Хуманитарните напори на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни во Турција и Сирија продолжуваат пет месеци по земјотресите на 6 февруари, 2023 што ги погодија двете земји. Овие напори се прошируваат и во Турција со започнување на нови проекти. Напорите на Црквата продолжуваат да ја координираат оваа работа со турските власти преку AFAD, турската владина агенција за управување со катастрофи.

Рама Ширум Светот се претставува на отворањето на болницата.


Др. Умит Тирак Директор на Министерството за Здравство на Газинтеп и се заблагодарува на Рама Ширум Светот и црквата за донацијата Др. Умит Мулту Тирајк, Сарешина Питер Хубер, Др. Шади Заза, Старешина Рубен Алио.


Компанијата Еркенек работи по осум часа секој ден за да ја достави водата од црквата.


Компанијата Анексис започна да произведува 100 000 кутии со храна.


Др. Умит Тирјак директор на Министерството за здравство на Газиантеп, Старешина Алио Обласно претседателство, Старешина и сестра Хубер Мисионери за Благосостојба, Др. Шади Заза Претседател на Рама Ширум Светот официјлно го отвораат проширениот дел од Болницата во Газиантеп.


Добавувачот Турмакс го обучи мдицинскиот персонал како да користи медицинска опрема.


Третата од петте мобилни болници донирана од Црквата во Пајас, Хатај.


Третата од петте мобилни болници донирана од Црквата во Пајас, Хатај.


Просторија за прегледи од мобилната клиника.


50 000 дечиња добија по два пара кратки панталони и три маици на 28 јуни.


Пет до шест камиони флаширана вода донирана од Црквата оди во погодените области секој ден.


Прославата на отворањето на проширениот дел од Болницата Газиантеп.

