
Младите возрасни ширум Европа можат да ги постават своите настани и брзо да ги известат другите за што се случува во нивната област. Поврзаната веб страница risinggeneurope.org е збогатена со поструктуриран дизајн и нови функции. Дополнително, младите возрасни лица се охрабруваат да се поврзат еден со друг на социјалните медиуми преку нивните канали на Instagram и YouTube.

„Со оваа нова апл, имаме за цел да обезбедиме платформа за сите млади возрасни лица никогаш да не ги пропуштат сите неверојатни активности, а сепак да ги контролираме сите известувања кога апл не е вклучена“, вели Том Ерхарт, еден од програмерите на апл од Швајцарија. „Се надеваме дека ова ќе помогне подобро да се здружиме, да се зајакнуваме едни со други, и да имаме радост во Исус Христос,“ продолжи тој.

Корисниците на апл можат да конфигурираат известувања кога апл не е вклучена, во зависност од земјите и регионите. Поставувањето настани може да се прави без регистрација. Ако некој сака да ги измени неговите поставени настани, тоа може да се направи преку пријавување преку адреса на е-пошта.

„Возбуден сум што младите возрасни лица го имаат овој нов ресурс, што ќе им помогне да останат поврзани како заедница и заедно да го следат нашиот Спасител Исус Христос“, вели Старешина Ив Вајдермен, член на Седумдесетте за Област од Швајцарија, кој ги поддржува Младите возрасни во Европа.
Во Европа има над 15.000 Млади Возрасни членови на црквата, со желба да го сакаат Бога, да се поврзат едни со други и да ја зајакнат својата заедница.