Солт Лејк Сити, Јута

Претседателот М. Расел Балард почина на 95 години

Пророкот го фали како човек на преобраќање, посветеност и осветување

Претседателот М. Расел Балард, Вршител на Должност Претседател на Кворумот на Дванаесетте Апостоли, во 2018.
Претседателот М. Расел Балард, Вршител на Должност Претседател на Кворумот на Дванаесетте Апостоли, во 2018.

Со тага објавуваме дека Претседателот М. Расел Балард, Вршител на должноста Претседател на Кворумот на Дванаесетте Апостоли на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, почина. По краток престој во болница, тој се вратил во својот дом од каде ги извршуваше своите должности најдобро што можеше пред да почине околу 23:15 часот на 12 ноември 2023 опкружен со своите најблиски. Тој имаше 95 години.

Претседателот Балард стана апостол на 6 октомври, 1985. Беше прогласен за Вршител на Должност Претседател на Кворумот на Дванаесетте Апостоли на 16 јануари, 2018 година. Како и апостолите од новозаветно време, така и денешните Апостоли се повикани да бидат посебни сведоци на Исус Христос. Претседателот Балард беше еден од 15 луѓе кои го надгледуваа растот и развојот на глобалната Црква, која денес брои повеќе од 17 милиони членови.

„Претседателот Балард никогаш не бил неодлучен“, вели Претседателот на Црквата, Расел М. Нелсон. „Тој точно знеше што поучува Господ и како тоа може да се примени во нечиј личен живот и да донесе радост и среќа.“

„Соработувавме заедно, и секогаш ми се допаѓаше неговиот топол однос“, изјави Претседателот Далин Х. Оукс од Првото Претседателство, кој служеше со Претседателот Балард во Кворумот на Дванаесетте Апостоли повеќе од три децении. „Тој беше човек од доверба. И тој беше човек кој ви веруваше.“

Претседателот Балард остави седум деца, 43 внуци и 105 пра-правнуци и едно пра-прапвнуче.

Деталите за погребот се во тек.

Учење на Работна етика Рано во Животот

Мелвин Расел Балард се роди во Солт Лејк Сити, Јута на 8 октомври 1928 год., од Мелвин Р. и Џералдин Смит Балард. Ги стекнал своите работни навики рано во животот–во автосалон. Неговиот татко ја основал Компанијата „Барард Мотор“, а младиот Расел, единственото момче од семејството со четири деца, работел во секој оддел од компанијата, вклучително и возење автомобили околу паркингот за употребени автомобили додека бил едвај тинејџер.

Едногодишниот М. Расел Балард во 1929.
Едногодишниот М. Расел Балард во 1929.

Ова искуство поставило работен пример што добро му послужил на Претседателот Балард во сите аспекти од неговиот живот. „Од мојот татко научив дека кога ќе започнам нешто, треба и да го завршам“, вели тој. „На крајот на денот, на ваше задоволство испаѓа дека или ќе победите, и ќе станете профитабилни, или ќе сознаете дека нема да успеете, и ќе се оддалечите, но никогаш не заминувајте прашувајќи се дали сте подготвени да останете на тоа.“

Таквиот истраен став ќе му биде од корист во текот на неговиот живот–вклучувајќи ги неговите денови поминати на Универзитетот во Јута; неговиот професионален живот во автомобилскиот, инвестицискиот како и секторот со недвижен имот; и неговите најразлични мисии во Црквата.

„Неговото искуство во бизнисот му послужи при поставување на длабоки прашања што треба да се одговорат кога предлагате програма или кога се прашувате, ‘Дали ефикасно ги користиме ресурсите?’” Рече Претседателот Оукс.

Црковен Водач со Крвта на Пророците во Неговите Вени

Претседателот Балард има бисти на тројца познати црковни водачи во неговата канцеларија: Основачот на Црквата Џозеф Смит и неговиот брат Хајрум (пра-пра-прадедо на Претседателот Балард), како и синот на Хајрум, Џозеф Ф. Смит, кој беше шестиот верски претседател. Нивната оставина на Христијанско учеништво, кое секако, го вклучува и мачеништвото на Џозеф и Хајрум во 1844, претставуваа мотивација за Претседателот Балард сѐ до неговите последни денови.

