Јавната погребна церемонија за Претседателот Нелсон, вклучувајќи гледање за јавност, ќе биде одржана во неделата по октомвриската генерална конференција, која ќе продолжи според утврдениот распоред. Сите се поканети да ги слушнат зборовите на Бога преку Неговите Апостоли и црковни водачи во текот на петте сесиии на 4 и 5 октомври кога и ќе се емитува генералната конференција насекаде низ светот.
6 октомври: Јавно гледање
- Посетителите од сите возрасти се поканети на јавно гледање во понеделник 6 октомври од 9 часот наутро до 18 часот попладне во Конференцискиот центар во Солт Лејк Сити.
7 октомври: Јавни погребни процесии
- Погребот ќе биде одржан во Конференцискиот центар на храмскиот плоштад во вторник 7 октомври 2025 во 12 часот според планинско летно време или 20:00 средноевропско време. Погребот ќе биде отворен за јавност, за сите на возраст од 8 години и постари. Ќе бидат потребни билети кои ќе бидат понудени на интернет во четврток 2 октормври, во 10 часот. Просториите ќе бидат отворени во 10.30 часот. Оние кои присуствуваат на поглебните процесии мора да бидат на своите места не подоцна од 11:30 часот. Црковните канцеларии во кампусот на храмскиот плоштад ќе бидат затворени од 11:00 часот до 15:00 часот. Процесиите ќе бидат емитувани за целиот свет на ChurchofJesusChrist.org, YouTube, BYUtv и KSL почнувајќи од 12:00 часот според планинско летно време или 20:00 часот средноевропско време. Повеќе детали за тоа на колку јазици ќе биде најавувано ќе бидат дадени подоцна.
Претседателот Нелсон почина од предизвикан инцидент со возраста на 27 септември 2025, во својот во Солт Лејк Сити на возраст од 101 година. Прочитајте нешто повеќе за неговиот живот.) Тој беше 17-тиот претседател во 195 годишната историја на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни и служеше како нејзин претседател од 14 јануари 2018 година.
Закопот ќе биде затворен на јавноста и ќе се случува по погребот.
Изрази на сочувство може да се објават на Фејсбук и Инстаграм страниците на Претседателот Нелсон или да се испратат на следната е-пошта sendcondolences@ChurchofJesusChrist.org.
Наместо цвеќиња, прилози може да се дадат во Фондот за Хуманитарна помош што им помага на луѓето кога имаат потреби, или во црковниот генерален мисионерски фонд.