23 април е Светскиот ден на книгата кога се потсетуваме дека книгите значително влијаат на начинот на кој луѓето се гледаат себе си и општеството. Книгата на Мормон е книга која луѓето ширум светот ја почитуваат како свето писмо.
Првото печатено издание на Книгата на Мормон во 1830 год. вклучуваше 5000 примероци. До 2000 год., беа дистрибуирани повеќе од 100 милиони примероци, а во последната година, бројот на примероци се зголеми повеќе од двојно поради зголемениот број на лица кои се обидуваат да дознаат нешто повеќе за Исус Христос и Неговата улога во нивните животи.
Секој на својот сопствен јазик.
Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, со верници чиј број надминува 17 милиони ја издава Книгата на Мормон на 113 јазици—92 целосни преводи и 21 извадоци од Книгата на Мормон. Старешина Дејл Г. Ренланд, апостол во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, ја нагласи важноста луѓето да бидат во можност да ја прочитаат оваа книга од светото писмо на нивниот сопствен јазик. Старешина Ренланд вели дека Спасителот ја поставил основата за превод кога Тој рекол, „ Зашто, ќе се случи во тој ден, секој човек да ја слушне целосноста на евангелието на својот јазик, и на својот говор“ (Учење и Завети 90:11).
Првите пет преводи на Книгата на Мормон беа на европските јазици: дански во 1851; француски, велшки, германски и италјански во 1852.
Книгата на Мормон сведочи за Исус Христос
Светците од Подоцнежните Дни ја сметаат Книгата на Мормон придружна на Библијата, додавајќи уште едно сведоштво за Исус Христос. Нејзините учења ги вклучуваат Неговите зборови упатени до пророците кои живееле во библиско време, со запис за Неговата посета и учењата на народот кој живеел во американските земји по Неговото воскресение.
Во Книгата на Мормон, Исусовото име се споменува на секои 1.7 стихови, Неговата смрт и распнување се расправани 36 пати, воскреснието се спомува 88 пати, има 117 имиња за Христос во Книгата на Мормон, и 12.021 зборови кажани од Исус за време на неговата посета на американските земји.
Сегашните ветувања за Книгата на Мормон
Претседателот Расел М. Нелсон, Претседател на Црквата на Црквата денес, упати ветувања за заштита, вера и божествено водство за молитвено и редовно проучување на Книгата на Мормон. „Кога помислувам на Книгата на Мормон, мислам на зборот ‘моќ’“, забележа Претседателот Нелсон. „Вистините во Книгата на Мормон имаат моќ за исцелување, утеха, обновување, помош, зајакнување, сочувство и развеселување на нашите души“ (Претседателот Расел М. Нелсон, генерална конференција октомври 2017).