17 Aприл 2026 - СОЛТ ЛЕЈК СИТИ Објавена вест

Млади ширум светот се поканети да се подготват за новата наставна програма

image
Ажурираниот водич „За силата на младите' (FSY) содржи 12 поглавја — по едно за секој месец од годината — секое фокусирано на доктрината, принципите и примена во реалниот живот. 2026 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved.

По неодамнешната 30 мартовска најава со која се опишуваат прилагодувања на неделните средби и наставна програма за млади, Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ги кани младите, родителите и водачите да започнат да се подготвуваат веднаш за промените кои ќе стапат на сила на 6 септември 2026 година.

Во центарот на овие прилагодувања е ажурираниот „За силата на младите: Водич за носење одлуки” — ресурс базиран на принципи, насочен кон Христос, кој ќе стане наставна програма за часовите за Млади Жени и Кворумите на Ароново Свештенство почнувајќи од оваа есен.

Црковните водачи нагласија дека овие промени се осмислени да ги зајакнат младите во нивното учеништво, да го продлабочат учењето на евангелието дома и да изградат единство додека младите луѓе ширум целиот свет заедно ги проучуваат истите принципи.

Месечна наставна програма базирана на принципи наменета за младите

Ажурираниот водич „За силата на младите” (FSY) содржи 12 поглавја — по едно за секој месец од годината — секое фокусирано на доктрината, принципите и примената во реалниот живот. Почнувајќи од 6 септември, часовите и кворумите ќе проучуваат по едно поглавје месечно, учејќи како да прават избори ставајќи го Спасителот Исус Христос во центарот на нивните животи.

Младите се канат да го прочитаат целиот водич пред 6-ти септември, да се запознаат со неговите учења и да научат како да го користат како доживотен ресурс за учеништво и одлучување.

Посакуваните резултати за младите луѓе кои го изучуваат овој водич се следните:

  1. Да станат доживотни ученици на Исус Христос со цврсто разбирање за Неговото евангелие.
  2. Да бидат подготвени за обдарување преку стекнување подлабоко разбирање на свештенските обреди и заветните ветувања.
  3. Да бидат подготвени за мисија, со желба да му служат на Господа.
  4. Да бидат фокусирани на нивното идно семејство, со познавање дека бракот помеѓу некој маж и жена е поставен од Бога и дека семејството е во фокусот на планот на Отецот.
  5. Да знаат дека Исус Христос е нивниот извор за сила.

Водичот сега е достапен во колекцијата „Млади” од Евангелска Библиотека, а печатени примероци се дистрибуираат до одделите ширум светот.

 

Читајте заедно: По едно поглавје неделно почнувајќи од 3 мај

Почнувајќи од 3 мај, 2026, „За силата на младите” (поранешно „Strive to Be”(„Се стремам да бидам“)) ќе понудат глобално читање. Младите, нивните семејства, и водачите се канат да прочитаат по едно поглавје неделно, со што заеднички ќе се подготвуваат за претстојната наставна програма.

Неделните објави ќе вклучуваат:

  •  Покани за читање

  •  Сознанија и сведоштва од други млади луѓе

  •  Применливи идеи што ќе им помагнат на младите луѓе да дејствуваат според наученото

Следете ги каналите на социјални медиуми за млади на Црквата

 

image
Kaналите на црковните социјални медиуми фокусирани на младите — претходно познати како Strive to Be — сега се преименувани во For the Strength of Youth (@forstrengthofyouth). 2026 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved

Kaналите на црковните социјални медиуми фокусирани на младите — порано познати како Strive to Be — сега се преименувани во For the Strength of Youth (@forstrengthofyouth).

Овие канали нудат:

  • Возвишувачки пораки фокусирани на Христос што им помагаат на младите луѓе да ја зајакнат верата и да ја почувствуваат љубовта на Спасителот во нивниот секојдневен живот

  •  Позитивна инспиративна содржина за да ја зајакнат самодовербата, чувството на припадност и учеништвото во една поттикнувачка интернет заедница

  •  Глобални погледи на светот упатени од младите луѓе и водачите, што им помагаат на младите мажи и жени да се чувствуваат поврзани со другите следбеници на Исус Христос низ целиот свет

Родителите, водачите и младите луѓе се канат исто така да ги следат:

  • Глобалната организација Млади Жени (@youngwomenworldwide на Facebook и Instagram)

  •  Глобалната организација Млади Мажи (@youngmenworldwide_ на Facebook и Instagram)

Младинска дискусија на 30 август 2026

За да ги подготви младите луѓе и нивните семејства за новата наставна програма, Црквата ја одреди недела, 30 август 2026, петата недела од овој месец, како глобален ден за дискусија за млади.

На тој ден:

  •  младите луѓе,

  •  нивните родители,

  •  водачите за млади, и

  •  Деца од Основно кои ќе наполнат 12 години во 2027 година

се поканети да се соберат во своите оддели и гранки за да ги гледаат поучните видео записи обезбедени од Црквата по што ќе следи локална дискусија.

На оваа специјална петто-неделна средба ќе биде претставена новата наставна програма, ќе се прикаже како ефикасно да се користи водичот и ќе се понудат практични упатства за младите луѓе да можат целосно да учествуваат на неделните часови почнувајќи од 6 септември.

„Целта на ажурираниот водич FSY е да им помогне на младите луѓе да ги добијат алатките што им се потребни за да станат доживотни ученици на Исус Христос“, вели Eмили Бел Фриман, Претседател на Генералната организација Млади Жени. „Со учење да ги проучуваат, применуваат и живеат принципите содржани во овој водич, младите жени и младите мажи природно ќе наликуваат што повеќе на Христос.“

Списанието „За силата на младите“: Неопходно за неделните лекции

 

image

Почнувајќи од септември 2026, материјалите од наставната програма кои ги надополнуваат неделните часови за Млади Жени и средбите на Кворумот на Ароново Свештенство ќе се печатат на задната страна од секое издание на списанието „За силата на младите“.

За да се обезбеди домаќинствата да ги добиваат овие материјали, младите, родителите и водачите се поттикнуваат да се претплатат, бесплатно, што е можно побрзо на: magazines.ChurchofJesusChrist.org

Списанието исто така нуди сведоштва, примери и приказни што им помагаат на младите луѓе да ги применуваат евангелските принципи во секојдневниот живот. Дигитални примероци од секое издание ќе бидат достапни во Евангелската библиотека на десеттиот ден од претходниот месец. За ексклузивна можност да се види септемвриската наставна програма, кликнете тука.

Подготовка за учење, дејствување и личен раст

 

image
Оние кои сакаат да го проучат водичот FSY пред 6 септември можат да го искористат планот за проучување достапен преку апл Евангелска Библиотека. 2026 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved.

Оние кои сакаат да го проучат водичот пред 6 септември можат да го користат планот за учење достапен преку апл Евангелска Библиотека. Овој план им овозможува на корисниците да ги следат прочитаните поглавја, да поставуваат известувања во апл и да го преслушаат секое поглавје, што автоматски ќе го означи читањето за таа недела како завршено.

„Доживотното учеништво започнува со секојдневно учење”, вели Tимоти Л. Фарни, Генерален Претседател на Млади Мажи. „Додека гледаме напред кон септември 2026 година, ајде да започнеме уште денес да го проучуваме водичот FSY и неговите придружни стихови преку молитва. Додека чекорите со Него, ќе откриете дека Исус Христос е вашата сила. Дозволете Му да биде вашиот водич во секој избор што го правите.'

Повеќе информации и ресурси ќе продолжат да бидат споделувани како што наближува септември.