Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни продолжува да испраќа помош за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија со помош на неколку светски организации.
Од земјотресите на 6 февруари, помошта обезбедена од Црквата надмина повеќе од 5 милиони долари.
„Загубите и страдањата предизвикани од овие земјотреси се запрепастувачки,“ вели претседавачкиот Епископ на Црквата Жералд Косе. „Нашите срца и молитви навистина се упатени до нашите браќа и сестри во Турција и Сирија. Особено сме благодарни што како Црква имаме средства да им помогнеме сега и во нивното долго патување на обнова.“

Партнерот на Проектот HOPE организацијата SAMU ги води и управува со истражувачките и спасувачки операции на K-9 тимот во Антакија, Турција, петокот 10 февруари 2023.


Екипата за одговор при итни случаи на Проектот HOPE ја проценува штетата од земјотресот на 6 февруари 2023 година во Антакија, Турција, заедно со турскиот партнер Dünya Doktorları Derneği (Докторите на Светот).


Ердем Тунчер, Генерален Конзул на Турција во Франкфурт на Мајна, ги објаснува организацијата и потребата од напорите за помош при земјотресот во Турција за време на состанокот со претставници на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни


Некои од илјадниците предмети донирани од локалните граѓани во објект организиран од Генералниот Конзулат на Турција во Франкфурт на Мајна

Црковната обласна канцеларија во Германија испрати 40 големи шатори (од кои секој може да прими 20 луѓе) за Турција, заедно со потребната количина на машка, женска и детска облека.
„Прекрасно е кога членовите на општеството од различни вери работат заедно за да помогнат,“ вели Абдула Каја, член на Советодавниот совет за Странци во Франкфурт.
Турскиот конзулат во Франкфурт формира собирен центар за да обезбеди сигурна испорака на донации од Германија до жртвите на земјотресот.
Друга црковно поддржана помош за Турција е обезбедена преку организации како што е проектот HOPE и Адвентистичка Агенција за развој и Помош (ADRA). Ова вклучува храна, вода, засолниште, здравствени клиники, грејачи, палта, мединцински матерјали, комплети за хигиена, ќебиња, бебешки предмети и генератори.
Во Сирија, Црквата ја поддржува работата на организациии како што се MedGlobal, Mercy Corps, Меѓународниот Медицински Корпус и Rahma Worldwide. Ова вклучува медицинска грижа за илјадници луѓе, заедно со храна, вода, засолништа, ќебиња, гориво, комплети за хигиена, резерви за бебиња и санитарни услуги.
„Овој одзив е манифестација на нашата заложба кон двете големи заповеди. Ја искажуваме нашата љубов кон Бога со тоа што посегнуваме за да обезбедиме помош за Неговите деца, без разлика каде се или од каде доаѓаат,“ вели Блејн Р. Максфилд, извршен директор на црковната организација за Благосостојба и Самостојност. „Би било тешко да се процени нашата благодарност до прекрасните помошни организации кои разботат заедно со нас за да го овозможат овој одзив, или за членовите и пријателите на Црквата кои толку изобилно даруваат во ова време на голема потреба.“
Хуманитарни Служби на Црквата на Исус Христос
Хумнитарните служби на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни го ублажуваат страдањето, ја поттикнуваат самостојноста и обезбедуваат можности за служење. Таа го следи предупредувањето на Исус Христос да ги нахраниме гладните, да им дадеме вода на жедните, да го примиме странецот, да ги облечеме голите и да ги посетиме болните и оние кои се погодени.
Црковниот хуманитарен дострел е овозможен преку несебични донации и волонтеризам на Светците од Подоцнежните Дни и пријателите на верата. Повеќе од шест милиони часа работа се обезбедуваат секоја година од волонтерите за поддршка на иницијативите за добросостојба.
Црквата спонзорира проекти за олеснување и развој во повеќе од 180 држави и територии и дава помош без оглед на расата, верската припадност или националноста. Помошта се базира на основните принципи на лична одговорност, поддршка на заедницата, самостојност и одржливост.
Проектите во Турција и Сирија се делумно финансирани и од Добротворните Организации на Светците од Подоцнежните Дни во Австралија.