„Кога сватив кои беа тие а кој сум јас, беше неверојатно“, кажа Претседателот Балард во 2019 година. „Постојано сум свесен дека имам одговорност поради самиот фактот што сме роднински поврзани. Постојано ги слушам како велат, ‘Активирај се; направи нешто достојно. Ајде оди, момче; немој само да седиш таму.’ Тие беа луѓе од акција. Тие мораа да бидат луѓе од акција.“

Тој сакаше секој Светец од Подоцнежните Дни, вклучувајќи ги и сопствените деца, подлабоко да размислува за верскиот живот на овие ранохристијански црковни водачи Му кажа на својот син Крег, деветнаесетогодишен мисионер во тоа време, „Запомни, крвта на пророците тече нив твоите вени.“

„Па, нема некој притисок таму“, се сеќава на размислувањето Крег. „[Мојот татко] ги гледаше [овие бисти] секој ден во неговата канцеларија … и мислам дека чувствуваше дека мора да даде сѐ од себе. Тој го всади тоа чувство во сите нас.“

Претседателот Нелсон рече дека преобраќањето, посветеноста и осветувањето „беа во крвта на [Претседателот Балард] . Можете ли да замислите — ја имавме привилегијата да седиме покрај човекот кој е пра‑пра‑внук на Хајрум Смит. А Џозеф Смит беше неговиот пра‑пра‑вујко. Секој ден, чувствувам длабока благодарност за привилегијата да се дружам со директниот потомок на овие почитувани водачи. Тој го има истиот интегритет кој тие го имаа.“

Претседателот Балард беше мисионер на Британската Мисија од 1948 до 1950.
Претседателот Балард беше мисионер на Британската Мисија од 1948 до 1950.

Во ова последно конференциско обраќање дадено на први октомври 2023, тој зборува за Претседателот Џозеф Смит и за неговата централна улога во обновувањето на евангелито на Исус Христос и за благсловите во него.

Црковната служба на Претседателот Балард го вклучуваше времето кога тој беше млад мисионер во Англија, епископ, претседател на Канадската Мисија во Торонто, член на Претседателството на Седумдесетте и апостол подолго од три децении.

„Не би го направил ова за пари“, рече Претседателот Балард. „Не можевте да ме вработите за пари за да го направам она што од мене се бара како член на Кворумот на Дванаесетте. Туку за Господа, тоа е најголемата привилегија што некогаш може да му се даде на еден човек. Ние сме сведоци на реалноста на животот и службата на Господ Исус Христос.“

Претседателот Балард ја сваќаше својата одговорност сериозно, без разлика дали тоа беше во улога на поранешен претседател на мисионерскиот совет на Црквата (што вклучуваше работа во развојот на водичот со упатства за сите мисионери „Проповедај го Моето Евангелие“), со тогашни повеќе од 50 000 мисионери под негова одговорност, или како татко на пет ќерки и два сина.

Посебен Сведок, Посебен Татко

Претседателот Балард вели дека некои од неговите најголеми искуства доаѓаат од поучување на сопствените деца за евангелието на Исус Христос. „Учите да ги доловувате моментите на учење, и ако сте будни и претпазливи, тие доаѓаат, а кога тие моменти се тука, срамно е за таткото да ја пропушти можноста да ги научи своите деца на некој принцип.

Еден таков момент дојде во доцните 1980-ти откако Претседателот Балард стана апостол. Крег, неговиот најстар син, признава дека бил „малку огорчен“, што неговиот татко бил постоајно отсутен на задача. Не било лесно да се сподели човекот кого тој го нарекува „Тато“ со Светците од Подоцнежните Дни ширум светот. „Кога бев млад, не разбирав“, вели Крег. За среќа, Претседателот Балард го согледал тоа недоразбирање. Препознавајќи ја можноста за поучување, Претседателот Балард го одвел Крег на црковна Мисија во Тонга и Самоа.

„Кога се симнавме од авионот, за прв пат сватив како другите гледаат на него“, вели Крег. „Многумина одеа цели два дена само за да дојдат и да видат некој апостол. Тоа е моментот кога интимното познавање на оваа личност се смени од товар во благослов за мене.

Тоа беше, вели Крег, одраз на дарбата на Претседателот Балард не само да му каже нешто на својот народ туку и да ги поучи.

„Не велеше напразно, ‘Па оди и справи се со тоа.’ Знаеше дека јас треба да го разберам тоа, и дека морам да станам дел од подршката на неговиот повик,“ вели Крег. „Тоа беше одлично искуство за мене, да го научам тоа, а тој тоа го направи многупати и на уникатни начини. Не само што беше посебен сведок – тој беше посебен татко“.

