Старешина Гери Е. Стивенсон од Кворумот на Дванаесетте Апостоли, придружуван од неговата сопруга, Сестра Леса Стивенсон, неодамна заврши десетдневна служба низ Европа, посетувајќи членови и мисионери на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни во Холандија, Грција, Бугарија и Италија од 17 до 27 октомври 2024 година. Посетувајќи ги членовите на Црквата низ регионот, тој го нагласи темата за моќта на евангелието да донесе мир во денешниот свет.
Старешина Стивенсон се среќава со локалните членови на црквата и мисионерите во Холандија на 19 и 20 октомври 2024.
од лево кон десно: Старешина Џек Н. Џерард од Претседателството на Централната Европска Област, Старешина Гери Е. Стивенсон од Кворумот на Дванаесетте Апостоли и Старешина Јоеп Бум, Обласен Седумдесетти од Холандија се среќаваат со локалните членови на црквата и мисионерите во Холандија на 19 и 20 октомври 2024.
Старешина Стивенсон се среќава со локалните членови на црквата и мисионерите во Холандија на 19 и 20 октомври 2024.
Старешина Џејмс В. МекКонки III од Претседателството на Централната Европска Област се среќава со мисионерите во Атина, Грција во вторник, 22 октомври 2024.
Претседателот и Сестра Нелсон, Лидери на Мисијата Бугарија/Грција им се обраќаат на своите мисионери во Атина, Грција во вторник, 22 октомври 2024.
Старешина Стивенсон се среќава со група мисионери на Марсовиот рид во Атина, Грција во вторник, 22 октомври 2024.
Старешина Стивенсон се среќава со локалните членови во Софија, Бугарија во среда, 23 октомври 2024.
Старешина Џејмс В. МекКонки III им се обраќа на членовите во Софија, Бугарија во среда, 23 октомври 2024.
Старешина Стивенсон се среќава со мисионерите во Софија, Бугарија во вторник, 23 октомври 2024.
Старешина и Сестра Стивенсон се среќаваат со 101-годишната Сестра Розарија Валенти од Бари, Италија во четврток, 24 октомври 2024.
Старешина и Сестра Стивенсон се среќаваат со 101-годишната Сестра Розарија Валенти од Бари, Италија во четврток, 24 октомври 2024.
Старешина Рубен В. Алиауд, Претседател на Централната Европска Област им се обраќа на локалните членови во Бари, Италија во четврток, 24 октомври 2024.
Од лево кон десно: Старешина Емануел Петрињани, Обласен Седумдесетти, Старешина Гери Е. Стивенсон од Кворумот на Дванаесетте Апостоли и Старешина Рубен В. Алиауд од Претседателството на Централната Европска Област се среќаваат со локалните членови во Рим, Италија во сабота, 26 октомври 2024.
Старешина Стивенсон се среќава со мисионерите на Плоштадот на Храмот во Рим, Италија во петок, 25 октомври 2024.
Старешина Стивенсон зборува на конференција на територија во Палермо, Италија во недела, 27 октомври.
Холандија
Неговата прва станица беше во Холандија, каде што Старешина Стивенсон му се придружи на Старешина Џек Н. Џерард од Претседателството на Централната Европска Област и Старешина Јоеп Бум Обласен Седумдесетти од Холандија. На 19 октомври, Старешина Стивенсон се сретна со мисионерите во Мисијата Белгија/Холандија во градот Бреда, каде што ја пофали нивната посветеност и заложба да го живеат евангелието на Исус Христос. Ги охрабри да најдат храброст и радост во споделувањето на евангелието, дури и кога се соочуваат со предизвици. “Можете да ја имате довербата на Господ и да чувствувате радост, иако околностите можат да бидат тешки,“ рече Старешина Стивенсон, потсетувајќи ги мисионерите да се потсетат на своите оригинални повикани писма за сила. На состанок со локалните лидери од Белгија каде се зборува холандски и Холандија, тој и Старешина Џерард ја нагласија важноста на храмските завети и континуираниот процес на лична конверзија. Заветите се свети ветувања помеѓу Бог и една личност или група на луѓе.
