Далин Х. Оукс, Претседател на Кворумот на Дванаесетте апостоли на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, ја сподели следната порака на социјалните мрежи на Црквата во понеделник, 29 септември 2025.
„Нашите срца се во огромна тага. Милиони верници тагуваат за смртта на нашиот сакан Пророк и Претседател, Расел М. Нелсон. Тој беше драг пријател и насекаде почитуван водач. Неговите безвременски учења продолжуваат да нé водат и да ни помагаат да најдеме утеха среде страдањата, особено по неодамнешното насилство насочено кон членовите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни во Мичиген минатата недела.
„Ужасната трагедија што се случи во Гранд Бланк, Мичиген, на 28 септември, нé потсетува на нашите свети одговорности како следбеници на Исус Христос. Ние тагуваме со нашите членови кои ги загубиле саканите, и се приклучуваме на моливата за утеха со другите ширум светот кои доживеале слични трагедии. Сите ние бараме одговори и разбирање во пресрет на траумата, шокот и тагата. Благодарни сме им на сите кои нудат служба, молитви и зборови на поддршка во текот на ова тешко време.
„Нека сите ние се сетиме на вистината дека секој од нас е Божје чедо. Нашиот Спасител Исус Христос, преку Неговото бесконечно Помирување, ја надмина смртта и ни дава радосно уверување дека секој од нас ќе биде воскреснат во слава. Во името на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, го упатувам ова сочувство на семејството и пријателите на оние кои се погодени од оваа неодамнешна трагедија и на сите оние кои можеби доживеале загуба и на кои срцата им се скршени во овој момент“.