Франкфурт на Мајна 

Книгата на Мормон и СемејноПребарување привлекоа внимание на Саемот на Книга во Франкфурт 2024 год. 

На 16-20 октомври, Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни учествуваше на 2024 Frankfurter Buchmesse, или Франкфуртскиот Саем на Книга, најголемиот трговски саем во светот. На црковниот штанд посетителите имаа единствена можност да бидат вклучени во две различни иницијативи, да го испробаат ‘Експериментот со Книгата на Мормон’ и да ја истражуваат својата семејна историја преку СемејноПребарување

Експеримент со Книгата на Мормон 

„Ова е еден од најважните саеми на книгата во светот”, вели Старешина Рубен В. Алијад, претседател на Централно европската област на Црквата, „а ние ја имаме—според мое сопствено убедување, верба и надеж—една од најважните книги на светот: Книгата на Мормон“. 

Илјадници посетители учествуваа во ‘Експеримент со Книгата на Мормон’, каде беа поканети да прочитаат по случаен избор страница од светиот текст и да се навратат на заклучоците од прочитаното. Учесниците беа охрабрени да ги споделат своите впечатоци и лични чувства за стиховите што ги читаат, поттикнувајќи разговори за верата, светите писма и лично откровение. Многумина искажале чувства на мир, љубопитност и инспирација додека воспоставувале контакт со зборовите на древните пророци. 

Џеф Шијтс, професор по рекламирање на Брингам Јанг Универзитетот и иницијатор на ‘Експериментот со Книгата на Мормон’, размислува, „Секое лице целосно самостојно спознава дека Книгата на Мормон е уште едно сведоштво за Исус Христос, бидејќи ги прочитало зборовите, ги видело страниците и може да го сподели со нас она што го научило”. 

Во текот на конференцијата над 2500 луѓе се вклучиле во експериментот со Книгата на Мормон, каде беа поделени примероци на книгата на над 20 јазици. 

СемејноПребарување 

Заедно се ‘Експериментот со Книгата на Мормон’, Црквата ја претстави СемејноПребарување, бесплатната база на податоци и служба за семејна историја на интернет. По минатогодишното популарно прикажување, ова е втор пат СемејноПребарување да се претстави на Саемот на Книга. Присутните биле водени низ привлечните активности и почувствувале „непосредна радост“ за време на учеството, велие Торстен Кукс, Менаџер на СемејноПребарување за областа Централна Европа. „Кога луѓето ќе почнат да го создаваат своето сопствено семејно стебло, тие веднаш се поврзуваат со своите семејства. Тие едноставно го внесуваат своето име, потоа името на своите родители и гледаат како стеблото расте и сакаат да продолжат да го создаваат своето семејно стебло“  

Над 7000 посетители изразија задоволство поради можноста да ги поврзат своите претци со милиони записи што се веќе достапни во базата на податоци на СеменоПребарување. Тие имаа можност да ги зацртаат своите корени и да ги откријат семејните врски со минатите генерации. Апл-ата „Моето семејно Стебло” е преземена повеќе од 1000 пати и повеќе од 2500 нови имиња на претци се додадени на семејните стебла на корисниците. 

Зошто да им се понуди СемејноПребарување на 230 000 присутни посетители на саемот на кига? Старешина Алијад заклучува, „Причината не е да се создадат стебла, ниту да се работи на генеалогија. Туку да се поврзат луѓето. Ние сме дел од едно семејство“. 

Саемот на Книга во Франкфурт и обезбеди на Црквата идеална платформа за споделување на овие моќни алатки за духовен раст и поврзување. ‘Експериментот со Книгата на Мормон’ како и СемејноПребарување им овозможуваат на поединци да размислуваат за нивното лично духовно патување и да се вклучат во осмислени дискусии за верата, семејството и човековото доживување.