Солт Лејк Сити, Јута

Старешина и Сестра Гон ќе Зборуваат за Денот на Семејни Откритија на RootsTech

Старешина Герет В. Гонг од Кворумот на Дванаесетте Апостоли на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни и Сестра Сузан Гонг ќе настапат како водечки говорници за Денот на Семејни Откритија на последниот ден од RootsTech, глобалниот собир за семејна историја што ќе се одржи виртуелно и во живо од 2-4 март 2023.

Öldungur Gerrit W. Gong í Tólfpostulasveitinni og systir Susan Gong á gangi með fjarskyldum ættingja, James Lindsay
Старешина Гери В. Гонг од Кворумот на Дванаесетте Апостоли и Сестра Сузан Гонг се шетаат со далечниот роднина Џејмс Линзи на имотот создаден од нивните предци за време на презентацијата на Денот за Семејни Откритија на 2023 RootsTech.

Презентацијата на Старешина и Сестра Гонг ќе биде емитувана во сабота, 4 март во 13:30 (според Планинско стандардно Време, на RootsTech.org, RootsTech на Јутјуб, Broadcasts.ChurchofJesusChrist.org и апл Евангелска Библиотека.

Што е Денот на Семејни Откритија?

RootsTech е домаќин на Меѓународната Организација СемејноПребарување и поддржана од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни секоја година, за да им помогне на луѓето да се обединат и да црпат сила од своите семесјтва—минати, сегашни, идни.

Ден на Семејни Откритија е еднодневен настан за време на RootsTech создаден посебно за Светците од Подоцнежните Дни.

Овогодинешната тема за RootsTech е „Обединување“ обединување на луѓе, традиции, приказни, спомени, технологија, иновации, заедници и семејства.

„Понекогаш мислиме дека нашите одлуки влијаат само на нас самите“, вели старешина Гонг. „Откривањето на нашето семејство нѐ потсетува на спротивното. Ние сме повеќе поврзани во нашите генерации отколку што обично сфаќаме.

„Приказните што ги чуваме и споделуваме низ генерации може да имаат трајно влијание врз нашите срца и умови“, додава сестра Гонг. Таа се надева дека откривањето, снимањето и споделувањето на семејни приказни ќе им помогне на луѓето „да стекнат поголема благодарност за борбите, храброста, верата и пожртвуваноста на оние што дошле пред нив.“

„Ми се допаѓа што авантурите од семејните откритија немаат почеток ни крај“, вели старешина Гонг. „Овие аватури продолжуваат во двете насоки обединувајќи го семејното минато и семејната иднина“.

Регитрацијата за сите три дена на RootsTech е сега отворена на RootsTech.org. Милиони виртуелни и лично присутни посетители се очекува да присуствуваат на 2-4 март 2023 година за инспиративни клучни обраќања, информативни класови, иновативна технологија и можност за поврзување на луѓето со нивините семејства.

„Семејствата се основа на едно општество,“ вели извршниот директор на СемејноПребарување Стив Роквуд минатиот октомври. „Поврзувањето и обединувањето на семејствата низ генерации еднакво ги зајакнува и поединците и народите. Вчудоневидени сме и задоволни што ја гледаме улогата што конференцијата RootsTech успеа да ја одигра во помагањето на милиони поединци да се поврзат со нивните семејства, минати, сегашни и идни.“

Затоа како меѓународна конференција, RootsTech нуди доживување за луѓето ширум светот. Со моментално повеќе од 800 статии за семејна историја, култура и наследство понудени на јазици од европските земји , станува сѐ полесно за Европејците и нивните потомци да дознаат нешто повеќе за себе и за своето потекло. Секоја година, растечката библотека на видео записи се проширува со содржини од целиот свет на многу јазици.

Оваа година, RootsTech вклучува настан во живо од Конгресниот Центар Солт Паласе во Солт Лејк Сити за да го надополни своето интернет доживување.

Придружете се на RootsTech на Интернет или Присуствувајте Лично

Бесплатниот интернет настан вклучува:

  • Над 200 нови сесии или курсеви на барање
  • Презентации од главната сцена и водечки говорници
  • Поддршка за разговор и консултации за интернет истражување
  • Поврзете се со роднините користејќи ја Роднини на RootsTech и испраќање пораки
  • Виртуелна изложбена сала

Тридневно, лично доживување воКонгресниот Центар во Солт Лејк Сити, Јута, чини 98$. Вклучува пристап до виртуелна опција, и:

  • Повеќе од 180 сесии во живо со П&О-ри
  • Помош за истражување лично на Библиотека на СемејноИстражување
  • Директна вклученост на демонстрации на спонзорот во изложбената сала
  • Лично поврзување со пријателите и роднините
  • Опции за оброци и освежување

Пристапот до изложбената сала во Солт Лејк Сити е бесплатен и ќе вклучува повеќе од 200 изложувачи, демонстации на производи и интеракции со експерти за истражување.

„За оние од вас кои се прашуваат дали да се приклучат виртуелно или лично, најдоброто нешто за оваа година е да можете да изберете како ќе ни се придружите“ вели Џен Ален, директорка за настани на СеменоПребарување во настан во живо RootsTech П&О во септември 2022. „Се надеваме дека ќе дојдете во Солт Лејк ако можете, но ако не можете, виртуелното искуство ќе биде неверојатно. Со нетрпение очекуваме да стапиме во контакт со вас низ целиот свет.“

За повеќе информации за RootsTech 2023, посетете ја RootsTech.org. За да дознете нешто повеќе за опциите и процесот на регистрација, погледнете ја сесијата прашања-и-одговори во живо на Фејсбук.