Порака на Обласното раководство 

Милосрдие, чистата Христова љубов 

Се чини дека нашиот свет е сé повеќе свртен кон себе, брз да осудува и еднакво брз да ги укорува и да ги напаѓа оние со различни мислења.

Elder Martin J. Turvey
Старешина Мартин Ј. Турвеј, Обединето Кралство Обласен Седумдесетти, Европа Северна Област

Исаија, пророкувајќи за мисијата на Спасителот Исус Христос, вели: ‘Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените и на затворениците-отворање на темницата. Да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог; да ги утешам сите оние што тагуваат⁠’.1 

Алма, откако избегал од свештениците на царот Ное, трнал сам да го проповеда евангелието. Оние кои му веруваа отидоа со него во водите на Мормон, каде што мнозина изразија желба да се крстат. Алма потоа објаснува што навистина значи да се биде следбеник на Исус Христос; ……да си ги носите товарите еден на друг, за да бидат лесни……. Да ги утешите оние на кои им е потребна утеха.2 

Овие слични пораки илустрираат дека нашето смртно искуство ќе донесе предизвици и главоболки за секој од нас, и дека имаме света одговорност да се грижиме еден за друг во овие времиња. 

Пред многу години, нашиот четиригодишен син беше вклучен во тешка несреќа далеку од дома. Кога закрепна доволно за да биде префрлен во локалната болница, на вратата најдовме писмо од една почитувана сестра од нашиот оддел во кое ни кажуваше кој ќе носи оброци во кои денови, кој ќе ни ги пере алиштата итн. Неколку дена подоцна, и мојата сопруга беше во болница пораѓајќи го нашиот најмлад син. Имајќи ја неа на едниот крај од болницата, нашиот син на другиот, и уште четири други деца за кои требаше да се грижам во текот на тие тешки шест недели оваа сестра која ги предвиде нашите потреби и ни ја понуди својата помош, беше многу ценета. 

Но што со оние моменти кога од нас се бара да ги сакаме и да се грижиме за оние што не ги познаваме, кои се поинакви од нас, кои можеби живеат на начин со кој не се согласуваме? Што е со оние кои можеби не изгледаат достојни за нашата помош? За вакви ситуации, Претседателот М. Расел Балард нé потсети: „Треба да ги прифаќаме Божјите чеда сочувствително и да отстраниме било какви предрасуди, вклучувајќи расизам сексизам и национализам“.3

Women supporting a friend who is going through a hard time

Неодамна на социјалните медиуми читав еден пост за некој локален политичар од другата страна на светот кој предвреме почина од рак. Некои коментари изразија искрено жалење, додека други, кои очигледно не се согласуваа со неговите политики, изразија помалку сочувствителни зборови. Потоа некој го напиша следното што мислам дека е многу значајно: „Ние немаме емпатија за луѓето поради тоа кои се. Имаме емпатија кон луѓето поради тоа кои сме ние самите. Ако ви недостасува емпатија, тоа зборува за вашиот карактер, не за нивниот“. Потребен е мудар совет. 

Се чини дека нашиот свет е сé повеќе свртен кон себе, брз да осудува и еднакво брз да ги укорува и да ги напаѓа оние со различни мислења. Сепак, кога го прашаа која е најважната заповед, Спасителот одговорил ‘Возљуби го Господа, својот Бог, со сето свое срце⁠, со сета своја душа, и со сиот свој разум. Ова е првата и најголемата заповед. А втората е слична на неа, Возљуби го својот ближен како себе си’. Иако тој ја нарекол втората заповед, тој исто така рекол дека таа е ‘слична на првата’.4 Старешина Вилијам Р. Братфорд од Седумдесетте еднаш рекол: „Од сите влијанија што ги тераат луѓето да носат погрешни одлуки, себичноста несомнено е најсилната. Каде што има себичност, Духот на Господ е отсутен“.5 

За оние кои навистина се стремат да го следат Исус Христос, за да бидеме вистински ученици можеби најосновната особина која мора да ја развиеме е да допираме до другите луѓе и да се грижиме за оние кои имаат потреби. Развивањето сочувство, или милосрдност, кон сите Божји чеда без оглед на тоа кои се, од каде доаѓаат или во што веруваат, ќе ни дозволи да стоиме со самодоверба пред Бога.6 

За да сите ние настојуваме да ги развиеме овие особини, да се грижиме за оние кои имаат потреби и секогаш да се однесуваме со милост, понизност и љубезност кон сите Божји чеда. 

 

  1. Исаија 61:1-2 

  1. Мосија 18:8-9 

  1. M. Russell Ballard “The Trek Continues! General Conference October 2017 

  1. Матеј 22:37-39 

  1. Elder William R. Bradford BYU Speeches 3rd June 2003 

  1. Учењата и Заветите 121:45