Херехау Веро, член на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни од Франција, е избран да учествува на специјалниот музички настан што беше снимен во Солт Лејк Сити во Соединетите Држави. Во јуни, тој учествуваше на снимањето на овој 60-минутен концерт што ќе биде достапен за преземање и емитување во август за младите ширум светот.
„Благословен сум што сум се родил во семејство на пејачи и музичари. Пеев со моите баба и дедо кога бев дете“, вели Херехау, кој сега има 21 год. На десетгодишна возраст, тој бил испратен сам од неговиот роден дом на Тахити во Франција да живее со вујна му. Херехау немал со кого да пее. „Продолжив да пеам сам и се обидов да го пронајдам својот музички стил“, рече тој. Една година подоцна, неговите родители и тројцата помали браќа и сестри му се придружиле во Франција.
Сé се сменило кога Херехау настапил на аудицијата за да биде еден од солистите на прославата на културни различности за време на осветувањето на Храмот Париз. Потоа, вели Херехау, „Јас навистина почнав да пеам. Малку по малку, стекнав самодоверба (никогаш не сум имал вокален подучувач), и почнав да пеам за Цд-ата на За Силата на Младите“.
Додека настапував за време на овој културен настан организиран за време на осветување на Храмот Париз, Херехау сфатил дека Бог го надарил да знае да пее. „Од тој момент, сé тргна кон подобро“. Сознанието дека неговиот дар бил од Бога го мотивирало да се подобри и да го сподели. За да го подобри својот глас, тој гледал видео записи и пеел заедно со гласовите од видео записите и гласовните вежби за загревање на Јутјуб а понекогаш ги имитирал големите пеачи. „Сé уште имам многу да научам како да го контролирам мојот глас, но му верувам на Небесниот Отец дека ме надарил со причина. За мене, пеењето е сопствен начин на искажување на моите верувања до целиот свет.“
Херехау ужива во музиката што го изразува она што човекот го чувствува длабоко во себе, или како тоа лице ги надминало предизвиците. „Навистина ми се допаѓа кога авторот на некоја песна ја пишува музиката раскажувајќи ја сопствената приказна.“ Кога пее песна, Херехау се обидува да ја отпее како да е негова, како тој да ја напишал. „Потоа, кога сум на сцена или во студио, пеам со целото мое срце! Мојата цел е секогаш да допрам до срцата на луѓето кои го слушаат моето пеење“.
Еден пријател му предложил на Херехау да се пријави на младинскиот музички фестивал За Силата на Младите во Солт Лејк Сити. Беше воодушевен кога беше избран да пее и да ја претставува Франција, заедно со другите меѓународни учесници. Херехау пристигна во Солт Лејк Сити во јуни да присуствува на пробите на Плоштадот Табернакул. Беше воодушевен што виде толку многу млади пејачи, меѓу кои и добро познати млади музичари.
Сестра Емили Бел Фриман, Генерален Претседател на Млади Жени и претседателот на Млади Мажи Стивен Ј. Лунд им зборуваа на учесниците пред пробата. Нивните зборови беа инспиративни за музичарите, охрабрувајќи ги да го искористат својот глас за добро.
На концертот, Херехау е солист на две француски песни со наслов „Учениците на Христос“ и „Мојата Единствена Надеж“, по кои ќе следат три други песни на три други пеачи. Тој исто така даде поздравен вовед на фестивалот за млади на француски како еден од меѓународните домаќини.
„Моја недеж е да станам инструмент во Божјите раце и да допрам до срцата на младите луѓе преку музиката“, вели Херехау.
„Фестивал: Концерт за Млади“ ќе биде достапен за гледање на 5-ти август преку страната за емитувања на Црквата и апл Евангелски проток на англиски, француски, португалски и шпански.
Младиште ширум светот се поканети да бидат дел од овој фестивал—преку планирање на локални прослави, преземање на листата со песни, гледање на концерот и пеење заедно со музичарите.