„Saints“, том 3 раскажува приказни за Светците од Подоцнежните Дни ширум светот

Најновото поглавје од црковната официјална историја ги истакнува придонесите на европските верници

father and daughter reading a book together
Saints Volume 3, book

Многу очекуваниот трет том на „Saints“ (Светите): Приказната за Црквата на Исус Христос во Подоцнежните Дни беше објавена денес на 14 јазици, доприрајќи до глобалната публика. Оваа најнова книга, насловена „Boldly, Nobly, and Independent,“ (Смело, Благородно, Независно) ја раскажува приказната за Светците од Подоцнежните Дни од 1893 до 1955—вклучувајќи ја изградбата на првиот храм на европското тло и искуството на практикување вера зад Железна Завеса.

Saints,“ Том 3 сега е достапна за купување преку црковната интернет продавница Црковна интернет продавница и на малопродажните места. Дигиталната верзија е достапна бесплатно на Црковната вебстраница и во делот Црковна Историја на апл Евангелска Библиотека.

Претходните томови на „Saints“ (Светите) се фокусира на почетоците од Обновувањето кога Светците од Подоцнежните Дни се собираат за да изградат храмови во Киртланд, Наву и Јута. Иако овие книги вклучуваат приказни од Англија, Скандинавија и Пацифичките Острови, токму во Том 3 приказната станува навистина глобална. Повеќе од половина од дејствието на книгата се одвива надвор од Соединетите Држави, со приказни поставени во Европа, Азија, Африка, Централна и Јужна Америка, и Океанија. Во кулминација на книгата, Претседателот Дејвид О. МекКеј го посветува храмот во Швајцарија, првиот во Европа. Европските светители повеќе немало да имаат потреба да го минуваат океанот за потполно да учествуваат во благословите на обновеното евангелие.

Saints books

„Читателите ќе пронајдат радост, на моменти болка, додека учат за искуствата на Светите ширум светот,“ вели Старешина ЛеГранд Р. Кертис Јр., црковен историчар и записничар. „Во овој нов том, ги добиваме првите погледи на храмовите кои ги благословуваат членовите на Црквата надвор од Северна Америка, и го гледаме моќното влијание што обредите во тие храмови го имаат врз Светите.“

Додека многу читатели се запознаени со поранешните периоди од црковната историја, „Saints,Том 3 на виделина го изнесува помалку познатиот период од историјата на Светците од Подоцнежните Дни. Тоа е време на модернизација, почнувајќи со луѓе кои патувале со кочии со влечни коњи и комуницирале преку телеграф и завршува во ерата на надзвучни авиони и телевизори во боја.

„Том 3 го опфаќа периодот на драматични трансформации во светот и црквата, во институциите и во секојдневниот живот и искуствата на луѓето,“ вели Лиза Олсен Таит, главен уредник на серијата . „Гледаме на овие трансформации низ призмата на секојдневните Светци ширум светот—млад свештеник од Синсинати, сестра мисионерка со говорен Јапонски на мисија во Хаваи, млад брачен пар кој се соочува со неизвесност и ограничување позади Брлинскиот Ѕид.“

two young women read a book together

Кога читателите се соочуваат со тешки економски последици, брутални глобални војни, и пандемија на грип во книгата, ќе препознаат дека држејќи се за верата во времиња на неволја не е ништо ново за Светците од Подоцнежните Дни. Има приказни за мажи и жени кои се соочуваат со сомнеж и угнетувања, но исто така и приказни за надеж и помирување кога црковните членови посегнуваат да служат и да ги благословуваат своите соседи.

За читателите кои сакаат да навлезат подлабоко во приказната за Светите, Црквата има објавено и десетици нови Црковна Историја Теми во Евангелска Библиотека, обезбедувајќи детален вовед за теми почнувајќи од Големата Депресија до Семинарии и Институти. Денес исто така се одбележува лансирањето на третата сезона на Подкастот „the Saints“, што се одвива позади сцената за да ви каже нешто повеќе за луѓето и настаните во книгата. Претходните сезони на подкастот достигнаа стотици илјади слушатели.

Saints,“ која на крајот ќе содржи четири тома, е третата повеќе томна официјална историја на Црквата. Џозеф Смит го нарачал и надгледувал пишувањето на првата црковна историја во 1830 -тите, која била публикувана на почетокот на 1842. Втората историја беше публикувана во 1930 од Помошникот Црковен Историчар Б. Х. Робертс, пред членството на црквата да достигне 1 милион членови.