Уште еден момент на поука дошол откако неговата ќерка на училишна возраст, Тами си играла со пријателите во автомобилот кој некако се превртел наназад, и ја смачкал вратата Тами изјавила дека била скаменета кога дознала дека автомобилот за кој мислела дека му припаѓа на нејзиниот татко всушност му припаѓа на некој друг. Претседателот Балард рекол дека кога дошол дома и го видел изгледот на лицето на неговата ќерка, знаел да го има целосно нејзиното внимание. „Ја поучив дека е многу подрагоцена од кадилакот што го смачкала и дека многу ми е поважно тоа што и се случува во животот, и колку таа ми е драгоцена:“. Ние можеме да ја поправиме колата, но доколку таа направи нешто лошо во животот, тоа ќе биде многу потешко да се поправи.“

Претседателот М. Расел Балард и неговата сопруга, Барбара.
Претседателот М. Расел Балард и неговата сопруга, Барбара.

„Ќе биде запаметен како прекрасен сопруг и одличен татко“, вели Претседателот Нелсон. Ова му беше неговиот најважен приоритет. Тој ни постави добар пример по ова прашање, иако имаше многу временски ограничувања. Неговото семејство секогаш беше на прво место.“

Во текот на годините, децата на Претседателот Балард зависеа од неговата духовна сила. Неговата покојна сопруга, Барбара, рече, „Кога бевме на мисија во Канада, нашето мало момче само што почнуваше да посетува градинка и не познаваше никого. Беше исплашен. Мојот сопруг го одведе во канцеларија, клекна со него и му се молеа на Небесниот Отец да му помогне да си најде пријатели. Се молеа неколку дена по ред. На тој начин им помогна на неколку од нашите деца кога тие имаа посебни потреби“.

Балардови не само што редовно се молеа заедно, туку и играа заедно на авантуристичките семејни одмори. Претседателот Балард се потсети на едно патување за Калифорнија и на еден од првите моторни кампови (камп приколка) што излегоа од производствената линија. „Ги одведов во Кинескиот кварт, и сите во Сан Франциско гледаа во тоа големо чудо, покажувајќи со прст кон него и се смееја“, вели тој. „Не можев да најдам паркинг, па ги пуштив сите да излезат во Кинескиот кварт и продолжив да возам околу овие ридови на Сан Франциско и на крајот ги вратив сите назад“.

Венчавката со Неговиот „Ангел“, Барбара

Претседателот Балард не можеше да зборува за неговото семејство а да не да ја пофали Барбара. „Таа е едноставно ангел. Ужасно е тешко да се живее со некој кој е речиси совршен“, вели тој. Тие се запознале на игранка за време на „Hello Day Dance“ на Универзитетот во Јута. Не само што беше убава, туку беше и блескава личност. Од почетокот знаев дека сакам да се венчам со неа, но таа не ги делеше истите чувства. Беше малку тешко да ја убедам. Ја задевав дека тоа што ја натерав да се венча за мене беше најголемата продажна зделка што некогаш сум ја склучил“.

Претседателот Балард ја пофали Барбара како прекрасна мајка чиј смирен пристап го направи семејниот живот рај. „Ако ги доведете и прашате сите наши седум деца, дали некогаш слушнале како нивната мајка го подига гласот во нашиот дом, ќе ви одговорат не; таа никогаш не го направила тоа. Имаше темперамент кој ѝ овозможуваше да работи во кризни моменти на смирен и тивок начин. Таа е слатка, мила, грижлива, внимателна и нејзините деца ја обожаваат. Никој на светот не може да разбере што нашите деца чувствуваа за својата мајка“.

Нивното второ дете, Холи, се согласува. Таа вели дека љубовта на нејзините родители и почитта што ја имаа еден кон друг влијаеле на неа и на однесувањето на нејзините браќа и сестри на начин кој го обликува животот.

„Чувствувавме дека најдоброто место на кое треба да сме беше да бидеме дома и во тоа опкружување зашто нашите родители беа многу добри еден кон друг,“ рече таа. Научив дека треба да се однесувам кон секого со почит. А тие беа толку добри додека го правеа тоа со нас децата.

Претседателот Оукс, кој беше повикан во Кворумот на Дванаесетте Апостоли пред Претседателот Балард вели дека тој „многу се воодушевувал од начинот на кој Претседателот Балард се однесувал кон својот вечен сопатник, Барабара. Во нивните поодминати години, тој бил примерен сопруг. Толку внимателен. И толку нежен“.

