Водачите на УНИЦЕФ, САД ги посетија хуманитарните локации на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, во Солт Лејк Сити, Јута во четврток, 12 јануари 2023 година. УНИЦЕФ и Црквата прославуваат едан деценија соработка за да им помогнат на децата кои имаат потреби ширум светот.
Делегацијата беше пречекана од постарите црковни водачи и црковниот Оддел за Благосостојба и Самостојност при седиштето на Црквата Тие присуствуваа на вечера во „Temple Square“, Храмскиот Плоштад среда вечер со старешина Гери Е. Стивенсон од кворумот на Дванаесет Апостоли, Претседавачот Епископ Жералд Косе и Претседателката на Здружение за Помош Камил Н. Џонсон и Блејн Р. Максфилд управен директор на Службите на Добросостојба и самостојност.

„Изразуваме благодарност за долготрајната соработка со УНИЦЕФ САД. Нивната дејност да се грижат за ранливите категории на деца и семејства ширум светот тесно се усогласува со глобалниот фокус на Црквата за исхрана во рано детство. Се трудиме да го следиме Христосовото предупредување да ги сакаме и да им служиме на нашите ближни“, вели Жералд Косе.
„Возбудени сме поради оваа можност да соработуваме со УНИЦЕФ, САД за да помогнеме во обезбедување подобра исхрана и здравје за децата“, вели Претседателката Џонсон.
„Буквално сум шокиран од сето она што го видовме“, вели Мајкл Ниенхуис, претседател и извршен директор на УНИЦЕФ САД, за време на неговата прва посета на Солт Лејк Сити. Ниенхуис е со седиште во градот Њујорк. „Вие не сте само добродетели. Вие сте во суштина повикани да го работите ова, и мислам дека повикот што го имаат верниците ги прави попосветени во извршување на оваа работа,“ вели Ниенхуис.

Шерон Јубанк, директорка на Хуманитарните Служби за целата Црква, ги предводеше обиколките низ Хуманитарниот Центар и Плоштадот за Добросостојба за водачите на УНИЦЕФ, САД.
„Се надевам дека ќе видите три работи“, рече сестра Јубанк на групата. „Се надевам дека ќе видите докази за луѓе кои се обидуваат да ја стават својата вера во Исус Христос во некаков вид на практично делување. Се надевам дека ќе видите почит кон достоинството на човечката душа, на сите луѓе, без разлика на кои верски или традициски или политички убедувања припаѓаат. И се надевам дека ќе видите дека етиката на доброволно служење (без да бидете платени за тоа), е добра како за општественото ткиво, така и за човечката душа.“
Водачите на УНИЦЕФ САД, се состанаа со Претседавачката Епископија на Црквата на Храмскиот Плоштад.
„Мислам дека постојат неколку области каде можеме да работиме навистина ефикасно со Црквата, а една од нив е областа на имунизација“, појасни Ниенхуис. „А потоа, тука е областа на исхраната. Сведоци сме на масовна нутриционистичка криза за децата ширум светот денес.“

Историја на Собработка
Во 2013 година, Црквата на Исус Христос го поддржа УНИЦЕФ Јордан со вакцинација. Во 2014 година, Црквата се приклучи на коалицијата партнери за поддршка на програмите за елиминација на тетанус кај мајките и новороденчињата.
Црковната поддршка достигна 10 милиони жени со вакцина што ќе ги заштити мајките од неонатален тетанус, помагајќи да се намали бројот на држави со овој тежок товар од 50 на 12.
Првото партнерство за итни случаи се одржа во 2015 година, во обид да им се помогне на бегалците во Европа. Повеќе од 115 000 деца беа згрижени преку партнерството „Учењата за Живот“, кое започна во Демократска Република Конго, Кенија, Судан и Уганда во 2018 година. Во 2021 година, Црквата се приклучи на глобалните напори за дистрибуција на вакцината за заштита од КОВИД-19.
„Оттогаш доставивме 1.8 милијарди дози на вакцината ширум светот и помогнавме да се стави крај на кризата предизвикана од КОВИД,“ забелажа Ниенхуис.
Покрај тоа, минатата година, Црквата учествуваше во глобалната програма на УНИЦЕФ за спречување и лекување на неухранетост кај деца.

„Овој глобален напор е особено усогласен со мисијата на црквната организација „Здржение за Помош“, за олеснување на страдањето која ги вклучува и децата кои страдаат од неухранетост“, вели Претседателката Џонсон. „Ја изразуваме нашаат љубов за децата ширум светот и посветени сме на работењето да помогнеме да се стави крај на опасните за живот форми на неухранетост и да обезбедиме поздрави, посреќни животи за младите деца.“
„Не постои подобра организација од УНИЦЕФ за пристап до најтешките места и најдолготраен престој за да се обезбеди најранливите категории на деца да имаат пристап до оние работи кои им се потребни,“ додаде сестра Јубанк. „На места каде што Црквата можеби нема конгрегации, канцеларии или камиони, УНИЦЕФ е таму, и вашата заложба е да останете таму. И мислам дека видовме како влијание има тоа.“
„Видов дека денес Црквата навистина е соживеана со Исусовата мисија да биде Неговата подадена рака и нозе во нејзините заедници, а потоа и низ целиот свет,“ заклучи Ниенхуис.
„Клучен приоритет за Црквата е да обезбеди олеснување на зголеменото ниво на глад и неухранетост низ целиот свет,“ рече Максфилд. „Нашиот придонес и соработката со УНИЦЕФ, САД им помага на најранливите деца и мајки низ целиот свет.“
