Во Септември 2010, Расел М. Нелсон понуди историска молитва на Планината Водно која е над Скопје, главниот град на Република Македонија. Старешина Нелсон, тогашен член на Кворумот на Дванаесетте Апостоли, дојде во Северна Македонија за формално да ја освети земјата за проповедање на евангелието на Исус Христос.
Денес, речиси 15 години подоцна, Претседате Нелсон ја води светски распространетата црква и е пророк и мисионерската работа се движи напред со неодамнешната објава на Книгата на Мормон на Македонски јазик.
„Сега е почетокот на новата зора за народот на Македонија,“ Старешина Нелсон кажа во неговата молитва, одразувајќи се на независноста на земјата од Југославија. „Благослови ги со мир и со просперитет, со отворени умови кон вистината и знаењето за вечна значајаност, дури и евангелието на Твојот Возљубен Син, Исус Христос.“

Четворица мисионери во Северна Македонија ги отворија кутиите кои содржат нови Книги на Мормон на Македонски јазик. Од лево кон десно: Старешина Џејк Линдзи, Старшина Кларк Меккивен, Старешина Т.Ј. Адамсон, Старешина Итан Џефри


Старешина Џефри (лево) и Старешина Џејк Линдзи (десно) му даваат на Елмаз Ариф (во средина) негова лична копија од новата Книга на Мормон на негов мајчин јазик.


Старешина Т.Ј. Адамсон дава нова Книга на Мормон на градскиот плоштад во Скопје.


Претседател Мајкл Аурас и Сестра Јохана Аурас, мисионерски лидери во Албанија Тирана Мисија, се придружуваат на други мисионери на градскиот плоштад во Скопје да дистрибуираат нови примероци од Книгата на Мормон.


Елмаз Ариф не може да дочека да сподели Македонска Книга на Мормон со негови пријатели кои сега може да ја читаат на нивни мајчин јазик.


Завршеток на нова Македонска Книга на Мормон


Завршеток на страници на Книгата на Мормон на Македонски јазик (покажува во 2 Нефи 4)

