
Еднаш кога Исус исцел слеп човек, „тој плукна на земја, направи кал со плунката и ги намачка со неа очите на слепиот, и му рече, Отиди и измиј се во бањата Силоам. … Тој отиде, се изми и дојде гледајќи“.[1]
Овој гест отсекогаш го привлекувал моето внимание. Во други ситуации, Неговите зборови или чудесниот допир на Неговата заштитничка рака биле доволни за верникот да биде исцелен. Но во оваа прилика, Тој направил кал од земја и Неговата сопствена плунка, потоа ги намачкал очите на понизниот и верен маж со неговиот исцелителен балзам, кој, откако ги измил очите, прогледал за прв пат во неговиот досегашен мачен живот.
Можеме да научиме нешто од овој милосрден настан, Неговиот дел (плунката) и нашиот (почвата) заедно произведуваат исцелителна кал што им помага на другите да постигнат духовна увид во нивните животи што ќе ги промени на подобро. Заедно со Господ, ние сме дел од таа кал, овозможувајќи им на Неговите чеда да гледаат на начин на кој Господ ги гледа нив.

Во приказната, Исус прашува: „Веруваш ли ти во Синот Божји?“[2]. Овој нов човек, со нови перспективи во животот, одговорил, „Верувам Господи. И му се поклони“.[3]
Ние не знаеме, но многу веројатно е дека животот на овој човек целосно се променил кога го добил физичкиот вид а исто така и духовен вид, и го посветил својот живот да се угледа на Исус Христос во служба на неговиот сонародник.
Особина карактеристична за покорните следбеници на Исус Христос е да ги споделуваат балгословите што ги добиле со сите оние кои се подготвени да слушаат и да ги примаат. Тоа се луѓе кои бараат ситуации да прават добрина и да ја споделуваат љубовта на Спасителот што ја добиваат од рацете на нивниот Учител.
Еден дождлив ден, мојата сакана сопруга Елиса, нашата мала ќерка Беатриз, и јас бевме во автомобилот приклучувајќи се кон автопатот, кога видов мала и изнемоштена постара жена како оди по страната на автопатот. Силниот дожд ги беше намокрил нејзините тенки алишта. Бевме премногу брзи за да застанеме, но се погледнавме и се свртивме најбрзо што можеме. Кога се вративме кај жената, го сопревме автомобилот а мојата слатка сопруга потрча да и помогне на кутрата женичка додека јас повикував полиција. Ја сместивме на седиште во нашиот автомобил, ја исушивме, и ја завиткавме во ќебе. И ветивме заштита и безбедност. Останавме со неа сé додека не пристигна полициската патрола, и по извршените истраги, полицајците ја зедоа под нивна грижа. Изразија благодарност за стореното за оваа жена која одеше со нејзиното тажно лице на опасно место.
Кога продолживме со патувањето, му бевме благодарни на Господ што ни дозволи да бидеме Неговите раце и да ја споделиме грижата и љубезноста со оваа осамена жена што Тој ја истура врз нас секој ден.
Кога го правиме нашиот дел, Господ го прави својот. Тој нé облагородува и нé возвишува до незамисливи духовни висини. Кога склучуваме свети завети со нашиот Небесен Отец, Тој нé врзува на посебен начин за да ни даде пристап до моќта на Помирувањето на Исус Христос. „Нашиот Отец сака подлабок однос со сите Негови синови и ќерки, но на нас е да избереме. Кога избираме да се приближиме до Него преку заветен однос, тоа му дозволува Нему да се приближи до нас и поцелосно да нé благослови“.[4]
Моја молба и покана е ние да бидеме таа почва што Тој ја искористи за исцелување. Јас сведочам дека Исус Христос е големиот исцелител на нашите души. За нашиот дел секогаш да биде соединет со Неговиот, за да можеме да станеме едно со Него и „да бидеме како Него“.[5]
Во името на Исус Христос, амин
[1] Јован 9:6–7.
[2] Јован 9:35.
[3] Јован 9:37.
[4] „Препуштете се на Господ Исус Христос“, Џ. Анет Денис, Генерална Конференција, април 2024
[5] Морони 7:48.