QR код на нашите визит картички– но сепак треба да направиме повеќе“, вели Симончини со ентузијазам.

„Животна помош“ е термин кој се користи од Црквата за да ги опфати сите придобивки што можат да ги понудат ресурсите за Благосостојба и Самостојност.  Симончини бележи, „Затоа веб локацијата совршено се вклопува“.