Во Мај 2024, четворица млади мисионери служејќи во Скопје желно ги отворија кутиите кои си содржат првите принтани примероци од Книгата на Мормон на Македонски јазик. Тие беа желни да споделат нови книги со членовите во нивната гранка кои беа трпеливо чекале за овој ден да пристигне.
„Членовите беа пресреќни да добијат сопствена физичка копија од книгата на нивниот мајчин јазик,“ кажа Старешина Итан Џефри од Австралија, кој служеше како претседател на мала гранка во Скопје во тек на повеќе од половина од мисијата. „Проучувањето на светите писма е длабоко лично и духовно збогатувачко искуство, кое е помоќно со бенефитот на мајчиниот јазик. Членовите прокоментираа дека се чувствуваше како Бог да им говореше директно на нив.“
Еден од првите да добие лично своја копија беше Елмаз Ариф, 64, од Скопје. Тој прв ги запозна мисионерите во Март 2011 и беше крстен неколку месеци подоцна. Тогаш, мисионерите ја немаа Книгата на Мормон на неговиот мајчин јазик за да напишат пасуси од Светото писмо на хартија за да ги споделат со оние што ги поучувале. Понекогаш тие споделуваа свети писма на слични јазици кои се мајчини на оние кои живеат во соседните Балкански земји во југоисточна Европа.
„Книгата на Мормон на Македонски многу ми значи на мене, мојата заедница, и на народот на Македонија,“ кажа брат Ариф. „Секогаш правевме нешта на Хрватски, Српски и Албански. Беше мачење за да имаме свој идентитет, но сега конечно го имаме на свој јазик.”
Пред неколку месеци, дигитална Книга на Мормон беше достапна на Македонски јазик во апликацијата Евангелска Библиотека, но промени мораше да бидат направени пред нејзиното официјално принтање. Се до Мај, никој немаше лична копија од испечатената Книга на Мормон да држи во нивните раце.
Преведувањето на Книгата на Мормон на друг јазик е одговорност на црковниот Оддел за Свети Материјали. Ерик Андерсон ја презема главната улога за Македонскиот преведувачки проект. Помогна фактот што тој беше живеел и служел во Македонија како млад мисионер лично.
Брат Андерсон ги известуваше лидерите на мисијата за напредокот на проектот. Лидерите на мисијата потоа ги информираа младите мисионери, секогаш со охрабрувајќи молитви за денот што конечно дојде во Мај.
„Неговото срце беше страствено и навистина насочено во неговото лидерство и дело да го донесе светото писмо на нациите на светот на нивниот сопствен јазик,“ кажа Сестра Керол Бурдон која служеше заедно со нејзиниот сопруг Пол како лидери на Јужно Јадранската Мисија од 2020 до 2023. Мисијата ги вклучуваше Северна Македонија, исто и Косово, Албанија, Грчка, и Кипар.
Како што мисионерски лидери, Бурдонови се сеќаваат кога присуствуваа во малата гранка во Скопје за повремени крштавања и црковна служба. Една Недела тие учествуваа во Неделно Училиште на час кој секогаш ќе го паметат.
„Часот беше даден за да се прегледа преведувачкото дело,“ таа кажа. „На големото платно беше преводот на 2 Нефи глава 4. Членовите сите добија по една анкета да ја пополнат за прецизноста, и најважно, чувството за превод.“
Сестра Бурдон кажа дека преводот требаше да биде и доктрински прецизен и да го пренесува духот, „па имаше многу повеке одколку обичен превод збор по збор.“ Членови и мисионери беа охрабрени да коментираат, и на овој начин, тоа стана витален дел од донесување на најдобрата можна верзија на Книгата на Мормон во Македонија, таа објасни.
За време на процесот на преведување, Брат Андерсон го сподели искуството на 15 годишна девојка од Србија.
„Таа ја прочита Книгата на Мормон на Хрватски, веруваше и се крсти,“ тој кажа. „Но кога ја прочита на Српски, таа ни кажа дека тогаш го почувствувала Духот и навистина го сватила значењето. Имајќи ја на јазикот на вашето срце навистина ја прави сета разлика.“
Во Јуни 2023, Бурдонови се подготвуваа да заминат дома на крајот на нивната мисија, проектот се доближуваше до крајот. Брат Андерсон им кажа дека тимот ја комплетираше проверката за додавање цртички и ќе ја подготвува книгата за продукција. Следните неколку месеци вклучуваа подготвување на слики за продукција, создавајќи докази спремни за печатење и дека ќе се подготвува книгата за продукција. Следните неколку месеци вклучуваа подготовка на слики за продукција, создавање на докази спремни за печатење, и тогаш ќе се упати кон печатот за печатење.
Најпосле во Мај 2024, Претседател Мајкл Аурас од Албанија Тирана Мисијата ги доби вестите кои мисионерите и членовите ги чекаа. (Во Јули 2023, мисионерските граници се променија со новата Албанија Тирана Мисија организирана да ги вклучи Албанија, Косово и Северна Македонија.)
„Книгата на Мормон на македонски јазик пристигна!“ Претседател Аурас им напиша на сите мисионери на Мај 16. „Јас седам во мојата канцеларија и имам малку солзи во очите, чувствувајќи благодарност и возбуда за тоа што следи. Спасителот ќе зборува со поголема јаснотија на народот на Македонија, додека ние го правиме нашиот дел како мисионери и го објавуваме Неговото евангелие. Понатаму, и тоа Понатаму! Напред и Нагоре!“
Претседател и Сестра Аурас наскоро поканија други целовремени мисионери од Албанија и Косово да им се придружат на три дена во Скопје за специјален проект да им помогнат да ја споделат добрата вест за објавувњето на Книгата на Мормон. Младите мисионери поминаа дел од зонската конференција давајќи нови книги на луѓе кои ги среќаваа на улиците и на градскиот плоштад. Старешините во Скопје веќе дадоа околу 50 книги на народ кои ги поучуваа и други, но дополнителната помош резултираше со дистрибуирање на други 80 книги во наредните три дена, Мај 27-29.
Брат Ариф, кој служеше пет години како претседател на гранката во Скопје, е возбуден со делото на сите млади мисионери во неговата возљубена земја.
„Јас запознав многу мисионери овде во Скопје откако сум член на црквата,“ тој кажа. „Тие се навистина неверојатни, искрени, и чесни додека го практикуваат евангелието на Исус Христос и покажуваат Негова љубов на народот овде. И сега, со Книгата на Мормон на Македонски, тие ќе помогнат на црквата на порасне.“