Почнувајќи од 1-ви август 2024 год., Старешина Рубен В. Алијауд ја започнува својата служба Како новиот Претседател на Централно Европската Област на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Старешина Џек Н. Џерард служи како прв советник а Старешина Џејмс В. МекКонкие III како втор советник.
„Да се служи тука во Европа, за мене и за мојата сопруга Фабијана е огромна привилегија и посебен благослов“ вели Старешина Алијауд. „Доаѓам од земја каде обновеното Евангелие на Исус Христос се прошири на прекрасни начини. Црквата која го доживува својот процут во овој момент во Јужна Америка има свое потекло од германските имигранти кои се доселиле во Аргентина во 1923 год, а подоцна и во Бразил“, продолжува тој. „За она што го имаме денес во Јужна Америка во голема мера и должиме на Црквата во Европа. Во моментот, ние живееме во Европа како дел од исполнувањето на визијата и пророштвата содржани во Јаков 5. Ние навистина живееме во време на кастрење и калемење; време на радосен раст“, заклучува тој.
Старешина Алијауд служи во Европа од 2021 год., најнапред во Претседателството на Европската Област а потоа, од формирањето на новата област во 2022 год., во Претседателството на Централната Европска Област. Роден е во Буенос Аирес, Аргентина на 8-ми јануари 1966 год. и е во брак со Фабијана Бенет Ламас од 1992 год. Тие се родители на шест деца.
Старешина Џерард служи во Претседателството на Централно Европската Област од 2023 год.
„Да се слижи во Централна Европа е света привилегија“, вели тој. „Мојата сопруга и јас трагаме по нашите претци од областа. Нашите претци бараа духовно просветлување и емигрираа во Соединетите Држави каде што се залагале за верска слобода уште пред да почне обновувањето. Чувствуваме дека се вративме за да продолжиме со собирот за кој тие самите ја поставиле основата пред многу години. Понизна радост е да се биде дел од делото на светците од подоцнежните дни“, заклучува тој.
Старешина Џерард е роден во Ајдахо Фалс во државата Ајдахо, САД, на 15-ти декември 1957 год. Се оженил со Клодет Неф во 1984 год и родители се на осум деца.
Старешина Џејмс В. МекКонки III е роден во Солт Лејк Сити во Јута, САД на 27-ми август оженил со Лаурел Спрингер во 1995 год. Родители се на четири деца.
„Лаурел и јас сме воодушевени што сме повторно ‘вброени меѓу народот на Христовата црква’ (Морони 6:4) во Централна Европа”, вели Старешина МекКонки. „Овде постои длабока и трајна вера помеѓу Светците. Како семејство, бевме духовно нахранети и богато благословени од овој факт додека служевме со светците од Чешка и Словачка. Сега со нетрпение очекуваме да се сретнеме, да се молиме и да учиме од сите наши сестри, браќа и пријатели ширум Европа“, заклучува тој.
Старешина МекКонки ја започнува својата служба во Претседателството на Централно Европската Област на 1-ви август. Пред да биде повикан како член на Генерално Овластените Седумдесетмина, тој и неговата сопруга служеа во Европа како Водачи на Мисија на Чешко/Словачката Мисија од 2013 до 2016 год. Тој има служено како полновремен млад мисионер во истата таа мисија, потоа повикан во Чехословачката Мисијата во Прага.
Обласните Претседателства се назначуваат од Првото Претседателство и работат под раководство на Кворумот на Дванаесетте Апостоли. Вообичаено живеат во областа каде што и служат и често патуваат во рамките на таа област за да ги подучуваат и поддржуваат членовите на Црквата, мисионерите, водачите и претседателствата на храмовите и матроните. Тие се уникатно позиционирани за да помогнат да се изгради Црквата и да им дадат вреден совет и да раководат со членовите на Црквата ширум светот.