Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни работи на тоа да обезбеди инвалидски колички и други уреди за мобилност на оние кои имаат потреба од тоа во европските земји Работејќи со хуманитарните организации, Црквата во 2024 испорача повеќе од 1500 инвалидски колички во Европа, давајќи свој придонес во донираните над 750 000 инвалидски колички ширум светот од 2001 година. Овие инвалидски колички им овозможуваат на поединци да стекнат независност и да изградат нов живот за себе.

„Инвалидската количка ми овозможува да се движам послободно, да се среќавам со пријателите и да се грижам за секојдневните задачи“ вели Фатбарда, примач на инвалидска количка донирана преку Албанската фондација за правата на лицата со попреченост (ADRF) од Црквата. Поради физичката попреченост беше тешко да се најде вработување за неа, но откако ја добила инвалидската количка и помош за вработување од ADRF, таа стекнала самодоверба и контрола над она што се случува. „Порано се плашев од осудување и сожалување на другите“, се сеќава таа, „но инвалидската количка ми ја врати дел од мојата слобода. Сега сум појака, и физички и емоционално“.
Опсежните хуманитарни и напори на Црквата се инспирирани од учењата на Исус Христос да им се помогне на оние на кои им е потребна помош. Во Европа, Црквата соработува со други организации за да обезбеди помош и да им помогне на поединци да развијат самостојност и независност. Проектот за донација на инвалидски колички се усогласува со таа мисија.
Илир Гаши од хуманитарната организација ХендиКОС работи на координација на дистрибуцијата на донираните инвалидски колички во Косово. „Нашите корисници на инвалидски колички ја враќаат својата независност, мобилност и обновеното чувство на надеж и среќа, дури и откако ќе доживеат несреќа која ќе им го промени животот“.
Гаши продолжува, „Без поддршката на нашите партнери, ќе беше невозможно да се понуди поширокиот спектар на услуги што ги обезбедуваме. Денес, можам со сигурност да кажам дека не верувам дека постои некој на Косово кому му е потребна инвалидска количка а да нема пристап до неа“.
За да може инвалидската количка да му помогне на човекот таа мора да биде соодветно прилагодена. Гај Јонет, доктор по медицина, корисник на инвалидска количка и мисионер волонтер , ги надгледува донациите на Црквата за инвалидски колички во Европа. Тој вели, „Инвалидската количка е како чевел. Исто како што е потребно чевелот добро да ви стои и е наменет за конкретна активност, така е потребно и инвалидската количка правилно да одговара на активноста што ја вршите, во спротивно тоа може да предивика оштетување и дополнителни компликации“. Јонет ги обучува волнтерите во хуманитарните организации за да може секој кандидат што ќе се придружи да добие инвалидска количка совршено прилагодена на нивните потреби.
Од соработката со хуманитарните организации имаат корист и двете страни. Јонет објаснува, „Како Црква, ние едноставно немаме ресурси за волонтери на терен во секоја земја и во секое време. Но соработувајќи со овие организации кои се веќе основани во секоја земја и имаат мрежа за пристап до луѓе, ние можеме да ја извршуваме нашата работа многу поефикасно“.
Наташа Ускоковиќ, советник за меѓународни односи во Црвениот Крст на Црна Гора се навраќа: „Пред да соработувам со Црквата, беше многу комплицирано да се добие инвалидска количка затоа што процедурите беа комплицирани и долги за повеќето луѓе на кои им беше потребна. Денес, Црвениот Крст е препознаен како организација што бесплатно обезбедува инвалидски колички во рок од неколку дена“.

Црвениот Крст на Црна Гора почна да соработува со Црквата за донирање на инвалидски колички во 2012 година. Оттогаш, Црквата соработува со Црвениот Крст за помош во борбата против КОВИД-19, како одговор на поплавите, и во други проекти за поддршка и зајакнување на нивните напори.
Влијанието што црковните донации го направија е лично. Откако и беше дијагностицирано автоимуно невролошко заболување додека беше студент, Бесмира ја посети работилницата за инвалидска количка на Албанската фондација за правата на лицата со попреченост (ADRF) во Воре и беше опремена со инвалидска количка Освен инвалидската количка, таа исто така доби поддршка за вработување од ADRF и на крај си обезбеди место во канцелариите на премиерот на Албанија „Почетокот е тежок“, вели Бесмира, „но штом еднаш се прилагодите, гледате на инвалидската количка како на алатка што ви ја дава вашата независност“.

Блерта Дренофци, Извршен директор на ADRF, вели дека поддршката на Црквата и другите организации помага да се обезбеди „независност на луѓето со попреченост, зајакнувајќи го нивниот квалитет на живеење со тоа што им се овозможува учество во активностите на заедницата“. Таа додава, „во земји како Албанија, соработката помеѓу организациите е важна за да се пополнат постоечките празнини. Донациите за Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни придонесоа кон исполнување на мисијата на организацијата, со што се подобрува квалитетот на живеење и заштита на човековите права на лицата со пореченост“.
Црквата верува дека хуманитарната работа е делото на Исус Христос. Јонет вели, „Спасителовата милосрдност е заразна и лесно се шири. Што повеќе хуманитарни дела извршуваме во Негово име, толку повеќе ги инспирираме и другите да станат милосрдни. Тоа е верижна реакција на љубов и великодушност.
„Претседателот Спенсер В. Кимбал објаснува дека ‘преку потребите на други луѓе [Бог] обично ги задоволува нашите потреби’. Како членови на Црквата, благословени сме да бидеме тој некој, да бидеме алатки во Неговите раце и да учествуваме во Неговото дело овде на земјата“.