Гранд Бланк, Мичиген

Изјава за насилство во капела во Гранд Бланк, Мичиген

Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ја објави следната изјава за медиумите во недела, 28 септември 2025:

„Трагично насилство се случи денес во капела на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни во Гранд Бланк, Мичиген. За време на неделната богослужба, вооружен напаѓач започна да пука, а првичните извештаи покажуваат дека повеќе лица се повредени. Ги замолуваме сите за соработка со локалните власти додека се добиваат повеќе информации.

„Црквата е во постојана комуникација со локалните органи за спроведување на законот додека истрагата е во тек и додека пристигнуваат информации за здравствената состојба на засегнатите лица. Изразуваме искрена благодарност до службите за итна интервенција кои им пружаат поддршка на жртвите и нивните семејства.

„Длабоко сме благодарни за изразената молитвена поддршка и грижа од толку многу луѓе ширум светот. Во моменти на тага и неизвесност, наоѓаме сила и утеха преку нашата вера во Исус Христос. Местата за богослужба се предвидени да бидат светилишта на миротворство, молитва и поврзување. Се молиме за мир и исцелување за сите луѓе што беа таму.“

image