Рим, Италија, 14 септември 2022

Црквата на Исус Христос дава 32 милиони САД долари на Светската Програма за Храна

Средствата ќе обезбедат основна храна и итна помош за 1.6 милиони луѓе во девет земји

p0

Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ѝ даде на програмата на Обединети Нации за Храна (WFP) 32 милини американски  долари—најголемиот еднократен верски придонес на хуманитарната организација — за да ѝ помогне да во борбата на она што WFP го нарекува „сеизмичка криза на глад.“

За време на посетата во средата на Светската Програма за Храна со седиште во Рим, Епископ Л.Тод Бад од Претседавачката Епископија ја презентираше донацијата на Претседателот и извршниот директор на WFP САД Барон Сегар, Заменик извршен директор за партнерство и застапување на WFP Уте Кламерт.

За време на посетата во средата на 14 септември 2022,  на седиштето на Светската Програма за Храна во Рим, Епископ Л.Тод Бад од Претседавачката Епископија ја презентираше донацијата од 32 милиони амрикански долари на Претседателот и извршниот директор на WFP САД Барон Сегар, Заменик извршен директор за партнерство и застапување на WFP Уте Кламерт(во средина).
За време на посетата во средата на 14 септември 2022, на седиштето на Светската Програма за Храна во Рим, Епископ Л.Тод Бад од Претседавачката Епископија ја презентираше донацијата од 32 милиони амрикански долари на Претседателот и извршниот директор на WFP САД Барон Сегар, Заменик извршен директор за партнерство и застапување на WFP Уте Кламерт(во средина).

„Ние сме толку благодарни што соработуваме со Светската Програма за Храна бидејќи знаеме дека тие ќе им ја достават храната на оние на кои им е најпотребна,“ рече Епископ Бад. „Им благодариме на Светите од Подоцнежните Дни и пријателите верници чии финансиски жртви го  овозможија овој подарок. Таквото давање ги прави Божјите деца малку посреќни а сите нас малку посвети.“

Програмата на ОН WFP ќе ги искористи средствата на Црквата за да обезбеди храна и друга помош за 1.6 милиони најранливии луѓе од 9 држави: Авганистан, Демократска Република Конго, Етијопија, Хаити, Кенија, североисточна Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и Јемен.

„Оваа несекојдневна донација од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни не можеше да дојде во покритично време вели Извршниот директор на програмата WFP, Дејвид Бисли. „Има милиони луѓе кои гладуваат денес и програмата WFP  работи напорно за да им достави храна, помош и надеж—а овој придонес кој спасува животи ни дозволува да го направиме токму тоа.

Претставниците од Црквата на Исус Христос и Светската Програма за Храна се собраа да разговараат за донацијата од 32 милиони амрикански долари што Црквата ја даде на WFP во средата на 14 септември 2022 во седиштето на оваа организација во Рим, Италија.
Претставниците од Црквата на Исус Христос и Светската Програма за Храна се собраа да разговараат за донацијата од 32 милиони амрикански долари што Црквата ја даде на WFP во средата на 14 септември 2022 во седиштето на оваа организација во Рим, Италија.

Бидејќи глобалната криза за храна принудува уште милино луѓе да гладуваат, работата на програмата WFP заедно со владите и партнерите е критичен спас за многумина. Во Сомалија, на пример, програмата WFP ја зголемува хуманитарната помош на рекордно ниво за да го спречи хуманитарниот глад. Во Јемен, помошта во храна на програмата WFP  достигна до повеќе од половината од популацијата на државата и го спречи гладот. Во меѓувреме, во Аваганистан милиони семејства се потпираат на организацијата за храна, исхрана и поддршка за егзистенција.