Менаџерот за Благосостојба и Самостојност на Европската централна област, Кристијан Отикер, разбира дека во екот на разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија во февруари 2023, стоиме одлучни во нашата заложба да го олесниме страдањето, да го одржиме човечкото достоинство и да им дадеме надеж на сите погодени. Во координација со владата и со помош на многу други организации за помош, ја споделуваме одговорноста да обезбедиме помош до раселените заедници. Под раководство на Обласното претседателство на Црквата во Централна Европа, остануваме посветени во стоењето рамо до рамо со народот на Турција, пружајќи рака на помош на патот кон исцелување и реставрација.
Еден од новите проекти се состои од дистрибуција на вода до населението погодено од земјотресите. Ова е многу потреба помош, имајќи ја во предвид уништената инфраструктура и високи температури вообичаени за летото. Во текот на наредните два месеци, ќе бидат дистрибуирани пет милиони шишиња од 1.5 литри вода Првиот од шестте камиони кои секој ден се товарат, беше натоварен со 16800 шишиња вода на 19 јуни 2023 , во градот Малатиа, каде што постои природен извор на вода. Овие камиони ќе ја доставуваат флашираната вода во различни магацини на AFAD во четири градови лоцирани во главните погодени области - Адијаман, Хатај, Кахраманмарас и Малатија Оттаму, водата потоа се дистрибуира до камповите во кои моментално живеат илјадници семејства.
Во јуни започна и нов проект за дистрибуција на 100.000 кутии со храна и 200.000 дополнителни хигиенски комплети . Го следи истиот начин на дистрибуција за погодените области преку локалните објекти на AFAD во погодените области. Првиот камион натоварен со 2184 кутии со храна замина во текот на првата недела од јуни. Камионите што носат комплети за хигиена може да се натоварат со максимум по 3.000 единици секој.
Сите предмети беа набавени и купени локално, дозволувајќи и на локалната економија да се застане на нозе а за возврат дозволувајќи што повеќе луѓе да се вработат повторно. Старешина и Сестра Хубер, волонтери на служба кои ја координираа работата во земјата спомнаа дека „Бидејќи многу луѓе ги загубија не само своите домови и имоти, туку и нивните работни места, за нас беше важно да им дадеме на овие луѓе нови можности за работа секогаш кога е можно. Затоа, при нарачката на вода, ангажиравме компанија која и самата е погодена и оштетена од земјотресот Компанијата ја поправи штетата, вклучувајќи повеќе луѓе и е многу благодарна за големата нарачка од црквата. Ова и помага на компанијата да опстане.
Кутиите за храна вклучуваат основни намирници како шекер, сол, ориз, различни видови грав, булгур, тестенини, џем, сончогледово масло и доматно пире. Комплетите за хигиена меѓу другите предмети вклучуваат сапун, детергент, тоалетна хартија, санитарна опрема, хигиенски средства и долна облека за мажи и жени. Секојдневно, кол центрите формирани од AFAD во четирите поголеми градови добиваат барања кои редовно доаѓаат од секоја шатор и камп со контејнери во соодветните области на соседства и ги координираат испораките на ваквите артикли во рок од 24 часа.
Црквата, исто така, помогна да се донира нова детска облека, која обично се поврзува со прославување на Бајрам, или празник на принсеување на жртва, еден од најстарите Муслимански празници во Турција. Ја одбележува приказната за пророкот Авраам кој покажал покорност кон Бога согласувајќи се да го жртвува неговиот син. Бог му испратил овен да биде жртвуван место него. Празникот на принсеување на жртва се паѓа 70 дена по празнувањето на Рамазан и подоцна еволуирал во Турција за да стане семејна прослава и наместо да жртвуваат животни, луѓето донираат за сиромашните и на добротворните организации.
Исто така обичај е да се носи најдобрата облека за време на овој празник, и традиционално децата очекуваат како подарок да добијат нов комплет облека. Со уништувањето предизвикано од земјотресите, најголемиот број на семејства едноставно нема начин да ги купи овие облеки. Раководството на Централно Европската Област одлучи да помогне и да обезбеди 50 000 кеси со облека за деца во осум големини за момчиња и девојчиња.
Собирањето, сортирањето и дистрибуцијата на овие облеки е направена со помош на волонтери од црковните служби и членови на Црквата кои живеат во Турција. Беше завршено навреме, бидејќи празникот оваа година се славеше на 28 јуни. Старешината Рубен В. Алио, втор советник во Претседателството на Централна Европа, учествуваше во дистрибуцијата на детска облека.
Црквата започна и нов проект кој има за цел да обебеди 5000 клима уреди што ќе бидат инсталирани во контејнерите за живеење кои се привремени живеалишта на многу семејства. Со температури кои во текот на лето достигнуваат од 40 до 50 степени целзиусови, условите во овие привремени живеалишта се исто така екстремни. Можноста за намалување на температурата им дозволува на семејствата да живеат и да се одморат навечер. AFAD нарачува и 50.000 еркондишни и се очекува нивната инсталација да ја изврши локалниот добавувач Беко и другите компании. Овој проект ќе биде завршен во наредните недели.
Уште еден нов проект спонзориран од Црквата беше изградбата и дистрибуцијата на 50 контејнери за живеење за здравствениот и медицинскиот персонал кој во моментот работат во главната болница во Антакија, во областа Хатај. Овие специјални контејнери за домување вклучуваат две еднокреветни соби, два тоалета и единица за климатизација. Проектот се спроведува во соработка со Министерството за здравство на Турција и ќе биде завршен до средината на месец јули.
Другите проекти за помош што ги иницираше Црквата неколку дена по земјотресот се при крај. Последната мобилна болница од петте што ги обезбеди Црквата беше поставена во градот Алтинозу, провинцијата Хатај и беше отворена на 22 јуни 2023 година. Други четири локации се градот Ерзин, градот Пајаз и градот Јајладаги, исто така во провинцијата Хатај, и градот Огузели во провинцијата Газиантел. Медицинскиот персонал кој работи во овие мобилни болници првично работеше во болниците во погодените области кои повеќе не можат да работат поради претрпените штети. Секогаш кога овие мобилни болници за итни случаи повеќе не се потребни, тие ќе бидат складирани во централен објект во Турција и по потреба ќе бидат подготвени да бидат распоредни во други делови од земјата.
Се ближи кон крај уште еден проект за обезбедување 500 контејнери за сместување на лицата кои се раселени поради земјотресите. 434 единици се веќе инсталирани во неколку кампови околу Антакија, а останатите 66 единици ќе бидат инсталирани во текот на месец јули 2023 година. Овие контејнери се користат за сместување на семејства во подобри услови и постепено заменување на шаторските кампови.
Исто така неодамна заврши рехабилитацијата на ‘Болницата за Едукација и Истражување Др. Ерсин Арслан’ во градот Газијантеп. Болницата беше тешко оштетена од земјотресите и во најголем дел беше евакуирана. Другите болници во таа област се прекумерно пополнети со пациенти. Следејќи ја поканата на Рахма Ширум Светот, НВО што обезбедува грижа и помош ширум светот, локалното раководство на Црквата одлучи да обезбеди фондови за да помоге да се обноват и реновираат првото и второто ниво на болницата, за да може да се сместат и третираат дополнителен наплив на пациенти. Пред земјотресите, болницата имаше приближно 2000 приеми дневно, таа бројка се удвои по земјотресот.
По еден месец работа, беше инагуирана нова болничка област кој вклучува два дополнителни спрата на 22 јуни 2023 година. Директорот за Здравство на Провинцијата Др. Умит Мутлу Тириако ја изрази својата благодарност на Рама Ширум Светот и Црквата за оваа значајна донација. Локалните компании што беа вклучени во изведувачката работа исто така беа многу благодарни за можноста повторно да го започнат својот бизнис и да го обезбедат многу потребното вработување во областа.
Старешина Рубен В. Алио, од Претседателството на Централно Европската Област, изрази длабока благодарност за можноста да биде сведок на непроменетата црковна заложба да им помага на жртвите од разорните земјотреси. Присутен на инагурацијата на ново реконструираната област од болницата во Газинтроп, Старешина Алио нагласи дека „оваа сочувствителна помош ја поедноставува црковната посветеност за следење на учењата на Исус Христос, што повикуваат на сите да се грижат за оние кои имаат потреба од тоа. Преку овие напори, Црквата продолжува да ја демонстрира својата искрена мисија на носење помош и надеж на оние кои се соочуваат со неволја.“
Хуманитарни Служби на Црквата на Исус Христос
Хумнитарните служби на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни го ублажуваат страдањето, ја поттикнуваат самостојноста и обезбедуваат можности за служење. Таа го следи предупредувањето на Исус Христос да ги нахраниме гладните, да им дадеме вода на жедните, да го примиме странецот, да ги облечеме голите и да ги посетиме болните и оние кои се погодени.
Црковниот хуманитарен дострел е овозможен преку несебични донации и волонтеризам на Светите од Подоцнежните Дни и пријателите на верата. Повеќе од шест милиони часа работа се обезбедуваат секоја година од волонтери за поддршка на иницијативите за благосостојба.
Црквата спонзорира проекти за помош и развој во повеќе од 180 држави и територии и дава помош без оглед на расата, верската припадност или националноста. Помошта се базира на основните принципи на лична одговорност, поддршка на заедницата, самостојност и одржливост.
Проектите во Турција и Сирија се делумно финансирани и од Добротворните Организации на Светците од Подоцнежните Дни во Австралија.