Од 26 јули до 2 август 2025, педесет млади возрасни лица од цела Европа се собраа во близина на Велико Трново Бугарија, да служат во училиштето за социјално обесправени деца. Еднонеделниот настан, организиран од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, го одбележа почетокот на четирифазното реновирање и уредување на надворешниот простор во училиштето за уметност и занаети „Димитар Екимов“ во блиското село Русалија.
Учесниците допатуваа од земји како што се Австрија, Романија, Чешка, Германија, Италија, Шпанија, Швајцарија, Романија, Англија и Франција.
Конференцијата формално започна со богослужба во неделата на 27 јули, една презентација покрај училиштето, и вечер осмислена да им помогне на учесниците да се поврзат. Настанот беше воден од Старешина и Сестра Бејли, полновремени постари мисионери на Црквата, поддржани од млади возрасни водачи и други мисионерски двојки. Три локални млади возрасни лица од Софија исто така се приклучија, помагајќи да се воспостават локални врски.
Секој ден од неделата, учесниците работеа од 9 часот наутро до 5 часот попладне за да го исчистат плевелот, грмушките, испреплетените дрвја и карпите—преобразувајќи ги обраснатите терени во идни терени за игра за децата од училиштето. Паузите за ручек и интеракцијата со децата овозможија моменти на радост.
Петочната полудневна работа заврши со динамична прослава на културата. Волонтери и ученици танцуваа на музика од целиот свет, која кулминираше во обединувачка и радосна изведба на традиционалните бугарски фолк песни. Атмосферата беше исполнета со единство и радост.
Покрај физичкото зајакнување, за многу учесници ова искуство имаше длабоко значење. Александар Стојанов од Софија сподели: „Никогаш не сум се чувствувал толку задоволно од мојата работа, како што се чувствував додека им служев на овие луѓе“. Кенија, млада возрасна девојка од Шпанија која потекнува од Перу, ја искажа својата среќа, едноставно со: „Многу добро“, кажа таа со светла насмевка. Ејмер Аллот од Англија размислуваше: „Одржавме неколку говори на духовните молитвени сесии....на кои се говореше за тоа како првата работа што Исус ја направил е службата. Духот на Бога што тука го почувствувавме значи дека луѓето се пољубезни еден кон друг“.
Анамари Димитрова, сопственик на училиште, топло и заблагодари на групата: „Ви благодариме од срце. „Ние сме вашите многу добри пријатели и ве сакаме“. Нејзините зборови беа одраз на длабоките врски кои ги формиравме во текот на неделата.










Децата и волонтерите се смееја, танцуваа, се гушкаа во текот на нивното последно попладне—емоционална раздела што ја покажа взаемната љубов и почит изградена преку служба.
Заменик градоначалникот Ѓорѓи Недев, кој од почеток го поддржа овој прокет, нé посети многупати. Откако присуствуваше на презентација во четврток вечерта, која вклучуваше предавања и сведоштва, тој рече дека го почувствувал „чувството на топлина и споделување на љубов“.
Водачот на Црквата во Бугарија, Претседателот на округ Николај Данев, зборуваше за време на настанот за важноста на служењето, цитирајќи ја Исусовата заповед да „Се сака Бога и ближниот“. Теон Григоров, локален раководител на проектот, призна дека на почетокот бил исплашен од обемот на работата, но додаде: „Беше полесно поради подготвеноста на луѓето [на конференцијата] кои беа толку волни да помогнат“.
Кристијан Отикер, раководител на Одделот за Служби за Самостојност и Благосостојба на Централно европската област, ја истакна визијата на Црквата за тоа како да се градат заедници фокусирајќи се на поединецот.
Сестра Шерон Јубанк, раководител на Хуманитарните служби на Црквата, често ги потсетуваше членовите да „се поврзуваат во добрина со луѓето околу нив“. Оваа конференција го отелотвори тој идеал, докажувајќи дека кога луѓето од верата се здружуваат за да служат, животите и заедниците се менуваат.