„Во ова време на евидена глобална потреба, благодарни сме за преобразувачиот подарок на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни“, вели Сегар. „Поддршката од приватниот сектор е клучна за нашата мисија, овозможувајќи и на WFP да ја зголеми помошта во храна и издржлива работа што на семејствата им носи стабилност и удобност во текот на ова време на предизвици. Убеден сум дека подарокот на Црквата ќе ги инспирира и останатите да се приклучат кон нашето движење и стават крај на глобалната глад.“

Кламерт додава, „Ја прифаќаме оваа несебична донација со благодарност и цврсто убедување во нашите способност да се употреби и достави храна до најранливите, досегнувајќи до нив во време кога им е потребна, помагајќи им да се извлечат од опасност, за да може да преживеат и да станат отпорни.“

Епископ Л.Тод Бад од Претседавачката Епископија (десно) се посетува со Заменик извршен директор за партнерство и застапување на WFP Уте Кламерт и други во седиштето на Светската Програма за Храна во Рим, Италија на 14 септември 2022.
Епископ Л.Тод Бад од Претседавачката Епископија (десно) се посетува со Заменик извршен директор за партнерство и застапување на WFP Уте Кламерт и други во седиштето на Светската Програма за Храна во Рим, Италија на 14 септември 2022.

Денес, бележиме 345 милиони луѓе кои се соочуваат со несигурност а 50 милини се на работ на глад. Без итна акција, околу 60 милини деца се изложени на акутна неухранетост до крајот на 2022. Глобалното влијание на војната во Украина, надополнето со распространетиот конфликт, екстремните временски услови и социо-економските последици од пандемијата Ковид-19, ги тера веќе ранливите луѓе во целосен очај.

„Моето срце се радува за милионите неухранети деца кои ќе имаат корист од оваа донација,“ додава сестра Камила Н. Џонсон, глобален водач на верската организација за жени, „Здржение за Помош“. „Исус имал нежно срце за децата. Плаче гледајќи како гладуваат. Се радува и на најмал на настан што ќе им помогне. Голема благодарност на Светската Програма за Храна и до сите оние кои на било кој начин придонесуваат кон овие напори.“  

Соработката на Црквата на Исус христос на Светците од подоцнежните Дни со WFP започна во 2014. Извршниот Директор на WFP Дејвид Бисли ги обиколи црковните служби за добросостојба во Солт Лејк Сити во 2019. Двете организации работеа заедно на ги пополнат празнините со глад за време на пандемијата КОВИД-19.

Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните Дни дава околу една милијарда долари годишно за грижа за оние кои имаат потреба од тоа ширум светот.

Епископ Л.Тод Бад од Претседавачката Епископија се среќева со официјалните лица на Светската Програма за Храна во Рим, Италија во средата на 14 септември 2022.
Епископ Л.Тод Бад од Претседавачката Епископија се среќева со официјалните лица на Светската Програма за Храна во Рим, Италија во средата на 14 септември 2022.

За Светската Програма за Храна

Светската Програма за Храна на Обединетите Нации е најголемата хуманитарна организациа, што спасува животи во итни ситуации и ја користи помошта во храна за да се изгради пат кон мирот, стабилноста и просперитетот за луѓето кои се опоравуваат од конфликти, катастрофи и влијанието на климатските промени.

Светската Програма за Храна САД, 501(c)(3) е организација со седиште во  Вашингтон, (Д.К.), гордо ја поддржува мисијата на Светската прогарама за Храна на Обединетите нации преку мобилизација на американските креатори на политиката, бизнисите и поединци за унапредување на глобалното движење да се стави крај на гладот. Нашето раководство помага да се зајакне трајниот амрикански завет да се нахранат семејствата кои имаат потреба ширум светот. Дознајте нешто повеќе на Светската Програма за Храна, мисијата на САД.

Рим, Италија, 14 септември 2022
Рим, Италија, 14 септември 2022

Хуманитарни Служби на Црквата на Исус Христос

Хумнитарните служби на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни го ублажуваат страдањето, ја поттикнуваат самостојноста и обезбедуваат можности за служење. Таа го следи предупредувањето на Исус Христос да ги нахраниме гладните, да им дадеме вода на жедните, да го примиме странецот, да ги облечеме голите и да ги посетиме болните и оние кои се погодени.

Црковниот хуманитарен дострел е овозможен преку несебични донации и волонтеризам на Светите од Подоцнежните Дни и пријателите на верата. Секоја година волонтерите работат повеќе од еден милион работни дена за поддршка на иницијативите за добросостојба.

Црквата спонзорира проекти за олеснување и развој во 195 држави и територии и дава помош без оглед на расата, верската припадност или националноста Помошта се базира на основните принципи на лична одговорност, поддршка на заедницата, самостојност и одржливост.