Барабара почина на 1 октомври 2018, на 86 годишна возраст. Со својата карактеристична грациозност и смисла за хумор, се соочуваше со долга битка со одредени здравствени проблеми, вклучувајќи ја и Алцхајмеровата болест.

„Колку сум благодарен што знам каде е мојата скапоцена Барбара и што ќе бидеме повторно обединети заедно со нашето семејство, за вечност“, рече Претседателот Балард на генералната конференција пет дена по нејзината смрт.

Служба еден на еден

Нежните чувства што Претседателот Балард ги имаше кон своето семејство ги упатуваше и на оние што ги поууваше од говорницата. Во текот на едно обраќање за време на црковната генерална конференција во април 1980, тој ги повика Светците од Подоцнеѓните Дни да му ги испратат имињата на луѓе на кои им е потребна помош. Ветил дека на овие луѓе ќе им испрати писмо со охрабрување. Доаѓале стотици писма од целиот свет. Претседателот Балард на крај им напишал над 600 лични писма со охрабрување на луѓето кои имале потреба од духовна помош. Еден примател напишал, „Чувствувам дека вашето писмо беше вистински почеток на оваа фантастична промена во мојот живот, и го мислам тоа од дното на моето срце“.

Претседателот Расел М. Нелсон и Претседателот М. Расел Балард го посетија Папата Франциско во Ватикан во недела на 9-ти март, 2019. Старешина Масимо де Фео (лево) и Александро Дини-Чиачи (десно) од Седумдесетте ги придружуваа за време на посетата.
Претседателот Расел М. Нелсон и Претседателот М. Расел Балард го посетија Папата Франциско во Ватикан во недела на 9-ти март, 2019. Старешина Масимо де Фео (лево) и Александро Дини-Чиачи (десно) од Седумдесетте ги придружуваа за време на посетата.

„Треба да му се јавиме и да му помогнеме на овој“, рече Претседателот Балард. „Треба да изнајдеме начин за да си помагаме едни на други во ова патување низ смртноста. Мислам дека луѓето длабоко во себе се добри, и мислам дека тие сакаат да знаат што е вистина, но не знаат каде да ја пронајдат. Прашуваат, ‘Кој сум јас? Од каде доаѓам? Зошто сум овде? Каде одам? Каде води сето ова? Каде ќе ме одведе ова?“

Претседателот Балард ги запиша на хратија одговорите на овие прашања во кингата “Our Search for Happiness” (1993), која помогна да се поучат другите за Црквата и нивната цел во животот. Авторскиот живот на Претседателот Балард исто така ја вклучува и книгата „Counseling with Our Councils“ (1997), која ја користат многу локални водачи на Црквата ширум светот.

Во текот на сите свои искуства како сопруг, татко и апостол, Претседателот Балард се угледуваше на Исус Христос за инспирација и уверување во сите работи. Всушност, тој секогаш носеше мала сика на Спасителот во неговиот реверен џеб за охрабрување во тешките дни.

„Кога и да се обесхрабреше, ќе ја извлечеше и ќе погледнеше во [сликата на Исус Христос] и ќе помислепе, ‘Можам да го направам ова. Можам да направам сѐ за Него.’“ вели Холи.

Претседателот Балард дојде до сознание дека евангелието на Исус Христос е сидро во свет на променливи вредности. „Мое цврсто уверување е дека оние кои навистина се закотвени во својата вера во Обновувањето на евангелието на Исус Христос и во мисијата на Пророкот Џозеф Смит и во откровенијата кои дојдоа во Црквата преку него, кои потврдуваат и изјавуваат дека Исус Христос е Божји Син и дека евангелието е на земјата, ќе можат да се справат со сѐ што ќе им донесе животот.“

Старешина М. Расел Балард за време на неговата служба како мисионер во Англија во 1950.
Старешина М. Расел Балард за време на неговата служба како мисионер во Англија во 1950.
Претседателот М. Расел Балард ги поздравува присутните посетители на конференцијата на крајот од Саботната попладневна сесија на генералната конференција во Конференцискиот Центар во Солт Лејк Сити, Јута на 30-ти септември 2023.
Претседателот М. Расел Балард ги поздравува присутните посетители на конференцијата на крајот од Саботната попладневна сесија на генералната конференција во Конференцискиот Центар во Солт Лејк Сити, Јута на 30-ти септември 2023.