Опсежна колекција на ресурси за Благосостојба и Самостојност на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни достапна за 40 европски земји сега може да се најде на една веб-локација:

Од оваа целна страница, членовите на Црквата и пријателите ќе може да пристапуваат со само еден клик до црковните ресурси – на нивниот мајчин јазик– и да најдат информации и обука за образование, развој на кариерата, ментално и емоционално здравје, хуманитарна служба, започнување на бизнис, планирање на животот, подготовка за вонредни ситуации и уште многу повеќе.
Зошто е потребна една веб локација за сите овие ресурси? „Тоа го поедноставува некогаш тешкиот процес за нивно пронаоѓање“, вели Етер Симончини, Оперативен Менаџер на Службата за Благосостојба и Самостојност на Црквата за Италија, Северен Јадран и Евроазија.
Црквата, вели тој, ги развивала и ги усовршувала овие ресурси со децении. Многу од нив биле развивани независно еден од друг, од различни црковни одделенија. Сместени се на повеќе веб локации. Додадете на тоа колку е тешко и фрустрирачки да се најде точниот ресурс што ви треба на вашиот мајчин јазик, имајќи ги во предвид големиот број на земји и јазици во Европа. „Ние ги обучивме луѓето како да ги најдат, но тие брзо заборававија“, се насмевнува Симончини.

Одделението за Благосостојба и Самостојност на Црквата на Исус Христос за Светците од Подоцнежните Дни сега го шири зборот на www.LifeHelpEurope.org. „Ние ги обучуваме нашите водачи, таа е потпис на нашите е-пораки, таа е QR код на нашите визит картички– но сепак треба да направиме повеќе“, вели Симончини со ентузијазам.
„Животна помош“ е термин кој се користи од Црквата за да ги опфати сите придобивки што можат да ги понудат ресурсите за Благосостојба и Самостојност. Симончини бележи, „Затоа веб локацијата совршено се вклопува“.