Во мојот ум јас често си ги повторувам и си ги ставам при душа зборовите на Нефи од почетокот на Книгата на Мормон. „Јас, [Џејмс], бидејќи бев роден од добри родители.“[1] Тие ме потсетуваат на благословите во кои уживам благодарение на моите исклучителни родители Џејмс Вилсон и Џудит Евелин МеКонки.
Како што размислував за моите неодамнешни родителски благослови, следните четири зборови од воведниот стих на Нефи ги додадов на мојот тивок рецитал. Тоа се зборовите „затоа бев поучуван.“[2]
Зошто Нефи се чувствуваше благословен што има „побожни“ родители? Бидејќи Лехи и Сарија го поучуваа за работите како што се од каде дошол, како да управува со животните предизвици, и каква природа имаат Божјата мудрост и љубов.[3] Нефиевото чувство на благодарност за работите што неговите родители ги споделиле го навеле да „водев запис за своите постапки во текот моите дни.'[4] Сето ова во искажано во почетокот на првиот стих од Книгата на Мормон!
Во текот на животот, и јас исто така бев поучуван од родителите. Кога наполнив дванаесет години, ми дадоа нов комплет свети писма и неколку книги кои се однесуваат на учењата за Обновувањето и неговата историја. Започнав со читање и со малку совет и охрабрување од родителите, секое неделно попладне седнував со барем еден од нив за да продискутираме и обработиме што сè сум прочитал и како размислувам. Како и Нефи, јас дознав од каде доаѓам, како најдобро да управувам со животните предизвици и од каква природа е Божјата мудрост и љубов. Јас исто така дознавав за историјата на Црквата, како таа може да го збогати моето животно искуство и да го зајакне моето сведоштво како млад член. На некој начин, кај секој од нас во секоја наша дискусија, пронаоѓавме по нешто за Исус.
Понекогаш овие неделни сесии наместо да бидат фокусирани на проучување на евангелието се претвораа во разговор за пријателите, работа, односите или училиштето. Моите родители многупати ќе ме ислушаа. Добрите учители често прават така. Но, низ целиот тој процес јас учев.
Можеби уште поважно од информациите што ги апсорбирав беше начинот на кој моите родители ми помогнаа да го разберам и да создадам сопствен став за наученото. Присеќавајќи се на ова искуство и гледајќи како тоа се повторува во животите на сопствените деца, највредниот дел од тие неделни сесии наменети за проучување беше учењето како да се разбира. Во пренесувањето на таа вештина на мене и на моите браќа и сестри, моите родители се водеа од почитувањето на Господовата покана во Учење и Завети 68:25 дека родителите „поучуваат [своите деца] да разбираат за учењето,“ а не само да ја прочитаат. (Додаден акцент.) Сега сфаќам дека разбирањето се разликува од собирањето на информации. Да умееш да сфатиш е да станеш помудар. Мудроста е она што Бог го сака за секое од Своите деца.
Во своето прво обраќање кон светот како апостол претседавач и висок свештеник на Господ, Претседателот Оукс го потврди семејството, без оглед на неговиот состав, како единствена и највлијателна средина за учење.[5] Тој користи зборови како што се поучува, образува, дава пример, заедно, време, демонстрира, ветува, модел, љубов, трпение и обединување за да ги опише многуте начини на кои некој родител може да поучува дете а детето да научи.[6] „Светците од подоцнежните дни сè уште имаат“, објасни тој, „од Бога дадена одговорност да ги поучуваат своите деца и да се подготват за судбината на нашето семејство во вечноста (види Учење и Завети 68:25).“[7] Тој го потврди Господовиот повик дека родителите треба да им помагаат на своите деца да научат како да разбираат.
Додека приливот на информации што ги преплавува нашите електронски поштенски сандачиња, телефони, компјутери и животи продолжува да расте, благодарен сум за овој пророчки потсетник да им помогнам на оние што ги сакам подобро да разбираат и да станат помудри.
[1]1 Нефи 1:1
[2] ИД
[3] Види, на пр. ИД (Забележете дека Нефи бил поучуван за „сé што [неговиот] татко научил” (од каде дошол), по нешто за „маките“ (како да се управува со животните предизвици) и за „божественоста и Божјите тајни“ (од каква природа се Божјата мудрост и љубов))
[4] ИД
[5] President Dallin H. Oaks, The Family Centered Gospel of Jesus Christ, Liahona (October 2025).
[6] ИД
[7] ИД, во стих 11.