На 20 октомври, Старешина Стивенсон им се обрати на членовите на специјална конференција на територија во Хаг за радоста што се наоѓа во живеењето како заветен народ. По конференцијата, тој ги покани младите да се сретнат со него и Сестра Стивенсон. Завршувајќи го своето време во Холандија, тој го посети блискиот Храм Хаг Холандија, каде што исто така се сретна со членови и лидери, охрабрувајќи ги да продолжат напред во својата вера и посветеност на евангелието на Исус Христос.
Грција и Бугарија
Старешина Стивенсон потоа отпатува во Грција, придружуван од Старешина Џејмс В. МекКонки III, втор советник во Претседателството на Централната Европска Област, и други лидери, каде што се сретнаа со локалните членови на Црквата и мисионерите. Во Атина, на 22 октомври, специјален состанок за мисионерите започна со кратко собирање на историскиот Марсов рид, каде апостолот понуди зборови на охрабрување и пофалба: „Во време кога многу млади луѓе се откажуваат од организираната религија, забележително е да се биде со верни млади возрасни во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни кои избираат да жртвуваат време за да му служат на Господ и да ги поканат сите да го примат Неговото евангелие,“ забележа тој.
Instagram: https://www.instagram.com/garyestevenson/reel/DBoVM2wRERS/
На состанок со членовите во Атина, Старешина Стивенсон ја нагласи важноста на издржливоста и надежта во евангелието, дури и среде животните предизвици.
Продолжувајќи го своето патување, Старешина и Сестра Стивенсон ја посетија Бугарија, каде што се сретнаа со мисионерите и одржаа духовен состанок со членовите во Софија на 23 октомври. Неговите зборови ја нагласија важноста на единството и одржувачката моќ на евангелието за поединците и семејствата.
Италија
Во Италија, Старешина Стивенсон беше придружуван од Старешина Рубен В. Алиауд, Претседател на Претседателството на Централната Европска Област и Старешина Емануел Петрињани, Обласен Седумдесетти од Италија. Старешина Стивенсон направи незаборавна посета на Бари, каде што се сретна со Сестра Розарија Валенти, која неодамна го прослави својот 101-ви роденден. Сестра Валенти, сакана и долгогодишна членка на Црквата, го сподели своето сведоштво за Исус Христос, опишувајќи Го како „моето сè“. Сестра Валенти беше запознаена со обновеното евангелие на Исус Христос преку сопругот на нејзината ќерка, Леонардо Летини, во април 1984 година и беше крстена како членка на Црквата неколку месеци подоцна. Набргу по нејзиното крштевање, тажен настан го погоди нејзиниот живот: нејзината ќерка Анамарија и целото нејзино семејство, кои ја запознаа со евангелието, загинаа во сообраќајна несреќа во 1985 година. Губењето на нејзините сакани членови на семејството беше многу тажно искуство во нејзиниот живот. За среќа, семејството беше запечатено во храмот неколку месеци порано. Сестра Валенти исто така беше запечатена само неколку месеци порано, давајќи ѝ надеж за вечна фамилија и повторно обединување со нејзините сакани по овој живот и засекогаш. Размислувајќи за домот на Господ, таа секогаш изјавувала дека „во храмот научив повеќе за Бог Отецот и Исус Христос и тие станаа сè за мене.“ Старешина Стивенсон ја почести нејзината доживотна посветеност на евангелието, носејќи цвеќиња и нудејќи ѝ свештеничко благословување. Овој специјален состанок длабоко ја допре Сестра Валенти и нејзиното семејство и означи радосен момент за конгрегацијата во Бари.
Во Рим, Старешина Стивенсон им се обрати на собир на мисионери и црковни лидери, фокусирајќи се на радоста од службата и важноста на зајакнувањето на Црквата низ Италија. На 27 октомври, тој ја заврши својата мисионерска турнеја со конференција на територија во Палермо, собирајќи ги членовите заедно да ја почувствуваат љубовта на Господ и единството на евангелието.
Во текот на турнејата, пораките на Старешина Стивенсон ги истакнаа благословите на преобраќањето, храброста и чувањето на заветите со Исус Христос. Неговата посета инспирираше илјадници членови на Црквата и пријатели, оставајќи наследство на зајакната вера и единство низ регионот.