На Глобалната Конференција за Влијание на Вакцините во Шпанија одржана на 15 јуни 2023 година, Гави, Алијансата за Вакцини, најави придонес од 3 милиони долари од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни за поддршка на историската кампања за имунизација против маларија во Африка.
Црковната донација ќе ги зајакне координираните напори на Гави, УНИЦЕФ, Светската Здравствена Организација и други за набавка и дистибуција на новата вакцина против маларија RTS,S. Благодарение на црковната помош, околу 39. 500 африкански деца ќе ги добијат четирите дози потребни за стекнување имунитет на маларија како директен резултат на оваа донација. Тоа е дел од големата, повеќегодишна кампања за вакцинирање на 4,5 милиони деца во текот на 2025 година.
„Маларијата останува една од најсмртоносните болести во Африка, која убива илјадници млади деца секоја година“, рече Гијом Гросо, директор на Ангажирање на суверениот и приватен сектор, Односи со донатори и Кампањи на Гави. „Благодарение на виталното финансирање од донатори како Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, можеме да помогнеме да се заштитат што поголем број ризични деца додека да се појави вакцината.“

Според Гави, се проценува дека околу 475 000 деца под пет години починале од маларија во Африка во 2021 година, што ја прави најголемиот убиец на деца на континентот, но до неодамна немаше достапна вакцина. Вакцината против маларија е во развој повеќе од 18 години. Вакцината RTS,S беше одобрена од СЗО за широка употреба во октомври 2021 по успешниот пилот проект во Гана, Кенија и Малави, каде што приближно 1 милион деца ја примиле вакцината. Ова е прва вакцина против маларија одобрена од СЗО, а други во моментов се во развој.
„Оваа многу потребна нова вакцина против маларија RTS,S ќе помогне да се заштитат илјадници мали деца од оваа смртоносна болест“, вели Жералд Косе, Претседавач на Епископите на Црквата. „Благодарни сме што сме дел од оваа историска иницијатива.“
RTS,S делува против Plasmodium falciparum, најсмртоносниот малариски паразит во светот и најраспространетиот во Африка. RTS,S е првата вакцина препорачана за превенција на маларија кај децата во области со умерен до висок пренос на маларија.
Министерот за здравство на Гана и Светецот од Подоцнежните Дни Куеу Агиман-Ману рече дека со оваа вакцина против маларија може да стави крај на долгогодишните страдања во земјата од оваа „страшна болест“.
„Во заедниците во мојата земја, луѓето се ентузијасти и побарувачката е голема,“ рече тој.
Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ja поддржува Гави, Алијансата за Вакцина од 2011 година. Црквата обезбедува финансиска поддршка на истакнати глобални партнери за имунизација за набавка и испорака на вакцини, надзор на болести, одговор на епидемија, обука на здравствени работници и развој на програми за елиминација и искоренување. Резултатот од овие напори е што поголем број на имунизирани деца и помалку изгубени животи поради маларија, сипаници, рубеола, мајчински и неонатален тетанус, полио, дијареа, пневмонија, жолта треска и други болести.
„Програмите за имунизација се инвестиција во човечки капитал“, рече Министерот за Здравство на Сиера Леоне, Остин Демби. „Тие го подобруваат јавното здравје, очекуваниот животен век и работните резултати. Тие се аванс за идниот економски развој.“
„Овој долгоочекуван напор да се вакцинираат децата против маларија навистина ќе спаси животи,“ рече Генералната Претседателка на Здружение за Помош Камила Н. Џонсон. „Тоа е прекрасен начин на кој можеме да помогнеме да се обезбеди олеснување, како што Спасителот би сакал.“
Хуманитарни Напори на Црквата на Исус Христос
Преку нејзините хуманитарни заложби, Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните дни олеснува страдање, ја зајакнува самодовербата и обезбедува можности за служба. Црквата го следи предупредувањето на Исус Христос да ги нахрани гладните, да ги напои жедните, да ги дочека странците, да го облече голите и да ги посети болните и измачените.
Хуманитарниот дострел на Црквата е овозможен благодарение на дарежливите донации и волонтерската работа на Светите од Подоцнежните Дни и пријателите на верата. Повеќе од 6 милини часа работа се обезбедуваат секоја година од волонтерите за поддршка на иницијативите за благосостојба.
Црквата спонзорира проекти за помош и развој во повеќе од 190 земји и територии и обезбедува помош без разлика на раса, верска припадност или националност. Помошта се заснова на основните принципи на лична одговорност, поддршка на заедницата, самостојноста и одржливоста.
Проектот за вакцинација од маларија делумно се финансира од Добротворната Оргазизација на Црквата во Австралија.
За Гави, Алијанса за Вакцинација
Гави е меѓународна организација основана да го подобри пристапот до нови и недоволно употребени вакцини за деца кои живеат во најсиромашните држави во светот. Од 2000 година Гави помогна да се вакцинираат приближно една милијарда деца, спречувајќи повеќе од 16 милиони идни смртни случаи.