Повеќе од две години после конфликтот што започна во нивната татковина, распрснатите украинци продолжуваат да се надеваат за враќање на нивните домови додека градат нови животи во нови земји. Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни помагаше на La Răscruce, евангелска црква која оперира со центар на заедница во Iaşi во Романија да обезбеди помош за бегалците што живеат таму.
Адриан Палади од La Răscruce виде зголемена потреба за пакување храна и хигиенски предмети за Украинците кои живеат во Iasi и бараа помош од Црквата. Пред две години, кога украинскииот конфликт започна, La Răscruce и Црквата соработуваа за да дистрибуираат кутии за хигиена донирани од Црквата. La Răscruce исто така обезбеди хуманитарна служба директно во Украина во овие градови: Одеса, Исмаил, Винитса, Киев, Хмелински, и Херсон. Повеќе од 25 патувања беа комплетирани за Украина.
Момчиња и девојки во кампот за бегалци
Xрана за бегалци
Собирање на храна за бегалци
Mноштвото на Украинци во Романија се жени, деца, луѓе со инвалидитет. Јазичните бариери, потребата да се грижат за малите деца, и физичките предизвици го отежуваат начинот да пронајдат работа. Дополнително, поради должината на конфликтот, ресурси за одржување беа намалени.
Како одговор на барањето, Црквата донираше основна храна и хигиенски предмети за 25 Украински семејства. Собирот La Răscruce се здружи со членовите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни во La Răscruce центарот да соберат храна и хигиенски предмети. Црквата исто донираше 3,000 подготвени оброци за повеќе од двомесечен преиод, за Украинци во Iaşi кои се врзани за домот, дозволувајќи им на нив да уживаат во топол оброк секој ден.
Еден од примениците му напиша на Адриан изразувајќи „благодарност зошто секогаш беше со нас, оние од Украина. За поддршка и грижа, за способноста да се помогне во тешки моменти“. Уште еден напиша, „кога и отпакував торбите со продукти и започнав да плачам и да се заблагодарувам на Бог дека постојат луѓе тебе на земјата“.
Адриан објасни дека во прилог на обезбедување на матријали да се помогне на бегалците, исто така е и во сеќавање дека не се заборавени и дека не се сами. Оваа меѓуверска соработка благослови украински семејства кои примија храна и предмети за хигиена создавајќи нови пријателства, доверба, и разбирање за сите кои што се вклучени во овој проект.